Ако се сакате со дечкото и ако ви оди се како што треба, јас мислам дека не би требало да ти пречи тоа што тој е повисок. Не важен толку изгледот кај машко колку што е важен карактерот. И не му ја думај многу, уживајси
Тебе да ти е битен карактерот на дечкото. Оти има некој лепотани, кога ќе ги запознаеш кога нема да знае да сврзи два муабети, автоматски ја губит лепотата. Од убајна не се живејт.
Аман девојче, уште со тоа се мачиш? Ако е под 2м, нема зошто тоа да те мачи. Ќе се кренеш малку на прсти кога ќе го бакнуваш и готово.
Ама тој не е неубав, убав е само што имаме разлика во висината, тој има 190 и нешто сантиметри а јас за греота само 164. Највеќе ми е жал од секогаш сакав да бидам висока и сега мораше да ми се лсучи ова, наместо да се загледам во некој со просечна висина. Ме интересираа мислења.
Абе уживај не му ја мисли. Ако се нервираш демек ќе израстеш? Нормално дека не, затоа прифати се таква каква што си и уживај, мани штикличка кога ќе излагате и супер. И јас сум толку висока, и баш би сакала да имам толку висок дечко, од штикли нема да слезам многу сакам штикли
Ствар на вкус е тоа јас на пример , не можам да сум со партнер кој е глава понозок од мене или пак иста висина да имаме . Имено на полуматурата морав да носам ниски чевли ( балетанки ) за да не бидам повисока од школскиот , сепак не личи . Имав дечко со кој бев иста висина , и не можев штикла да си облечам бидејќи тогаш тој се губеше покрај мене . Сопругов ми е 10-12 см повисок од мене , и таман ми е . На штикла кога сум доаѓа не помалку од 5 см повисок . За ниските има решение не се јадосувај . Ако е максимално 2 глави повисок немаш гајле . Штикла или чевли на платформа ќе ти решат проблем ( колку толку ) .
Реков дека мразам штикли и високи чевли и не се сметам за ниска туку за просечно висока Вие со дечко ти немате проблем со 10 сантиметри и не знаеш како е. Кај мене се работи за повеќе од 25 сантиметри разлика а овие на сликата се бетер од мојот пример
Сопруг * па не е дека 10 см не се многу . Кога сум во патики врат кршам додека го погледнам а со оглед на тоа дека и јас мразам штикли и облекувам кога ептен морам .. знам како ти е од тој аспект ( се извинувам не го прочитав мислењето каде си напоменала за ова ) . Ти си знаеш најубаво како се осеќаш , јас само можам да нагаѓам
Најбитно е како ти се чувствуваш, дали ти е убаво со него. Што е битно што мисли некој од страна, слушај си го срцето. Не се секирај што ќе мислат другите. Но, чим волку се премислуваш веројатно не ти се допаѓа толку дечкото.
Во брзање напишав дечко ти, се извинувам Не мислам дека 10 сантиметри меѓу машко и женско се голема разлика, мислам дека таа разлика е идеална разлика. Ми се допаѓа многу. Многу ми е убав и се ама не знаеш како е да е некој повисок од тебе повеќе од една глава се чувствуваш како мало дете, незгодно ми е.
Јас сум малку повисока од мм. штикли не носам никогаш може малку подигнати до 5см во посебни прилики. Ама ич не ни смета во ништо.. Нити пак ние сме се замарале со висината. Никогаш сум немалса никакви предрасуди во животот. Крај краева што е битно кој е повисок кој понизок. Битен е карактерот и заедничките видувања на животот.
Ако идеална висина помеѓу машко и женско е 10 см., што да кажам јас? Маж ми е повисок од мене 32 см. Ама тоа не ми претставува проблем.  Побитни се други работи во врската отколку висината.