Разделба поради љубомора

Дискусија во 'Разделби' започната од HoneyBunny, 31 мај 2010.

  1. HoneyBunny

    HoneyBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Oдам со него 14месеци, но не сме од ист град. Прво се гледавме на неколку недели а после тој почна да доаѓа секоја недела а во летото на 5 дена. Првите 6/7 месеци не се каравме воопшто, беше преубаво, само слога. Од септември почнаа со оговарање и пробаа да ја растурат нашата врска правејки лажни профили и кажувајки лаги за мене дека сум имала друг иако јас не бев ни погледала друго момче. Тоа го пребродивме, но од нова година наваму почнаа да се случуваат почести кавги иако не беа толку големи, ке се караме по 15мин и после ке се спростиме како ништо да не било. Но еве последниве 2неделни и на мене и на него почнаа да ни се случуваат многу чудни работи. Јас премногу се нервирам, не поради него туку поради се. Бев премногу осамена бидејки цел месец не зборував со најдобрата другарка и чувствував како да го имам само него и ми беше премногу страв да не го изгубам и станав ептен љубоморна, тој беше на екскурзија и ми се јавуваше на секои 10мин јас и покрај тоа мислев дека ке ме изневери и дека ке го изгубам. Ми рече дека не сака да ни е таква врската и рече дека ке оди во маало да игра кошарка, но во меѓувреме му се јавил другарот и го повикал кај него на гости и тој ми се јави дека ке оди кај него. Јас мислев дека ке се врати како што ми кажа но помина и 12 часот тој не се врати, околу 2 часот му пишав порака или ке намалиш со состаноци со другари и ке ми помогнеш да ја истерам љубомората или крај и тој ми се јави и рече неможам да си дојдам многу време се немам видено, ке се допишуваме утре ајде не ме мисли легни си те сакам, јас се увредив што ми рече дека неможе да си дојде и ке остане со другари и му пишав АКО ТИ СЕ ПОВАЖНИ Е*И СЕ СО НИВ и тој се налути и ми раскина. Утредента ми се јави и рече дека ке се помириме но нема да биде исто. Не се видовме таа недела, сега почнав да го молам да се врати како што беше тој вели не замарај, не сакам да бидам како порано, не сакам да те молам да бидеш добра со мене.. Неговите другари му ја полнат главата да не се помири со мене и да не доаѓа и троши пари но ми е страв дека ке го наведат на лош пат а јас несакам да го изгубам. Ве молам помогнете ми, премногу ми е тешко и ми недостасуваат тие времиња. :(
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.346
    Пол:
    Женски
    HoneyBunny јас да сум ти дечко и порано би ти раскинала, многу си љубоморна, замисли он така да ти рече помалку да се гледаш со другарките или да те тера на 10 минути да му се јавуваш, како ќе ти биде? Ако сака да те извара , ќе те вара и на 10 мин ќе ти се јавува да ти каже ТЕ САКАМ. Башка што си му ја пратила таа пораката да намали со состаноците со другарите :^) тоа не си смеела никако. Со такво посесивно однесување ја гушиш врската, па колку и да те сака , повеќе ќе си ја сака својата слобода, што е нормално. Олабави го малку, нека излезе со другари, нека се издува, ти излези со другарки, немој да дозволиш он да ти биде главна преокупација. Дај му простор.
    Немој да ми се налутиш за мислењево ама мислам дека премногу љубомора си демонстрирала и тоа на лош начин.
     
  3. HoneyBunny

    HoneyBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    јас не го терав да ми се јавува тој сам ми се јавуваше да не сум била љубоморна а и јас кога ке сум одела на екскурзија да сум му вртела исто така...
    за другарите знам дека погрешив ама премногу ми смеетат, ми страв дека ке го навлечат на лош пат бидејки еден од нив се дрогира...
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.784
    Допаѓања:
    79.102
    И јас повеќе не знам што да правам кога ќе видам ваква тема...

    п.с.Па уште кога ќе прочитам ама не јаааас...не сум љубоморна,само за него ми е...заслужено,добиено...ајт така...опсесии,љубомори,себичности,ега,па уште и повредени...е тоа е!
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.346
    Пол:
    Женски
    Ако му зборуваш лошо за другарите само лошо на себе си правиш, најдобро е да го оставиш сам да види какви се . И јас го имав тој проблем кога другарите се мешаа и кога му кажував какви се, не ми вруваше, помина некое време и сам се увери, сега кога пак ќе се залета по некој другар само го потсетувам на тоа што самиот го искуси и се опаметува. Така да најдобро е сам да види како стојат работите, сепак дај му малку простор затоа што некогаш треба само капка да се прелие чашата.
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Како прво, немало потреба да отвораш нова тема, кога проблемот си можела да го сместиш во веќе постоечка, ама биднало веќе... Како второ ако му е толку лошо друштвото, разговарај со него на фин начин и посоветувај го, за тој самиот да свати и сам да се оттргне од него. А не ти да му забрануваш,на таков начин, на крајот на краиштата не е мало дете, да не знае со кого му одговара да се дружи, со кого не... Никој не сака некој да му наредува. Јас не сакам, а ти? Епа, затоа и јас сум од страната на твојот дечко, зошто тоа што си го направила е сосема погрешно. Сега мое мислење е да го повикаш на озбилен разговор, и да му се извиниш за твоите постапки. Кажи му дека тоа си го направила од што се грижиш за него, дека не требало на тој начин и дека искрено се каеш.
     
  7. Maktub

    Maktub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Abe nie zenite sme si takvi, od premnogu griza pravime ushte polosho i na sebe i na bliskite i nikako ne mozeme da se otkacime od onaa izreka "zoshto da e ednostavno koga moze da bide komplicirano". Vrskite na dalechina poteshko opstojuvaat,no sepak i samata gledash deka stom se trudi da doagja vo tvojot grad,da se gledate i stom troshi pari kako sto velish za da dojde,toa veli deka navistina neshto mu znacish.Toa sto e daleku od tebe ne mora da znaci deka e polesno da te izneveri. I da ti e komshija pa ako se potrudi da go skrie neverstvoto ke uspee. No, bidnalo sto bidnalo, vremeto ne moze da se vrati.Sega da vidime sto mozesh da napravish.Jas bi te posovetuvala da ne go Molish da se vrati se na staro,tuku da pocnesh taka poleka,spontano da mu pokazuvash deka vekje ne si ljubomorna(za sto prvo morash da si rascistish vo sebe bidejkji sigurno sfakjash deka so ljubomora samo se odalecuvate i poleka no sigurno go gubish), deka ti e ubavo i na tebe koga toj ke se pofali kolku dobro si pominal so drugarite,pa ti sama pocni nekoj muabet za niv(no nikako ogovaranje ili neshto vo negativen kontekst). Dozvoli mu da si go zivee zivotot i nemoj da mislish deka ako ne si non stop so nego ne si del od negovoto sekojdnevie,od negovite najdlaboki i najintimni misli.Ako ste postojano zaedno pobrzo ke se zasitite eden od drug,sto e mozebi i dobrata strana na fizickata dalecina koja postoi megju vas.
    pozzz.. i good luck:*