Факт е дека на некои машки незгодно им е да имаат висока девојка. Висината на некој начин ти дава статус на хиреархија. Јас сум висока колку просечен маж во Македонија, гледам мажи постари од мене, глава повисока сум. Мислам дека срам би ги фатило да искочат со некоја повисока од нив.
Точно така. А, како за белја јас сум ниска и се што сум излегувала биле високи мажи по 1.85-90...значи скоро секогаш такви. Сега пак исти случај каде висинската разлика е воочлива, но многу не се преоптеретувам, затоа што за другите работи функционираме одлично.
Јас цел живот се лупав во гради за тоа како единствен критериум кај дечко од физички аспект ми е да е повисок од мене. Ова важеше дур не кликнав со еден понизок од мене. Енергија >>>> висина.
Таа е повисока од мене 7 сантими а јас висок просек. Во пракса за жена е една од највисоките што ги знам. Ни мене ни неа не ни е тоа проблем. Сум бил и со многу ниски сега со екстремно висока сум. Има некои ситни разлики ама ништо битно. Висината не е фактор за мене.
Со бившата девојка бевме скоро 40 цм разлика. Таа се чуствуваше многу несигурна и мислеше дека изгледаме смешно како пар и раскина.
Зошто да му "одговара" пониска? Лол, колку глуп, непристоен и сосема непотребен коментар. Човекот рече дека ниту на двајцата не им е проблем и дека висината не му е фактор.
Има ли доста женски кои сакаат машки кои се на слична висина со нив или само малку повисоки како 5-6 цм? Вака на темите за висина имам чувство како сите да бараат машки по 20 и повеќе цм повисоки од нив. Јас лично сакам женски на слична висина со мене, а не сакам да се чувствувам како да си го трошам времето само. И тоа "ич не ми се допаѓа висината на дечко ми, ама има супер карактер па затоа сум со него" не е баш ок за мене, па затоа и не би сакал да сум во таква врска.
Различно секој гледа, физички гледано ми се допаѓаат 10/15 цм повисоки но има многу поважни пресудни работи од висина ако стварно ми се свиѓа у карактер и понизок да е не би ми сметало french couple jokes aside, понизок би ми сметало али слична висина е ок