Разделба поради неговите лаги

Дискусија во 'Разделби' започната од vikitalevska, 24 март 2010.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Целосно се сложувам со пеперутка90 еве еден пр имам другарка чии родители се разведени ,три деца се а тој има др жена (немаат деца што е мн олеснителна околност)Тој е на возраст околу 50 год значи мн блиску до твојот партнер и што да ти кажам ако решиш да останеш со него....Уште од сега полудуваш на неговите контакти со жена му а тек што би те чекало...Таткото на другарка ми е целосно посветен на нив од внимание до финансии со лјубов до грижа и контактира со мајката на децава фулл тиме значи нема бегање тој има обврска за цел живот која ќе го поврзува и со жена му ,ако сега реагираш така бурно на неговите контакти со бившата жена спреми се за пекол...Ќе бидеш ти ,он, неговите три деца и жена му без никој ни помалку ни повеќе.....А уште ќе се менуваш ќе размислуваш поинаку за неколку години ...и не би си простила за таа одлука .....затоа подалеку од него кога веќе не е ни искрен со тебе!
     
  2. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    94
    Секој има право на избор.Тоа е се ок.Но мора да се размисли многу добро пред да се влезе во се и сешто во животот.На пример во конкретниот случај неговите деца никогаш нема да бидат твои деца никогаш па затоа ќе сакаш да имаш твои деца со него со што би имале нешто заедничко во животот.Вториот проблем е што он е накај 50 години и дали он ќе чека матурско на вашето дете на 70 години ,факултет на 75-6 години и свадба на 82 години.Кај ќе му се внуците и ред други работи.Така да со него сигурно не планирај дека ќе оформиш семејство.Сигурно.А ти ако сакаш да имаш потомство и деца ете ти ја првата најсериозна пречка.Втората најсериозна пречка ќе ти е што тоа кога ти ќе бидеш сексуално најзрела,најсекси и кога ќе имаш потреба од секс и ред други работи дали тој ќе е способен на 70 години да ти пружи сексуално задоволство или да има секс кога 100% ќе е импотентен,ќе нема никаква желба за секс кога се знае дека со годините опаѓа и сексуалната активност,желба на мажите.Самата потреба,желба,природа ќе те натера да бараш вонбрачен сексуален партнер(швалер) кој ќе те задоволува на одредени периоди.Ти кога ќе бидеш убава зрела жена тој за тебе ќе биде само еден обичен дедо ништо повеќе и ништо помалку.Тоа ти е исто ко 23 годишно моче да планира брак со 48 годишна.И што она ќе земе у 50 години да му раѓа деца и да му ги чува.Земи фати си некој нормален дечко на твој возраст и живеј младешки,дружи се и размислувај младешки зашто потоа ќе се каеш.
     
    На anu666ka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.550
    Допаѓања:
    99.610
    Eх ете ти...и јас да се согласам со момчево над мене веќе еднаш! :lol:
     
  4. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    46
    стварно ситуацијата е неподнослива ти сигурно си мнооогу трпелива штом си трпела три години некој да те лаже пробај да го заборавиш и знај некој што е женет и има деца друга жена е само вишок и никогаш нема да му значиш главата горе и само напред ти си млада и можеш многу работи да направиш во животот и не дозволувај некој да прави будала од тебе
     
  5. Ledena

    Ledena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Драга Вики твојата ситуација е неподнослива точно.Можеби јас сум мала и неискусна но можам да ти кажам дека не си должна да го трпиш ти ова.Зошто ние женските не сме створени за такви лажговци и манипулатори да не поседуваат. Ти имаш енос 23 год енос имаш да уживаш уште време за да дојдеш до брак или да се врзеш за таков човек со 3 деца. Погоренаведените коментари се точни , ако продолжиш со него кога-тогаш целиот негов несреден живот ќе ти се качи на глава и само од проблем во проблем ке упаѓаш.подобро реши си самата со себе дека не смееш да продолжиш со него зошто тој не е за тебе. Во една врска не е важно само да се сакате туку треба да имате разбирање да нема лаги и сл.3 години не се малце , не разбирам, но доколку продолжиш годините ќе се множат со тоа и проблемите и ќе се замараш со такви работи на твои млади години.Затоа сега фокусирај се да си најдеш некој што ке те цени , сака и нема да те лаже и повеќе немада плачеш и тагуваш по него и да го мислиш со кого спие под исти покрив.Уживај, не ти дојдел редот да се тревожиш со такви проблеми !! ;)
     
  6. purpurna

    purpurna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    29
    Вики знам дека лубовта е слепа и дека год не се битни но во твојот слуцај треба да го слусас разумот а не срцето . Го делам мислејнето со останатите на форумот сто и да писам друго би било сувисно би те советувала да се вреднувас повеке самата .Јас сум мазена па кога би се разведила нема да барам некој со деца него некој кој целосно би ми се посветил мене прости сто се правиме сите попаметни од тебе.
     
