Јас бирам помалечки оти така добивам детски попусти кога идеме во кино и сл. Плус во бутици можеш да се издереш на продавачката , ајдеее нешто за детенцево да најдеме блузичееее А интересна глетка што ја гледам во последно време. Малечките фаќаат дечковци што се 3-4 глави поголеми од нив, а во позадина таа високата ја пцуе со поглед оти неможе да си најде висок дечко.
Напротив , не треба да имаат комплекси пониските девојки. На мажите не им е важна висината, дали се мали или големи пак ќе си ги сакаме и чуваме. Тоа само жени се замараат како ќе изгледале во јавност, што ќе кажеле комшиите итн...
Со дечкото сме дваесетина см. разлика, јас сум 165 а тој е околу 185 и не гледам никаков проблем во тоа. Секако дека не ги бирам партнерите според висината. И понизок да е и повисок да е јас ќе си ги имам истите чуства кон него.
Мене ми смета искрено. Јас сум 175 тој 174,173 За сантим разлика ама на штикла кога сум ме фаќа страм, глупаво ми е некако. И предходните така ми биле, сеуште не сум била со некој висок за да си одам ете без проблем и комплекси на штикла.
Ако те фаќа срам остави го човекот уште сега..не му го губи времето Јас да се срамам од таква работа, ќе одам еден куршум да купам и да си ги скратам маките...
Што мислите за девојките од 164 сантиметри? Дали се ниски и колку висок партнер им одговара? Дали треба секоја девојка да бира партнер според висината?
И јас сум повисока од мажот ми, јас сум 183 тој 176 со штикли можете да замислите колку штрчам, ама кога се фативме а и потоа кога се зедовме не обрнувавме многу внимание на тоа ма да он како да има некој комплекс барем јас имам таков впечаток.
Јас 165, сопругот 185 Двајцата сме крупни и кога носам штикли одлично одговараме така да сме си погодени
Јас 1.75 мм 1.80, но пошто јас сум малку по крупна од него, некако мислам дека изгледам повисока но во ниеден случај не ни смета
Висината е ирелевантна работа. Не треба да претставува пречка за една врска, ако претходно нема други посериозни проблеми. А да се заокружуваат бројки за идеална висина според лично мислење, нема смисла. Зарем некоја девојка ако има 160цм, е некомпететна за да излегува со повисок или понизок дечко кој и се допаѓа? Или ние со 185цм, исто така сме некомпетени за некој дечко? Ви се молам...
Нема машки толку ниски од 164 сантиметри. Мислам на некој со понормална висина, мислам дека не оди девојка висока колку мене со дечко повисок од 190 Но сум пред такво нешто и не знам што да правам.