Не и напнувај. А и идела со двајцата. Па баш затоа, ако си спремен да простиш, не ја напнувај, остави ја да сфати кој и треба. А и ти ќе сфатиш дали тоа било добра врска. Таа не знаела кого сакала. Кога ќе дознае, нека те бара, ако си уште тука...
епа вака девојки го запознав пред 4 години, совршен, прав за мене, лјубов на прв поглед, мојо прв де4ко. Одевме година и пол. Сонце, плажи, јас, он, искрени чуства.. се така точно година и пол. се скаравме за глупости поради мајкаму оти почна да пушта муабети дека само сум сакала да го искористувам и демек сум го карала да се жени за мене. (глупости) Тој ми велеше не ја слушај, нема да дозволам јас некој да не раздели ит така натака (да не должам). Ама јас реков поарно сега отколку подоцна.. се надевав дека помалку ке боли. ме бараше, ме чекаше, се надеваше се така 1 година. Другарките ми имаат кажувано дека имал плачено за мене а и сама го имам видено, кога се сретнеме така случајно на улица кога погледите ни се судрат солзите сами му течат. Му дадов втора шанса пробавме пак беше прекрасно, феноменално секој ден го живеевме како последен се така додека не заминав во странство на школо.раскинавме, незнаеме ни двајцата зошто. После долго време се слушнавме на телефон, разговаравме долго време ми кажа дека има девојка но мене никој пат не ме заборавил. И јас имам нов де4ко но знам и да помислам на него..понекогаш чуствата ми се вракаат и ми оди да се вратам у мк и да му кажам колку го сакам и колку ми фали. Да не сватете погрешно сегашниот дечко го сакам ама бивштиот го чуствувам во себе. Што мислите вие? да му се вратам? или полека да го заборавам иако знам дека тешко ке биде?
не разбирам само ако имало толку љубов а очигледно имало зошто сте раскинале? според мене тоа е грешка затоа што кога љубовта е силна и јака се може да совлада..ке најдевте решение некое или тој ке дојдеше таму или ти ке останеше тука и двајцата ке се боревте со сите препреки во животот..да скратам јас би направила се за да дојде кај мене така да ако си сигурна во љубовта и чуствата и ако си сигурна дека таков човек не се раѓа 2 пати тогаш преземи ја работата во твои раце и врати го тоа ти е мој совет ..со срека
блазе ви вам девојки барем имате некој што ве сака и плаче за вас... ќе дочекам ли и јас такво нешто?
Izgubena,зошто баш ти не би дочекала такво нешто?на секој жив човек му се случуваат и убави и лоши рботи,не плаши се љубовта нема да те одмине .
се ке си дојде на свое време ако не сега, подоцна Господ секој пат чува нешто подобро, поубаво и повредно од предходното тк да уживајте до дека можете
многу ми е тешко да ја кажам и мојата разделба, помош нема, не знам што да направам, многу ми е глупаво, јас работам во радио и по повод св.валентин на радио реков дека не сум вљубена и дека дома си седев за св. Валентин, после една недела другарите на мојот дечко го зафркавале многу и тој ми се јави нервозен со разни критики и навреди, но добро јас тука се извинував и сметам дека не ме разбира дека сега јас треба на сите кажам на радио баш дека сум заљубена глупо ми беше, но ајде тоа помина некако и се слушавме заради други приватни работи во текот на утрешниот ден,и сметав дека ќе се видиме да ја расчистиме работата да разговараме дека ме навреди многу, и го прашувам дали ќе се видиме и тој отсечно не, и јас добро океј, и му пратив порака во стилот само ти така прави ми...и тој ми враќа досаѓај не ме ме сфаќај, и ми се јавува ми ојаснува зошто неможел да се видиме и јас му велам е зошто не ми рече порано зар на мене ми са сонува дека ти неможеш да ми објаснеше сега те разбирам, и тој зар јас сум должен да ти се објаснвам со што сум должен?? не сум, ми го згорчи животот, не сакам да се видиме не сакам да сум со тебе, со тек на нервоза и оп одма блок на фб (глупости) и јас пратив неколку пораки на којжи тој врати ладно и еве го нема две дена поминаа, а мене ми е се потешко...