  7. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    Вики, не ти треба тебе совет од други, мада можам да кажам дека горе-доле мислењата на другите се само најдобронамерни. Многу си млада, животот е пред тебе...
    Ти си доволно возрасна и паметна и ти веќе си постапила како што си мислела дека треба, знам дека е болно ама не се навраќај веќе на тоа, памети ги убавите спомени а лошото свати го како лекција за понатаму. Ако си цврсто решена дека тоа е крај верувај дека нема потреба од јавување или пишување на СМС-пораки што дополнително би те вознемирувало и расажувало повеќе.
    Јас мислам дека нема потреба да го повредуваш со некои погрдни зборови, реченици, фрази, едноставно-најголема навреда или казна за него би било да те види со дигната глава ГОРДА а уште повеќе па кога би те видел СРЕЌНА.
    Само напред :!:
     
    На anu666ka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.314
    izvini viki,ama kako sto zabelezav od tvoite odgovori, ti uste go pravdas, naogjas izgovori, velis deka si svesna za razlikite i slicno,pa togas ne znam zasto otvaras tema,a nie site se trudime da ti pomogneme,koga ti uporno se drzis do tvoeto,i uste razmisluvas kakva poraka ke si mu pratela.verojatno si sakala da najdes nekoj na forumov so ke ti rece trpi,za da ti bide polesno,ama nema da naides na nieden takov
     
    На anu666ka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mistic

    Mistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Ovaa tema mi dade inspiracija da se zaclenam i da pisam mislenje ...........site sme bile lazeni bezrazlika koj e sposoben toa da go priznae ili ne ne e bitno ...................bezrazlika sto si hrabra devojka i mozes da prostis se i da pomines preku se i da se boris za toa sto go sakas PRESTANI mnogu ubavi mislenja ti dale lesno e da kazes tesko e da napavis....................najgolema kazna e nisto da ne pisuvas i da pordolzis da cekoris po svojot pat so GORDO KRENATA GLAVA I DA BIDES SREKNA .........pogolema bolka od taa za nego NEMA ti da bides srekna i bez nego ,da vidi deka mozes da zivees bez nego...........imav iskustvo so dvacjca lazgovci osobeno sea poslednata mi bese godina ipol no bev hrabra i ja goltnav knedlata sfativ deka polesno ke mi bide da presecam bezrazlika kolku boli otkolu da prodolzam da pravam budala sama od sebe ...........kraj kraeva Eden e zivotot tolku ubavi maski ima jabe ne se reklo klin so klin se izbiva...............prvin rasisti sama so sebe sedni si i napraj si lista na site pozitivni i negativni strani sto vie bile i site negovi osobini ...ako nikoj drug penkaloto i listot ke ti ja pokazat vistinata sto ja custvuvas dlaboko vo sebe no IZDRZI i prodolzi da cekoris ....bezrazlika sto mozes da pomines preku se nemoj preku LAGATA -lagata e sredstvo za manipulacija ,a na kraj ti ge bides izmanipuliranata i na taa koja so ke i se smee i ti ke bides taa povredenata..........GORE GLAVA I PRODOLZI da si go zivees zivotot bez NEgo ne ti e potreben za da si go dosjebes zivotot
    да научиш да се цениш, зошто ако ти сама не се цениш верувај дека друг уште помалку би те ценел........!!!!!!!!!!!!!!!!taka si e
     
    На anu666ka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    850
    Mistic :) dobredojde megu nas :)
     
    На anu666ka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.960
    Твојава ситуација е ко филм..А и толку е искомплицирана што ти се губиш во сето тоа..Баш ми е криво млада,паметна девојка да поднесува таков товар и проблеми..Голема разлика сте може и татко да ти биде..Ајде да речеме дека си се заљубила ама и сама си свесна што се си прошла со него и дека на крај пак си несреќна со болка во душата..Значи ти тежи целава ситуација со него..Подобро раздели се ама засекогаш и со тоа ке осетиш слобода и леснотија во душата..Има толку многу млади дечки..Живеј го животот без товар уживај со другарките најди си некој кој е достоен да те има без посебен багаж со себе..знаеш на што мислам..Него остави го да се справува со неговите проблеми ако воопшто сака и умее..Времето ке покаже и ке ти помогне да преболиш се и да заборавиш на се тоа што си го поминала..На крај тој што е твој ке си дојде сам.. ;) :)
     
  12. Mistic

    Mistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Добро ве најдов одамна сакав да се регистрирам,конечно најдов мотив ..........се читаме
     
