1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разделба за повторна средба!

Дискусија во 'Разделби' започната од Singlegirl, 18 февруари 2011.

  1. Singlegirl

    Singlegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Со момчето имав врска од една година. Но нашата врска не беше дозволена од моите родители па моравме да се гледаме тајно. Тоа беше невозможно бидејки и така повторно имавме проблеми.. Се разделивме, но навистина ни беше тешко и на двајцата. Тој сакајќи да ме заборави замина со друга девојка со која сега има подолга врска. Бидејќи не можевме понатака, сватив дека можеби таа е вистинската девојка со која може да биде среќен и пробав да го заобравам. Не контактиравме никако, се додека пред некој ден не ми напиша дека сака да се сретне со мене и да разговараме. Не можев да сфатам за што се работи, и не сакав да одам на средбата, но сепак по големи убедувања заминав. И навистина бев изненадена. Кога пристигнав неговите први зборови што ми ги кажа беа : Малечка се потрудив но неможам да те забораваам, сфатив дека ако не сум со тебе, со никоја друга нема да можам да ја делам среќата. Бев зачудена, не го очекував тоа од него, и само му одговорив дека помина време и дека јас се сменив а тој сеуште не. А тој ми рече дека иако има девојка не може да ме заборави, и дека сака повторно да биде со мене, и е спремен да ја остави неа, за да ми се врати. Во тој момент без збор си заминав, но тој ме фати за рака и ми рече те молам размисли, ти си личноста со која што сакам да бидам.. јас останав без глас.. а тој ми рече Те Сакам Малечка те молам врати ми се.. !!
    Ве молам помогнете што треба да направам и дали да му се вратам...?? :worried:
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    А зошто твоите родители не дозволуваа да сте заедно? Колку време бевте разделени?
     
  3. Singlegirl

    Singlegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Тие мислат дека тој не е оној вистинскиот за мене а тоа е сето само измислица, бидејки тој не само по мое мислење туку и на други беше момче што ми одговара. А разделени сме 6 месеци.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.519
    Си го зафилува сега ептен,онака баш,како за пред другарки.Ептен роматично.
    Имаш 16 години,драмата е нормална ствар,инаку нема да биде интересно за раскажување.Туку арно ти викаат твоите,глеј си младост лудост.
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Мора да има некоја причина што твоите не го сакаат, не може тоа туку така, едноставно не е за тебе и ајт, не може да сте заедно, па дури и да дојде до моментот да се криете... па не можете да се докриете и на крај се разделувате. Затоа што тој не бил за тебе? :^)

    Како и да е, најпрво треба да си одговориш самата на некои прашања - дали ОВОЈ ПАТ твоите дома ќе го прифатат, дали ги имаш истите чувства кон него, дали веруваш дека и тој ги има истите чувства кон тебе... Ама најбитно - дали твоите ќе го прифатат, значи без криење и слични работи... Оти колку што си се изјаснила тие биле причина за вашата разделба.
    Ако ги разграничеш овие работи, и си цврсто убедена во своите одговори, без разлика какви ќе бидат... тогаш ќе го знаеш одговорот. ;)

    ах, ах... па ти си имала 16 години :^) Дечково колкав е?
    И ако си веќе разделена, ако ти замрело тоа внатре, остај го не го разгорувај... ;)
     
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Родителите се тие што секогаш им мислат добро на своите деца, но според мене во случајов доколку го сакаш дечково биди со него се до моментот кога осеќаш дека ти е ок. Не се родителите тие што ќе бидат со него туку ти. И сигурна сум дека твоите родители може и не го познаваат доволно за да кажат дали е добар или не (или пак има некоја причина за тоа што не ти дозволуваат да си со него :?: тоа ти најдобро си знаеш). Јас ќе ти го кажам мојот случај, кога се фатив со дечко ми татко ми беше против нашата врска но мене тоа искрено не ми беше воопшто важно бидејќи тој воопшто немаше аргумент за тоа дали е лош дечко ми или било што слично. Со дечко ми сум веќе 7 години а и татко ми го прифати и се функционира супер. Според мене причината за револтот на татко ми беше тоа што тој ме сметаше уште за мала (имав 16 год.) и ми викаше дечко после факултет :lol: :lol:
    Можеби и твоите неможат да прифатат дека ќерка им има дечко ако се старомодни ко тато (дечко после факултет бе :lol: :lol: )
    Поздрав и не се замарај толку со ситуацијата се што дојде спонтано и случајно поубаво е (Јас не ни помислував дека ќе имам врска од 7 години ама едноставно се случи)
     
    На Singlegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сигурно има некоја добра причина зошто твоите не го сакаат. И друго што не ми се допадна: Бев со друга а мислев на тебе, или уште нешто ако одлучиш да ми се вратиш, ќе раскинам со девојката ако не демек ќе останам со нејзе. Или ти е до годините или до паметот. И јас имав 15 години некогаш ( без навреда ) ама знаев да проценам што е добро а што не. Слушај си ги мама и тато, тие ти се најбитни. Се додека ги слушаш нив ќе редиш успеси, иначе паѓаш во бездна, со вакво филмање.