Драга, секој имал по нешто такво во животот и не е работата дека е лесно да се каже. Секој ги доживува работите на најразлични начини единствено во прашање е емотивната зрелост. еве на пример дечко ми ме има изварано со најдобрата другарка што требаше јас да направам ? да се убијам? Како поминува времето и како гледаш дека се им се враќа на луѓето ке се чуствуваш многу подобро
После разделбата, секојдневно мислев на него... го замислував на сите можни начини, се мачев и во сон, 24/7 тој ми ги окупираше мислите, а незнаев кај е, со кого е, што работи...не се трудев да дознаам, за да не патам, а сепак го мислев... имавме тешка разделба, врската ни траеше 2,5 години, премногу се сакавме и премногу се каравме. Неизбежно беше да се разделиме, јас се обидов да имам и други врски, сакав да бидам сакана и вљубена, но не оди тоа така, скоро 1година и 6 месеци после разделбата чувствувам огромна празнина и не постои таков што ќе го засакам, неможам да сакам, едноставно не престанав да мислам на него и пред некое време случајно стапивме во контакт. Се потсетивме на убавите моменти, лошите не ги спомнавме... Се договоривме да се видиме, кафе-муабет да направиме - се видовме се беше супер, јас како нова, позитивна насмеана онаква каква што сакаше тој да ме гледа, а додека бевме во врска јас не бев таква... Средбата беше супер, ја почувствував искрената прегратка, онаа најдрагата што ми недостасуваше цело време. Муабетот течеше без прекин, од двете страни имаше што да се слушни. Првпат имав предобра комуникација со него, му кажував се онака искрено, а тој изненаден дека јас зборувам, дека не сум веќе онаа старата, срамежливата... Си ги признав некои грешки, исто и тој нешто си кажа, двајцата се сложивме дека не требаше така грдо да се разделиме, иако на двајцата добро ни дојде прекинот бидејќи ужасна беше врската. После се, пак падна по некој краток бакнеж и силни прегратки Но ме збуни зошто го немаше тој огромен оган што го чувствував? Дали сум изладила тотално, дали се е една огромна навика?!?! можеби ми е страв да не бидам пак повредена... Не го барав после тоа воопшто, тој ме побара но - имам измешани чувства. Мечтаам за него, но различни ни се патиштата, незнам што да мислам
Пред некој ден раскинав со дечко кој бев во долга и сериозна врска. Имаше љубов од двете страни. Но некогаш не е доволна само љубовта. Она што е скршено колку и да се лепи нема да биде како порано. Како и да е, него ќе го памтам по добро, мило ми е што беше дел од мојот живот, ќе се сеќавам само на добрите моменти. Не можам да мразам некој кој спрема него сум гаела убави, позитивни чувства. Му посакувам се најдобро во животот од срце. Не викам дека ми е лесно или сеедно, ќе ми треба да се опоравам ама нема вени да сечам, нема зошто да го мразам или да му се одмаздувам. Ниту сум му згрешила нешто нему, ниту тој мене, само не успеавме да останеме заедно. Некој период ќе се посветам на себе, а за дечко има време, здравје за година-две ќе мислам на таа тема. Сега сакам само на себе да се посветам, ќе водам една борба со килограмите за да ослабам се надевам дека ќе победам бидејки многу ми смета оваа тежина и ќе учам многу ќе го надоградувам своето знаење. Ова ми беше прва врска. Воопшто не се разочарав во љубовта, продолжувам напред со сите сили иако ми е тешко сепак животот продолжува и знам дека следуваат подобри денови, знам дека еден ден и мене среќата ќе ми се насмевне. Научив многу работи од врскава и знам што треба да правам, што не за наредната, научив многу работи. Тоа е тоа. Јас продолжувам напред и покрај се.
Само напред @Ema28 . Ти посакувам успех за да го оствариш тоа што си го замислила. Секој крај е нов почеток
Еве два дена откако заврши се. Заврши бидејки јас сакав. Но многу ми е тешко срцето ми се кине. Колку сакам да му пишам ама не. Го сакам и уште ке го сакам ама доста ми е да ме врти како сака. Доста ми е од се.
