15тина цм. е повисок од мене, супер ми е, со патики не изгледа многу повисок, а можам и штикли да носам и пак да сум пониска
Над 20цм е дечко ми повиок од мене, и никогаш не ми пречело. Секогаш можам да облечам колку сакам високи штикли и нема да го надминам. Не дека е правило али мажот би требало да е повисок и покрупен од жената, нели посилен пол се, треба и поголеми, појаки да се
Наместо да гледате разлика во висина при изборот на партнерда обрнете повеќе внимание на разлика во карактер би било многу по паметно. За жал многу повеќе се обрнува внимание на визуелната компатибилност отколку на карактерната. Ме нервира кога ќе слушнам, „Повисок е од мене или понизок на што ке личиме“ . А, на што ќе личите ако сте карактерно некомпатибилни, тоа и не е важно нели?
@Bah темата е разлика во висина. Ми приоѓа некој дечко кој физички не ме привлекува. Небитно дали е премногу дебел, слаб, висок или низок. Автоматски нема резон да правам муабет со типот и да го осознавам карактерно. Оти, нели правиме муабет за дечко, а не пријател? Факт е дека првиот впечаток е најбитен, а тоа поедноставно кажано е физичката привлечност.
Нема правила иако жените во глобала сакаат високи мажи, затоа што тоа им е знак на машкост. Сега и тоа е релативно кој-што подразбира под високо. Висината во многу случаи дава некој вид сигурност и самодоверба, но тоа не значи дека ако некој е висок/а е исто така и убав, згоден и атрактивен. Во многу случаи големата височина ја изобличува формата на телото и лицето, т.е. неправилна градба. Плус, голема височина носи и осетливи и лесно кршливи нозе. Многу фактори играат улога за привлекување. Убави црти на лице, убава градба, убави заби, убава фризура, смисол за гардероба и стил, насмевка, вокабулар на израз, дебелина на глас, израз во одење. Едно убаво парче гардероба на некого може да ти смени цела перцепција, или убава нова фризура. Секако дека височината е битна, но не е пресуден фактор. Мене искрено смешни ми се парови : таа 165, а тој 195 цм ( желба и било да има висок дечко). Таа покрај него е како патуљак( со извинение). Јас сум 197 цм висок и не би можел да се замислам со премногу ниска девојка( зборам од мој аспект ниска), затоа што јас би смешен изгледал. Инаку, за мене идеална женска висина е од 175-180 цм, а машка од 185-190 цм. Сега зборувам лаички, но има и 165 цм бомбона девојки. Се преку моите пропорци ми е претеризам од многу аспекти, а плус, ако некој се занимава со медиумска работа не се препорачуваат многу високи, затоа што камера не сака високи луѓе, како и облеката што не сака многу високи луѓе.
Пречките никогаш не се во висината на човекот туку во нивото на човечноста во луѓето.. Јас сум 165 цм, а тој е 2 метра тоа никогаш не би требало да претставува пречка
Јас 165 тој 190 па не ни пречи, напротив баш ни е слатко така да се подигнам на нозе малку за да го бакнам и за сликање кога сум во ниски обувки хахаха
некој денови неможам воопшто да приметам дали некој е повисок или понизок ваљда дека на ми е гајле за висина не ми значи ништо
Мислам дека висината не е некој голем фактор. Познавам двојка, каде што девојката е повисока 10цм од својот партнерот, а заедно се скоро 5 години. Кога е во прашање вистинска љубов, не се битни ни цм ни км.
Тоа се нарекува Француски пар , а со штикли или без +10 цм е тоа ? Иако љубовта нели НЕ познава (такви ) граници, сметам дека голема разлика на парнерите во височина или килограми прави само проблем-и . Некако не ми се јасни со ставовите (и потребите) таквите парови Старата изрека ,за секое тенџерче капаче јас го подразбирам и сфаќам поинаку ....
Хехе, Француски пар на Француски лежај + Француски бакнеж Шала на страна, девојката е без штикли 10цм повисока од партнерот, воочлива е разликата од страна, ама нив двајца изгледа им е занемарлива, не се оптеретуваат со тоа, уживаат во љубовта )
Јас сум 1.80 а тој е пола глава повисок од мене и обожува што е барем малку повисок од мене за да можам кога ќе ме гушне да ме стисне на него. Воопшто не ни пречи , нема ни за што да ни пречи.