а имавме заеднички планови, е зошто така да се случува, што сум крива, многу ми е тешко, ништо не ми се прави, по незнам колку цигари испушив, не ми се јаде, аман до кога вака во љубовта, зар нема мир, еднаш да ми биде убаво и смирено да имам некој до мене во кој ќе сум сигурна, овие се детски испади. кај се моментите каде ми велеше дека неможе без мене тоа беже до пред 2 часа да се видиме, како тоа во една секунда да му го згорчувам животот јас нему, навистина не знам...немам коментар за невидена глупост се разделивме и тоа како по телефон...многу ми е тешко...аман од овие разделби
сваќам дека се наоѓаш во ептен тешка ситуација кај шо не мојш ни самата на себе си да си објасниш зошто така изреагирал. мој совет е да оставиш малце да се смирит ситуацијата,не го бараји не му звони неколку дена..па после побарај го и кажиму дек морат да се видите за да расчистите шо и како понатака...Се надевам ќе се смирите,а ако не сигурно не сте биле судени еден на друг.. поздравче
Незнаев каде да го сместам прашањево, се надевам дека ја погодив темава... Значи вака... Прво, да не сфатите погрешно, не сум била во врска. Имам само 14 години. Има едно момче што учи со мене од прво одделение. Никогаш не сме биле многу блиски, но минатата година почнавме да се дружиме. Поминувавме многу време заедно, секогаш ме засмејуваше, ме бранеше од сите, бевме најдобри другари. Со тек на време го засакав (секако, ако можам воопшто некого да сакам со моите 14 години). Станувавме се поблиски, секако, само како другари. Незнам што се случи, ама после некое време тој почна да „лета многу високо“. Никогаш не беше сериозен со мене. Ми покажуваше слики од некоја си таму девојка, за која ми велеше дека му била девојка. Намерата изгледа му беше да ме направи љубоморна. И успеваше. Очигледна ми беше љубомората, а нему тоа му годеше, само се смешкаше. Секој ден по малку се каравме. Го прашував што му значам, тој ми велеше дека сум му другарка и дека ме сака како другарка, а го докажуваше спротивното. Поради неговото однесување спрема мене мислев дека не му значам ништо, дека му служам само од корист. Но решив да верувам во неговите зборови. Пред нецели 2 недели се случи нешто. Ми рече дека никогаш не сум му била најдобра другарка, и дека никогаш ништо не сум му значела. Бев повредена. Цела недела не му зборував. Во понеделникот се правеше како да не било ништо. Ми зборуваше, повторно со насмевка на лицето. Ама јас не попуштав. Му реков дека сум му лута за тоа што ми го кажа и дека ми е криво за времето поминато со него, со еден таков идиот како него. Го навредив малку, ама не се каам за тоа. Тој само ми рече, најди си друг, јас не ти забранувам. И ми рече дека ќе ме избрише од неговиот живот. На тоа му одговорив дека јас него го избришав уште од тогаш кога ми кажа дека не му значам ништо. Ама излажав. Вчера и денес не бевме толку лути, си разменавме по некоја насмевка и по некој збор. Мислев дека има шанси да се смириме. Кога се вратив од школо, отидов на неговиот профил за да му пишам порака, да го заборавиме ова што се случи и да се смириме. Но, видов дека ме има избришано од пријатели на фејсбук. Многу сум лута и нанервирана! Неможам да го препознаам. Не е веќе оној стариот. Од една страна сакам да разговарам со него и да му кажам да не се однесува така со мене и дека се ќе биде во ред ако се извини. Но од друга страна гордоста не ми го дозволува тоа, доволно ме газеше и ме понижуваше, неможам туку така да му простам. Многу сум збунета. Што да правам? Се извинувам за долгово мислење, ама ве молам одвојте неколку минути за да прочитате и да ми помогнете..
