Не се маски, ама се производи што долго време ги користам и се добри иако немам нешто огромен проблем со електрицитет, не ми се разлетува косата често, па ти ги препорачувам и се надевам ќе имаат ефект кај тебе. Капкиве можеш да ги најдеш во dm, не се нешто скапи, 180 и нешто денари беа, глис спрејовите мислам дека се на попуст уште.
Немам конкретен предлог за маска, но фризерот низ муабет ми кажа ако приметам дека косата ми е разлетана и наелектризирана, да барам регенератори кои во составот имаат BEHENTRIMONIUM CHLORIDE или CETRIMONIUM CHLORIDE. Тоа се антистатици. Јас го имам оној од новата линија на Garnier. Оats нешто има во името, не ми текнува во моментов како точно беше. Ми брка работа и супер мириса. Разгледај што има низ ДМ и маркетиве. Моја претпоставка е дека би требало повеќето регенератори да ја имаат состојкава зашто тоа му е и намената на регенераторот - да ја измазни косата. Исто, не е лошо да се прокиснуваат одвреме-навреме сите четки и чешли за коса во купка со регенератор за да не си играш пинг-понг со електрицитетот. Некогаш е и до четката/чешелот за коса. Само истури малку регенератор, убаво разнеси го по целата површина на четката/чешелот и остави да кисне во млака вода 5 минути. Плакнеш потоа и толку.
Мојата не е наелектризирана ама многу ми е сокината од што ми паѓаше и на сите страни иам антени. Чааре?
Јас мислам косата ми е наелектризирана највеќе од пластичниот чешалот, па потоа од што ми е сува. Треба да се користи дрвен чешел, ама неможам да најдам, освен оној од ДМ со широки запци. Гледам од али да си порачам таму има од бабус, од праскино дрво.
Што помага за наелктризирана коса? Во зимо повремено ми се праи вака. Каков чешел, каква маска и продукти би ми препорачале?