Јас околу 172-3 он околу 183-4 мисламмм. Вака сме таман, кога сум со штикли, тука некаде сме, али не е проблем. Мислам дека разликата у висина би ми била проблем ако сум ептееен повисока од дечкото, обратно се трпи
Тој е 182cm, а јас едвај 158cm. Ни со штикли не можам да го достигнам. Порано, па и сега ми се чини се имам потакчувано на тротоар за да го бакнам и гушнам, оти нема смисла вратот или стомакот да ги бацам, а стол на расклопување сѐ уште не ми гледа како опција.
Јас сум висока 180cm , и од секогаш ми годело тоа што сум висока , немам потреба од штикли во ниски обувки ми е топ само исправено глава горе и како манекенка , и тие со штикли не ми се рамни Затоа високи девојки сакајте си ја висината не ви се потребни штикли ..... манекенки сме си
^ И нам ниските не ни се потребни штиклите. Целењето кон достигнување на некоја висина, не е некоја потреба. Девојки и да сте нискички, убави сте си, манекенки сте си, не носете нешто што не ви е удобно само затоа што не си високи и ви "требаат". Височки девојки, не ги отфрлајте штиклите само поради тоа што сте " доволно високи за жени", бидете и 190 со нив, дотолку ви е мерак да ги носите. Just wear what you want and what you feel comfortable in. Не дозволувајте висината да ве диктира.
Јас193 она 168. Интересна ми е кога скока за да ме бакне или се качува на креветот за да ми се фали дека е повисока.
15 cm разлика треба да ти е до нос а не до брада. Или ти си повеќе од 185 или таа нема повеќе од 165 што да ти кажам
Lele mislenjevo e od pamtivek I ako veruvas sega si izmeriv glavata i negde od brada do gore ima 20cm, taka da verojatno si bila u pravo, ali da ne sitnicime za 5cm
Stikli, patiki i cevli so visoki gjonovi...trebalo da te tegnat za usi ko mala poise, koj ti e kriv sto si bila umna
Па не личи да е машкото пониско, чудно изгледа. Имам познаничка со дечко рамен на неа, двајцата ниски, смешно изгледаат дури, не може таа ни штикли да облече ради него.
Дечко ми е 5-6 цм повисок од мене. Си носам штикли, ич не се устручавам. Таман сме си. Си го сакам заради тоа што е, не заради висината .
Онаму во другата тема викаш дека црвче не врши работа, тука викаш дека смешно е машко да биде ниско и да не може девојката штикли да облече. Сум видела и чула луѓе со предрасуди, некогаш и јас сум ги имала, ама на вакви површни ставови одамна не сум налетала. Премногу за еден човек.
Маж ми е 5 cm максимум повисок од мене, не е ни толку ама си се теши. Мене искрено не ми се допаѓа визуелно кога ќе облечам повисоки штикли. Не сакам да сум повисока од него, а и не сум фан на штикли па океј сме. Во исклучителни ситуации (само по свадби) носам ниски штикли и таман сме