Секогаш кога ја мијам косата ја мијам со шампон и балзам за волумен од авон оној на адванс техникс но секогаш ми е мн. разлетана утредента кога ќе станам (понекогаш ја оставам природно да се суши,а поретко ја сушам со фен).Никогаш не ја оставам мокра и така да легнам на спиење....Советче??
Јас после миење ставам спреј од Глис. А ако ти е многу наелектризирана стави силиконски капки и ќе се смири
Ставај помалце шампон и не ја миј косата толку често. Остави ја нека се измрси малце.... И можеби тие шампони не ти одговораат на косата
Сигурно е од пречесто миење, или шампон кој не ти одговара, секогаш го користиш истиот , или менуваш често? Стави лак на четката и така чешлај се, и не ја миј толку често некогаш пушти ја да се измрси малце, бидејќи не е убаво пречестото миење.
Земи влажни марамчиња и исуши ги. Кога ќе ти е наелектризирана косата, само помини ја со сувото влажно марамче. Или можеш да ја поминиш со крем/восок за коса... или ако немаш при рака, крем за лице или раце
Баге, доколку уште не си нашла решение можеш само на четката пред да се исчешлаш да прснеш парфем или лак за коса и да се исчешлаш. Јас правам вака секогаш, а ако е многу наектрилизирана, прскам лак на рацете, па поминувам со прстите низ косата.
Мене ми се електризираше обично од фенот, ама сега купив еден со јони , супер е, немам таков проблем. Ама ти од друга страна пишуваш дека ретко ја сушиш со фен. Што знам, некое средство на Нивеа против електризирање на косата и би било во ред мислам. Или можеби не ти одговара шампонот. А не ја плескај многу со восоци, капки и такви додатоци, од електризирана коса можеш само да си навееш друг проблем - мрсна коса. (од искуство ова).
Баге Јас мислам дека ти е од шампонот.И јас ја користев таа колекција и да ти кажам косата ужасно ми беше наелектризирана.Пробај ако не смени,миј се со некој друг.Или пробај ги претходно наведените совети,како ти одговара така.
Наелектризирана коса кога ќе се избањам ја оставам косата да ми се исуши и после си легнувам кога ќе станам сабајлето од спиење и косата ми е крената цел ден у вис ве молам помогнете ми незнам дали е до шампонот, незнам до што е ама ве молам помогнете ми позз до сите
Наелектризирана коса Можеби ти е од шампонот ако често ти се случува, смени го шампонот па ќе видиш резултат. По маркетите има и средства за тој проблем, па можеш да разгледаш дали ќе најдеш нешто. Јас приметувам само во зима кога е ладно и кога носам дебели блузи (од волна ли се, памук ли појма немам) кога ги соблекувам знае да ми се наелектризира косата, ама тоа е само моментално дејство.
Наелектризирана коса И јас го имам овој проблем. И не е до шампонот, каков и да користам ми штрчат неумни влакна Вака ја средувам: На тенок чешел (оние што се за тапирање) прскам лак за коса. Само не треба многу да се напрска, сосем малку е доволно. Нешно со чешелот поминувам кај наелектризираните влакна во коренот на косата. Треба да се внимава зашто ако ставиш многу лак - косата ќе ти се залепи, и не треба класично да чешлаш, туку само површински да поминеш со чешелот (не да го ставаш целосно в коса). Сфати некој што сакам да кажам?
Наелектризирана коса ДААААА, правиш облак од лак за коса и поминуваш или застануваш во него Или, прскаш лак за коса на далечина од 30-40 цм и не ја чешлаш туку и со прсти можеш да ја обликуваш
Додека е полу сува испрскај ја со лак, ќе ти остане на место така. Мене порано ми успеваше, потоа прекинав да користам, ми се потроши и ме мрзеше да купам друг. И избегнувај фен. Особено ако имаш виткана коса!
По некоја случајност и мене од шампоните Advance tehnique од авон ми се разлетуваше косата . Имав од тој во зелено шише Daily shine, го фрлив во канта ,не одговараше за мојата коса. Мојата коса е чудна ,ако и ставам маска наместо да ми спласне и да биде потешка мене ми е ваква Спојлер Користам шампон и регенератор од Shauma за нега и регенерација и немам гајле , само мал проблем ми прават антенчиња од влакната кои ми паднаа пред зимата како листопадна грмушка бев едно време . Малку неубаво изгледа бидејќи подолг период паѓаше и имам влакна со различни големини али ќе пораснат .
И јас го имам овој проблем... А дојде есен , зима косава ми е катастрофа!! Многу ми е наелектризирана ни лак ни гел ни помада ни ништо не помага неможам да ја трпам цело време ми се мотка околу лицето ме нервира .. незнам шо да и направам ... а и вој период обично некако по сува ми е косата врвовите поточно..
Пробај со спрејов за оштетна коса. Имаш и за фарбана и за нормална, во сите поголеми маркети се наоѓа по цена од околу 150 денари. Ја омекнува и и дава влажност. Мислам дека ќе ти биде подобра.