Јас од бившиот бев повисока според бројки околу 5 цм ама он секогаш беше згрбавен и испаѓаше ко цела глава да сум повисока, не ми сметаше општо, но во ситуации кога идевме на свадба или пак за искачање облакав ниски штиклиња и бев секако многу повисока, ама тоа.. Сега во иднина се надевам ќе си фатам повисок дечко!!
Да се 20 см, таман е според мене, девојката на штикли и само некој сантим пониска, тука не гледам проблем. Ама 30-40 см разлика... не знам, многу е. Не дека е важно некому во врска што мислам јас или некој друг, кој како си сака, ама не ви е тешка... комуникацијата ?
Мене благо кажано ме пали разликата у висина Јас сум така 157 некаде и од секогаш сум била по високи навежбани момци , за врски не сум имала многу а за мувачи така по 194-5 сум имала и баш ми било интересно
Он е 1,82 а јас 1,60 .. ама таман ми е не се плашам колкави штикли ќе облечам и дали би била повисока од него ако ги носам
ич ама ич не е битна висината, немат да бидите метро и 50 60 70 итн цел живот.. а и ич не е битно ако се работит за 10цм.. еве кај мене дечкоми е малку 4 - 5цм понизок од мене па мене баш ми е супер ко ќе се работит за љубов висината не е никаков фактор а коментарите од другите пак - уште понебитни
Никогаш не ме привлекувале многу повисоки машки, избегнував вакви. Дечко ми е ептен малку повисок од мене и супер ни е.
сопругот е повисок од мене едно 25см а може и повеќе но тоа не ни пречи на двајцата затоа што јас цело време си одам во штикли
сакам кога дечкото е повисок од мене пошо сум опседната со превисоки штикли а и така сум висока 1,65 а он 1,82 и мајката кога ке се испентарам на штиклине таман работа да сум повисока од него..тоа ми се живи смешки коа ке видам такви парови.. Ма он повисок и така со рацете коа ке му се обесам околу врат и го гушкам.најубаво ми е
Со највисоките штикли кои ги имам сум некои 2 cm повисока од него, но во овие 5 месеци дали два пати се имаме сретнато, а јас да бидам на штикла. А, така сум десетина cm пониска и супер ни е.
Дечко ми и повисок од мене околу 5цм,иако отсекогаш сум сакала дечкото да е повисок од мене околу 15цм,ама нема.И баш заради малата разлика во висината не си дозволував себеси да носам декои саглам штикли,бидејки не ми изгледа. убаво кога девојката е повисока,ама кога сватив дека самата се казнувам да носам штикли до 5 цм, а бидејки истите ми изгледаат како полжави па затоа и не носам,решив да не се замарам и да си носам какви сакам и повисоки,па иако не изгледа убаво. Битно мене ми е убаво кога ке се дотерам тип топ со штиклички,а ако не му одговара нему епа требало да порасне уште 10 цм минимум.
Јас сум си малечка и секогаш сум навикната дечковците да бидат баајги повисоки од мене. Нит мене ми пречи, нит нив. Всушност со моите 155 цм. и да сакам не може машко да биде пониско од мене па и со штикли, па затоа никогаш не се замарам со разликата во висината, кога знам дека бар 15 цм ќе биде повисок од мене со сигурност. А не дека мене не ми одговара така. Во просек сите дечки ми биле добри 15-20 цм (една глава) повисоки. Инаку, тоа е најневажното нешто кога љубовта е во прашање.
И јас сум ниска некаде 1.56 а дечкоми е повискок од мене 20цм и повеќе и не ни претставува проблем ако сакам со штикли ако сакам ниско секако можам а и ми годи повисок дечко...
Многу ми е важно да е машкото покрупно и повисоко од мене, инаку мислам не може ни да ме привлече воопшто. За среќа дечко ми е доста повисок, и штикли можам да носам и пак да е повисок.