Вака малечка тука пубертетот работи дечко - момчето бидејки е мал игра сакам нејќам и тоа е нормално хормони влијаат беснеат. Немој многу да се секираш , за тебе е нормално да ти се допаѓа некое момче па симпатии па пеперутки, за љубов мала си така не се искусува љубовта сега ти седи си вака мирна -смирена , тоа зближување кое сте го имале е нормално , машките се дрски во пубертет , ако ти се доближи кажи си дека си повредена од неговото однесување и зборови , не му барај ти извинување тој ако е свесен дека згрешил сам ќе се извини немој да трчаш да изгледа дека бараш внимание од него иако ти значи , олади малку повлечи се раснете сега ќе си изградите карактери и се ќе биде во ред и да напоменам тој сега ќе брка девојчиња ќе пробува да влезе во тој свет ти не се нервирај многу многу ако му значиш нема да те повредува со несоодветни зборови , биди си самуверена и дај му до знаење дека не сакаш така да се однесува некој спрема тебе
Eте дојде и мојот крај... кога најмалку очекував и токму кога беше се во ред, но знаете секогаш како е кога некој од надвор ќе се замеша... повредена сум само поради тоа што се разделивме заради некои муабети од провинцијалец/ка кои немаа никаква врска и не успеав да го разубедам дечко ми дека муабетите не се точни. Пробав, но сепак тој е многу горд и инаетлив и не сака да падне на грб. Тоа е... Многу го сакам!
Гордоста е најголем непријател на љубовта.Штом слуша други нема иднина таква врска.Сега се работи за некоја провинцијалка , а после коа ке почнат сите да ви се мешаат, што тогаш...Ај можеби ке се покае и ке сфати дека згрешил.. Со срека и разведри се ,што е твое ке си дојде.
Значи вака.. иам само 15 години но прв пат во животот ова ми се десило.. Постоеше едно дете имаше 16 години во јануари требаше 17 да праи и се допишувавме на фб и на 13 декември(добро ми текнува датумот) ми пиша дека ме сака и јас му го кажав истото но неможев да бидам со него поради една причина.. искачавме заедно, се дружевме, секогаш кога ќе го побарав да излеземе он одма доаѓаше но немаше ништо помеѓу нас. Потоа бев на пат кај баба ми на гости со другарка и не бев во ск една недела, но тоа не менуваше ништо се слушавме на телефон нон-стоп, се гледавме на скајп и само ме молеше да бидеме заедно и се одлучив и решив да бидеме заедно покрај тие поминати месец дена заедно без да се смуваме и такви ствари, може да се рече дека тоа беше ,,голема љубов''. Откако се вратив се смувавме, се беше совршено откако еден ден, една вечер му се јавив да дојде да се видиме дека бев у близина на местото каде што и он беше, дојде, се видовме, и се беше совршено.. Другиот ден не беше се исто, не искачавме, наоѓаше изговори и дури дознав дека искачал со две девојчиња кои ги знам и он тврдеше дека е вистина но со мне немаше искочено.. откако се здружи со тие две девојчиња се се измени.. поретко пишувавме, и се исчезна.. помина време едно 20 дена и дознав дека е во врска со една од девојчињата што искачаше, тоа беше премногу чудно за мене, но реков дојде крајот. Он не ни беше популарен дечко, он беше 2ра година и се имаше само со 3 смувано што беше многу ретко за машко.. значи неможам да ви опишам колку беше луд за мене и јас искрено го сакав но како може одеднаш се така да се промени? се така да исчезне, сите тие чувства ? Сега е популарен дечко, се мува со која стигне и дури коа се допишуваше со другарка ми на фејзбук и пиша кажи и на курвата и она нека дојде, па она отиде со него да се види и ми рече лом ќе го напраам, а он и рекол демек тоа со мене било се лага и незнам што, што навистина ме повреди тоа.. Знам некои работи за него што само јас ги знам и дека никој од другарите и другарките негови не ги знае, туку тоа е семејно, но зашто се промени така одеднаш? Како може сите чувства да му исчезнат, иако јас сеуште верувам дека он ме сака, ама не тоа е само мое верување.. Но тешко ми е да го заборавам.. :/
Девојко...Што ти е тешко извини да заборавиш?!Тој тебе те нарекол курва,ти рекол дека се било на мајтап и ти уште мислиш дека осека нешто спрема тебе...Тој едноставно си го добил то што го сакал од тебе и то е то...15 години имаш,фати учи и молим те памти по 3-4 години да го прочиташ постот,ке си се смејш на самата себеси...