  13. srnicka.milicka

    srnicka.milicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Gledam deka se lutis koga ke ti ja spomnat razlkata vo godini i deka naveduvas primeri na poznati so golema razlika vo godini, ama toa e sou biznis a ova e realnost, taka da mislam deka ne treba da se tesis so toa. Nemoj da se lutis, vikas tvoite se isto so golema razlika vo godini, da ok e toa nemam nisto protiv toa, no oni ne pominuvale niz pekol kako sto ti pominuvas, ne ziveele vo lagi, karanici kako sto ti e tebe so tipot nego im bilo ubavo. Stavi si go malku prstot na glava i razmisli, nemoj srceto da te vodi, ke se kaes ke se kaes mnogu vo zivotot. Razmisuvaj trezveno i realno za posle 10 godini da ne se kaes sto si napravila. Zarem mislis deka covek sto te lazel 3 godini ke prestane da te laze, ke se smeni i se ke bide kako od bajkite, se lazes ako mislis deka toa ke se smeni. Nekoj kaza patoloski lazgo, toa e toj, tie luge nikogas ne se menuvaat, ama nikogas zapamti. I zarem site lagi ovie godini ne ti se dovolen dokaz za se i demek te saka nemoze da glumi tolku vreme, epa moze veruvaj. Ti si seuste mlada i malku iskusna za da znaes kakvi se mazi postojat i na sto se sve spremni, pa duri i 3 godini da ti glumi deka te saka, koga negovite dela go pokazuvaat sosema sprotivnoto. Zarem sakas cel zivot da si go pretvoris vo pekol i laga i jas sum sigurna deka ti i posle 3 godini so toj covek vistinski neznaes koj e toj covek od tolku lagi. Zatoa kako i site sto te sovetuvaat i jas bi ti kazala da ne se smiruvas, zaljubenosta i bolkata vremeto ke gi izleci. No sepak toa e tvoj zivot i sekoj si ja bira patekata po koja ke cekori vo zivotot taka da ti sama izberi si.
    Se nadevam nema da se navredis so mojov post, samo e dobronameren da gi otvoris ocite, da ja trgnes zaljubenosta na strana i da vidis kon kade ke te vodi seto toa i kakva idnina bi imala dokolku se smiris so toj covek.
    I pisi ni kako si?
     
  14. vikitalevska

    vikitalevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам на сите за вашите совети .
    Јас со дејан не сум во врска веќе 1 месец ,му раскинав преку порака .он на многу начини се обиде да дојде до мене ,секојдневно доагаше кај мене дома ,се криев ,ми вртеа сите негови пријатели,дури и мајкаму ,ми пракаше на секои 5 минути пораки ,кога му раскинав ме навреди после ми пишуваше дека сака да биде со мене и сака да се земеме ,премногу ме сакал и се ке направи да ме врати назад .го сменив бројот и отидов на неколку дена надвор од македонија ,пред 1 недела требаше да добијам месечен циклус и сеуште ништо ,земав денеска тест за бременост и кога гледам 2 црти ,ТРУДНА СУМ ,ДА ОСТАНАВ ТРУДНА .и сега што да правам ?нема шанси да аботирам ,незнам дали е паметно да не му кажам .....оххххххх немам зборови со кои би можела да ви објаснам како ми е .за сакање премногу го сакам ,од секогаш сум посакувала да имам дете со него ,но според вас и јас кога размислував сватив дека немам иднина со него ,прво годините ,второ неговото минато ,трето проблемите .решив да продолжам понатаму а сеа луѓе што да правам ?
     
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    3.010
    Па штом не сакаш да абортираш тогаш мислам дека ипак треба на му кажеш и на него некако тоа ми е најправилно бидејќи порано или покасно ке дознае. Во денешно време не е ништо страшно и да бидеш самохран родител одколку детето да расти во лош брак
     
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.819
    Пол:
    Женски
    и јас мислам дека веќе кога планираш да го задржиш детето, дека треба да му кажеш и него :worried:
    па пиши што биднало :worried:
     
  17. TAJNA

    TAJNA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ГЛУПАЧООООООООООООО ЕДНА АХАХАХАХАХАХА ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈЈЈ СРАМ ДА ТИ Е !!!СИ УНИШТИ ЖИВОТ ЗА ШТО????ЗА КРЕТЕНН АКО ТИ Е КОА СИ ГЛУПА КО КОЊ!!!!СИТЕ ВИКААТ ШТО БАРА ПРАВА УБАВА МЛАДА ПАМЕТНА ДЕВОЈКА СО 47 ГОДИШЕН АЛИ ГРЕШКА Е ШТО НЕ СИ ПАМЕТНА МААААА ЛЕЛЕЕЕ СРАМОТА!!!!!
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.533
    Допаѓања:
    132.523
    Пол:
    Женски


    Полека малку ти со тоа твое непристојно викање и навредување... па не си порасната на улица!
    Без разлика што ова е форум и никој не те знае, нема потреба да викаш и да навредуваш други членови.
    Тоа се правила на форумов, и како што важат за сите нас, важат и за тебе!
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.819
    Пол:
    Женски
    какво е ова малограѓанско однесувањееее :devil: еее од вакви како тебе и државата пропаѓа, штета и срамота!!! |( ја нарече глупача зашто има проблем? и бара совет? а тебе како треба да те дефинираме со погоре наведениот пост? ајде да не паѓам на твое ниво па да ти кажам ;)
     
    На GaGa-GirL му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите епитети што ги навела Тајна перфектно и одговараат упатени на самата нејзе
    ,ова однесување да го наречам на форумов недозволиво е ,па можеби администраторите на странава ќе ја отстранат ?.Неможев а да не напишам ,пошто се згрозив кога наидов на нејзиниов пост ,баш свашта има на светов :o