Како што да мислиме? Да го грабнеш и бегаш, тие што ќе ти кажат не, не ти се другарки и страшно ти љубоморат.
Еве нека е и понизок, ако детето е добро, со добра душа, вредно, работно, те сака, почитува. Ќе го отфрлиш сето тоа затоа што неубаво изгледа? На кого? На комшивката од трети, на некој рандом небитен лик во кафиќ или колешка? Среќата не е во изгледот, во душата е. Да, за привлекување треба да изгледа човек убаво, но низок не значи нужно неубаво, и обратно.
Јас кажав дека неубаво изгледа , девојката да е повисока од дечкото , не знам зашто толку филозофии. Секој има свои критериуми и право да каже .
Ама тебе неубаво ти изгледа, тоа е предрасуда. Најмалку е битно како изгледате како пар во очите на другите ако вам двајца ви е убаво.
Секако дека прво треба да се гледа душата и карактерот, но за некои е битна и естетиката. Не е до тоа што ќе речат другите, туку до тоа која како ќе се осеќа со повисок или понизок. Различни луѓе сме, сепак имаме право и на лични преференци. Ако тебе ти е убаво, топ е. Не се замарај со туѓи мислења.
Предрасуда е и тоа некој да му кажеш добар фин па до висината е , повеќето луѓе се добри и фини ама не си одговараат , јас кажувам мое мислење не ми личи убаво, а ако јас така мислам не значи дека е исправно , ама најверојатно имам право да кажам што мене ме ми се свиѓа не знам зашто е предрасуда
Имаш право да мислиш што сакаш, ама реално, висината не треба да биде пречка за успешна врска/брак. Има парови каде што жената е повисока од мажот, па супер функционираат, и не им е гајле како изгледаат кога се заедно. Ако главен критериум ти е физичкиот изглед, ок, терај слободно, нема потреба да се правдаш дека тебе не ти изгледа убаво.
Што сте се фатиле толку за висината? Дај шанса нека се покаже каков е како личност може многу повеќе ќе ти се допадне откако убаво ќе го запознаеш. Воопшто да не ти е гајле што ќе кажат луѓето, убаво изгледало или не, џабе ако како пар физички заедно изгледате убаво пред другите, ако не сте доволно добри еден за друг.
Прво нешто што ни паѓа во очи кај некого е како изгледа, зарем никој немате никаков критериум и сите ви се "исто убави" додека не го дознаете карактерот? Мажите можеле да бираат според висина, тежина, боја на коса, боја на очи, како го држи телото и не знам уште што, ама жените не смеат да речат да е повисок од нив. Карактерот е најбитен и тој задржува да, но битно е и да те привлекува партнерот. Не мора да е модел некаков, мене баш просечни ми се свиѓале. Но не сакам да е понизок, бидејќи и јас самата сум ниска. Секој си има критериуми и тоа е тоа.
Точно, ама ако на некој ти му се допаѓаш зошто да не му дадеш шанса да искочиле на неколку дејтови и да се запознаете? Може има се друго што бараш освен висина.
Па тој нема сѐ што бара таа ако е понизок од неа. Лична преференца, јбг. Секој има право да бира по свои критериуми колку и да не се согласуваат другите. Сори, ама еве постоиме такви што не ни е естетски убаво со пониски или исто високи. И мора да се погледне од практични причини. Не можам да дофатам нешто што е ставено на превисок рафт. Сијалица менувам качена на скала или столица. И те како ќе ми дојде добро да имам дечко кој може сам да дофати и смени.