и така скоро година ке помини, а јас абер немам да бидам среќна и ден да нема да не помислам на нас! Си велам ова не е можно... лугето бракој преболват, а јас ко скована за него, се што постој ме потсека на него, на нас .... и незнам како да си поможам самата на себе, можеби сето ова ке ми помине кога ке запознам некој друг кој ке го сакам.. а можи и не
Разделбите се тешки,да..Можат да се надминат само со пополнување на празното место.Со мојот бивши кога раскинав ми беше многу тешко,плачев,тагував,другарки ме тешеа...Почнав да излегувам,да шетам,потајно се надевав дека ќе се смириме,ама не бидна ништо од тоа..Зошто? Бидејќи го запознав сегашниот дечко,почнавме да си пишуваме,да се гледаме и со тек на време ми се преукупираа мислите со него и тотално заборавив на бившиот,дури не ни приметив кога.Така да девојки не очајувате,дозволете си да влезе и некој друг во вашиот живот,секако не веднаш по разделбата,дајте си малку време,можеби следиот ќе биде тој што ќе знае да ве сака и цени.
Раскинавме со дечкото пред 2 месеци. Бевме во врска 13 месеци. Сеуште мислам на него. Премногу го сакам. Не можам да мислам на други, за полесно да го заборавам. Го побарав неколку пати после разделбата, му се јавував и му пишував, но тој стави крај на врската. Но животот оди понатаму. Се надевам дека по одредено време се ќе се среди.
Раскинав со дечко ми пред 2 дена.Бевме во врска 3години.Незнам како ќе заборавам,Го сакам премногу,Пробав овие 2 дена да допрам со него ама не успеав.Премногу ми е тешко
Јас сум линост која тешко поднесува разделби. Без разлика дали личноста со која морам да се разделам ја познавам 3 дена или 3 години, интензитетот на болка е скоро ист. Тука многу влијание има и причината за разделба. Доколку некој ми згрешил премногу и лошо ставил крај на се`, полесно заборавам, па колку и да бил добар и посветен дури сме биле заедно. Крајот го краси делото. Тешко се помирувам со фактот дека таа личност повеќе не е дел од мојот живот и моето секојдневие и мислам дека се` се должи на навика. А јас сум личност која премногу брзо се приврзува. Но секоја навика има и одвикнување. Некако, во последно време се` полесно и полесно ги прифаќам разделбите, помирувајќи се со фактот дека се` се случува со причина и дека следува нешто подобро. Секој човек во нашиот живот е лекција и од секој човек можеш да научиш нешто што можеш да го употребиш за свои цели понатака во животот. Најверојатно тоа се должи на многуте разделби кои сум ги имала досега и за среќа добро ги пребродив, колку и да биле тешки. Иако и сега ми е тешко дури и од самата помисла да изгубам драга личност, после разделбата сум потполно уништена и се повредувам самата себе си затворајќи се, плачејќи...сето тоа поминува за најмалку една недела. За разлика од сега, порано знаев и со месеци да пробувам да "преболам" одредена личност, присетувајќи се на нашите заеднички мигови и одново и одново оживувајќи спомени. Сега, на сите тие спомени се сеќавам со насмевка. Ретко со солзи. Како што кажа една феминка погоре, се` е резултат на емотивната зрелост.
Веќе раскинавме 2 ипол недели(идевме 1 година)..... после 4 дена од раскинувањето го сретнав на забава и застана да се поздрави, а мене ми беше мн.глупо, па некако како збркана се испонашав зашто ми е чудно зошто воопшто да ми прави муабет, да ме поздравува, зошто?..... Всушност како воопшто има лице да се појави пред мене после се? цела недела го немав видено, и си бев супер..... и прегеска случајно го познав од многу далеку, скршнав и се направив ко да не го видов. Ме нервира, ме иритира.... Се прашувам како ќе продолжам во овој мал град, како? Не сакам да го гледам, веднаш се растажувам, ми текнува на се, пред него и пред сите ко ќе го видам целата се збркувам, и многуу ми е тешко. Дури потајно и несвесно си правам филмови како ќе ми се врате. А кога 5 дена не го видов ми беше многу, многу подобро. На пример утре ако испаднам, јас знам дека ќе го видам, не знам што ќе направам..... па дури другарките ми викаат стално ме гледал, имал мн.тажен поглед, ова-она..... Неможам повеќе.....несакам да го гледам, не сакам да ме гледа, сакам да исчезне од секаде, и да не ми се појави пред очи. Најлошо од се, тој живее веднаш до моето школо, па секогаш внимавам да не го видам кога си идам од школо и сл..... Не знам веќе како да се понашам кога ќе го видам, не знам..... ете денес цел ден ми беше супер, и сега ми се уништи...