прв пат ти се случило овоа..а ти колку пати очекуваше, за твои 15год,колку љубовни разочарувања да ти се случат тоа се најубавите години,и мислам дека нема простор за разочарувања и замарања,јасно е дека дечкото не те сака воопшто,така да немаш причина да продолжиш да го сакаш сега мислеш дека е тешко да го заборавиш,но не е така..тоа е само период пробај да си најдеш некој нов симпатија кој нема да се умислува и преценува како овој и секако внимание посветувај на учењето
Zdravo na site.... Po glupa pricina od mojava nemat...Odev so eden 2 godini i 1 mesec Sega pred 3 dena pocnaja drugarkite i drugarite negovi da zborvat gluposti deka jas sum odela so drugi deka sum se kacela po drugi kolki...Tri dena pominaja mi raskina i uste me zamara so negovite gluposti ve molam kazete mi so da napravam...Premnogu go sakam nemozam od nego da se razdelam :'( !! [mod-kirilica:2jr8o146][/mod-kirilica:2jr8o146]
пред една недела ми заврши врската ..траеше 5 месеци јас се заљубив во него но тој во мене не ...ми рече дека тој ме сакал ама подобро ќе било повеќе да не се гледаме...(инаку имам 19 години а тој има 27 и ми беше прв дечко )причина ? тој бил возрасен и неможел секоја вечер да си оди со празни раце неможел да ме чека (инаку уште од првиот месец од кога почнавме да одиме тој почна да ми бара од тогаш секоја вечер ама буквално секоја)... јас гледав дека не е заљубен во мене и неможев да го направам тоа прв пат со некој кој не е заљубен во мене...го прашав зошто бил со мене ми рече дека физички сум го привлекувала ...башка врската првин ни беше тајна ...јас неискусна не се разбирам многу како треба да биде една врска ама мојава знам дека личеше на се освен на врска не ... не сакаше да го гушнам ниту пак да го фатам за рака кога одевме демек тој така неможел не бил навикнат, порака да ми прати прв- не доаѓа предвид! ...откако сфати дека го сакам стана суров си ја крена цената ...јас ја изгубив гордоста...јас го сакав онаков како што е а тој мене секогаш нешто замерки ми ноѓаше...плачев ми беше многу тешко...не велам дека сум опоравена на цело ама и покрај тоа што не сум искусна почнувам да сфаќам дека тој од една страна ми направил услуга...и без тоа само на почетокот бев среќна...колку сум била заслепена се што сакав е да го направам среќен...ништо друго не ми беше важно...ме бара но не му одговарам на повиците ...едноставно НЕ МЕ ЗАСЛУЖУВА!!! Уф,можеби малку забегав од темата ама барем ми олесна штом напишав (неоддамна се приклучив на форумов и сакам да им кажам едно големо БЛАГОДАРАМ! на сите феминки бидејќи нивните мислења многу ми помогнаа )
Девојки сакам да ве прашам нешто. Со дечко ми идеме 2ве ипол години. И неколку пати до сега се случувало истото сме раскинувале само поради тоа што он почнува да станува ладен и да незнае што сака тој период. Претходниот пат раскинавме и се гледавме секој втор ден нон стоп се слушавме и потоа пак се смиривме. Овој пат праевме муабет и рече дека сака да му дадам време да размисли дали ќе продолжиме или не и после две недели т.е вчера праевме муабет бидејќи беше повторно ладен, нејќе да се гледаме мн мн не се слушаме највеќе 2ва пати у ден и тоа е се. Ми кажа декасватил и несака да бидеме веќе заедно нејќел женска незнаел како да ми објасни. Го прашав од кај заклучил дека нејче женска и он ми кажа безвезе било ова некако се со мене, незнаел како да ми објасни незнаел ни он. Рече дека нејќе да бидеме у врска, ако сум сакала да продолжиме да се гледаме. Незнам што да правам ств мн го сакам имаме и односи и се .. Вака исто беше и претходниот пат раскинавме се гледавме бевме нон стоп заедно ама не бевме у врска некако ко врската да го гуши. Само е нај битно што кога не сме во врска не праи ни он ништо со други, ни јас ништо со други.. но некако кога е во врска ко да е обврзан да се гледаме, а вака коа не сме се гледаме коа сме слободни. Ве молам за помош кажете ми што да праам затоа што во врскава од 2ве ипол год имаме поминато мн и проблеми со неговите ги има решено и карано само за да остане со мене. Ве молам за помош зашто ств ми треба мн го сакам и незнам дали да ставам крај или да напраам ко претходниот пат без врска.. Фала многу