Јас повеке од метро и пол не кренав па ги имав највисоките дечковци... Најопасните отрови се чуваат во мали шишиња и се најскапи
Пфф А што да кажеме ние високите вреќи со компир? But then again, who doesn't love fries? Мал отров или голем детергент, гледајте си го и карактерот малку, троа што можете поправајте, сечете, лепете, многу монтирајте
Ахахах јас сум ''просечна'' тој е повисок од мене, ама коа носам штикли сме исти или јас сум повисока, а често си носам. Разлика сме 10 цм, и ќефој сум коа ќе ме наречи малечко и го кршам вратот за да го видам.. сум била со еден мноогу висок и ќе кажам дека супер беше висината ама како шо кажа Самерка над мене мозоко е битен, а не висината. Ќе ги тегниме за уши и ќе пораснат
Ја сум метар и шумска јагода. И пак бившите ми беа токму-глави со мене Ама затоа сегашниов ми е и висок и крупен и една насмевка што има најубава на свет. Сметам дека разликата во висина не треба да е апсолутно никаков проблем за двајца кои се привлекуваат. Имам познаничка, 3 глави повисока од дечко и па функционираат најнормално.
Многу си грешка, отровот е ефтин, противотровот е најскап. Патем ние високите не се мачиме со штикли ако гледаме така, здравјето е најважно. И ние високите имаме високи дечковци и секако карактер, а ти секако залажувај се дека отровите се најскапи.
Драга во кревет не се гледа разликата, штиклите воопшто не се важни ни за во кола, како што кажа до карактерот е!
Јас сум 164см, а тој 166см речиси и да не се приметува дека е повисок од мене. А кога ќе облечам штикли на некоја прославаа охооо..се осеќам ко да си го шетам детето... Баш ми е глупо шо не е висок многу, понекогаш и на рамно кога сум одам подгрбавена да изгледа дека е повисок од мене ... ама не било се во висинаата де, срцко ми е он ...
Мене визуелно попривлечни ми се високи дечки, ама сепак овој пат таква среќа си имав. Јас 159, тој 162-3 Како дечиња изгледаме заедно двајцата. Делумно ми пречи, ама битно карактерно скоро во сè си одговараме. И онака не носам штикли.
Хмм... Јас сум 181цм висока. До сега, момците со кои сум била, биле +/- 185цм високи. Обично не ги ни загледувам ниските (си имам болки во вратот, затоа) Ама како што рекле "никогаш не вели никогаш"...Сега имам еден мал на повидок, 175цм....на мисла сум
172 цм сум, како сегашната девојка така и претходните сите се биле повисоки од мене, дали со 2,3 цм или 10...лично мене ова не ми пречи, веројатно и нив не им е пречило, ми немат бар кажано
Пред некоја година имав Србинка девојка. Тука студираше во МК. Девојката беше 186 цм висока, а нејзиниот брат 210 цм. За претерано високи машки Србија, Црна Гора и Хрватска се идеална можност да си најде девојка која ќе му одговара физички. @sjdgo Ти колку си висока?
Оти, за девојка да не ја земаш? Не правам некој си критериум околу висината али обично ме привлекуваат повисоки машки. Јас си сум нискичка -165, така да сите биле повисоки од мене до сега
Јас сум 162 а мојот партнер е повеќе од 185 и не ни пречи воопшто. Кога ќе застанам до него на рамни чевли сум доста пониска но така се чуствувам многу поубаво отколку кога и тој би бил сличен во висината како мене. Машкото и треба да биде повисоко од девојката. Не е важно колку, ако има љубов висината е најмал проблем. Имам една висока другарка која постојано се жали дека неможе да си најде партнер поради тоа што не сака тој да биде понизок од неа
Јас сум 1.71 цм а тој 1.81 цм . Во принцип сите дечковци ми биле повисоки , си имав само еден токмоглав ( искрено го гледав како другарче па врската кратко траеше ) и искрено , се радувам што мм е повисок . Јес да фатив ишијас , ама јас на штикла - таман сме ( тогаш доаѓа некој 2-3 цм повисок )