Јас кога ми е така разлетана нанесувам малку субрина крема за обликување на косата и убава ми е а и преубаво мириса
Електрицитет на коса... Здраво Феминки.....Ииии да како да се справам со електрицитетот на косата.Користам чешел~се разбира од пластика како и секој~имам и спреј за сјај но ефект само 1 до 2 часа,спреј за расчешлување но..Помош како да го намалам електрицитетот!?!?!?!?
Електрицитет на коса... Електрицитетот на косата е резултат на здраво и негувано влакно.Не е нешто што треба да те загрижува,но создава непријатно чувство.И јас го имав тој проблем.Користев спрејови,менував чешли,но немаше ефект.Особено кога носев дебели зимски блузи,косата како со магнет се лепеше на нив.Откако си купив фен со јонизатор на Филипс ,го решив проблемот.
Туго,туго јас маки си јадам со ова цел живот.Ако ја бањам разлетана-ако не ми е разлетана мрсна.Неможам никогаш да ја ставам у ред.Нешто што највеќе нејќам,животот ми го изеде бре
И јас имам разлетана коса. Кога бев на фризер, фризерката ми кажа дека косата ми е таква бидејќи е комбинирана, не е ниту права, ниту пак толку виткана. Мислев дека е до шампонот и сменив многу шампони, но пак е исто. Не ја сушев со фен, и пак беше разлетана.
Тешко се справувам со оваа моја разлетана косаа,го потопувам чешелот со вода па ја чешлам косата нај добро ми е така
Имам слушнато дека косата е наелектризирана од две причини: -кога е здрава,чистa -кога е сува И затоа бидејки е сува се препорачува да се користи регенератор за коса, а силиконските капки,маслата и маските дополнително ја прават мека,сајна и да не биде разлетана . A ако сеуште е разлетана тогаш можете да напрскате малку лак за коса на чешелот или четката и лесно да поминете низ неа .
Е навистина не сум знаела дека овие се причини за наелектризирана коса. Јас мислев, како што пишала феминката погоре, дека е од тоа што косата не ми е ниту права, ниту виткана, исто сум менела шампони, не гледам некоја којзнае каква разлика, а за сува е сува. Сепак, ја гледав кремава за коса по маркети, па се мислам за неа. Ја има некој користено, сакам само повеќе сјај и да не е толку разлетана, ама да не ја сплескува и лепи како гел.
Најверојатно пошто ја пеглам многу често косата ми се оштети многу. До раменици ми е али после бањање ако не ја испеглам 101 пат да ја исчешлам ми е разлетана (но не електризирана само разлетана/разбушавена) мека е да пошто користам разни масла и заштитни спрејови но ми е ко волна разлетана и секое влакно у различен правез ко нечешлана и влакната се двоат едни од други и се виткаат ко прекршени многу е ужасна косата а се гледа дека и веќе за подскратување ми е иначе многу малце се забележува тој ефект на разлетаност кога ми е пеглана! Затоа ја пеглам ПС. косата ми е брановидна со глуп степен помош?
Косата ми е природно несредено виткана, но кога само ми е некаде до рамениците т.е кога е лесна може некако да ја средам, ама еве веќе 7 години ја растам и ми е до половината ама од тежината и чешлањето се исправа и тоа доведува до бушење или електрицитет. Маки мачев да ја пеглам и секакви средства користев, тука па тука бевме, на крајот сфатив дека треба да се измијам пред спиење и да преспијам еднаш нанеа па наредниот ден да ја средам без нервози. Плус тоа живееме во зона каде ги имаме сите годишни времиња па често воздухот ни е влажен што е двоен проблем
Можеби тука ќе добијам одговор : Девојки да ве прашам, што би ми препорачале за да ја скротам косата, особено зимно време од електрицитет? Од сушење со фен и од волнени џемпери добивам ефект на ултра- супер бушава коса (имам виткана, густа коса), а веднаш после сушење секое влакно си тера своја политика. Дали би препорачале капки, спреј или? По можност да не е од Авон (не можам да чекам додека да стигне порачката).
Најсоодветно ќе ти биде да си користиш масло од Џонсонс, другарка ми исто има густа и виткана коса , која и лета на сите страни , и со масло од лаванда од џонсонс, ја прави косата да не биде наелектризирана, едноставна е употребата , си ставаш по малку и не го плакнеш маслото , ти останува на коса, стави на рацете и размачкај го убаво , само не претерувај , да не ти ја мрси многу косата .
Јас добивам краткотраен ефект кога на чешелот ќе ставам ептен малку крема за раце и ќе ја исчешлам косата.
Било од што да ставаш, масло или пак крема за раце, ставај по малку, колку да се смири, за да не ти се измрси косата.
И моjата коса е наелектризирана секогаш кога jа измиjам другиот ден како во штек да сум бркала Jа мразам
Препорака маска за коса која што го смирува електрицитетот на косата? Фарбана ми е косата, со ниту една маска не можам да ја скротам