И што ако е повисока? Ако нив му е пријатно и не му смета, не гледам зошто тоа би било проблем.. Гледајте карактерно некој да ви е погоден, ако тоа го немате, џабе се останато.
Ако некоја е со понизок од нејзе, не ми пречи. Јас не сум била, и не би била... Едноставно, нема да се чувствувам привлечно покрај некој што е поситен од мене.
Се согласувам со WildMK. Јас не би се чувствувала пријатно доколку некој е понизок од мене, а секако не ми пречат другите ако си одат така.
Секој за себе си знае. Твојата реакција ми привлече внимание па затоа и ти реплицирав. Всушност тој е повисок од членката која пиша погоре, само според тебе тоа беше недоволно. Општо да е понизок и јас не би сакала, ама зарем треба да се мериме и на штикли дали ќе биде доволно? Нема зошто на некој да му се набиваат комплекси за тоа, а верувај се случува многу често. Жал ми е кога ќе видам високи и убави девојки на свечености по ниски чевли само поради ова. И затоа сакав да потенцирам дека барем според мене, тоа воопшто не е битно. Сепак како што реков, секој за себе си знае како му е најубaво
Имам средна висина, 169 см. Не ми смета ако некој е низок или висок. Имам многу ниска другарка, некогаш и помагам да земе нешто што е високо, а некогаш таа ми се наоѓа мене со тоа што секаде ја собира и секаде може да се протне. Мм е повисок од мене доволно за кога ќе ставам највисоки штикли да дојдеме на приблиижно иста висина. Познавам пар каде што девојлата е многу ниска, а дечкото е значи превисок. Дури мислам дека е највисок во градот. Долго се заедно, најверојатно и ќе се земат. Мене не ми сметаат нивните екстремни разлики во висината. Ме интересира какви ќе бидат нивните деца. Дали ќе земат од генот и на двајцата па ќе озвадат средна висина, или ќе преовладее генот на едниот од нив.
Негде некаде имам читано дека висината на децата се наследува најчесто од таткото, а интелигенцијата од мајката. Колку е точно, ќе пишам ко ќе родам Да не сум офф, ја сум 164цм он 186/7цм. Повисочок е малце, али мене ми одговара.
Јас сум 175см, маж ми е 183см. Кога носев штикли, сум носела и 12ки. Повисока бев од него со нив Не ни зедов во предвид дека рачунате за со штикли
Членката погоро мене ме цитираше дека 7см се малку. Порано носев штикли но не ни сметаше висината ниту сега ни смета а сум нон стоп во ниски обувки повеќе во патики. Така да според нас и за нас тие 7см ни се супер.
Јас сум 176 а мм 173 а имам и покрупна градба од него и плус се поправив малку откога забременив. Кога и да не сретнат негови колеги/колешки низ град секогаш коментираат -Жена ти е повисока од тебе
Инаку вака чисто за инфо, има и девојки кои не носат штикли, на пример јас, ниту па вооошто сакам да носам. Ако облечам штикли ќе го надминам либе, ама тоа што не носам е поради тоа што едноставно не трпам неудобни чевли.
@joy1 Ама таман.. 10 сантиметарска штикла ти треба да му ја стигнеш долната усна. Многу е лошо да си под 170. Од искуство. Со момци секакви имам дејтано. И повисоки и пониски и послаби и подебели. 195 е рекордот у висина на момак шо сум го дејтала. Имам другарка 2 метри и 20 сантиметри висока (од прилика). Лепотица е. На прст не можат да и се фатат, буквално.
Не ми е нешто битен фактор висинава. Само да не е ептен понизок од мене, што реално и не може да се деси маж да е понизок од мене, бар јас само 2ца до сега имам видено Ние сме си околу 8-9 см разлика. Мене ми е топ.
Топ девојка со околу метар и осумдесет висина и кепец со мали рамена и голема глава, пет шест сантиметри помал од неа. Совршено!