Замисли ја имаа таа висина а не знае да смени сијалица Шала на страна, поприродно и попривлечно е да е мажот повисок, а ако нема привлечност може да бидат само другарчиња.
Холивудски ѕвезди имаат пониски партнери, а ние уште се мислиме.... https://www.businessinsider.com/celebrity-couples-women-taller-than-husbands-boyfriends
Преференција е, не мислам дека треба сериозно да се сфаќа. За комуникација немам проблем ако некој ми е погоден, понекогаш е ок и да сте само пријатели со некој. Плус како што кажав, ниска сум и јас, низок маж за мене е под 165см, а таквите се помалку. Има мажи што не би ме дејтале и мене поради мојата висина/тежина, и тука јас не можам ништо. Тоа си е лично.
Понизок човек и да падне на мразот, од помала висина ќе падне и помалку ќе се повреди. А плус и пред тебе ќе падне и ќе те пречека доле
Според мене, Ова ми е точно како стереотипот во другата тема: "Ако е сиромашен е автоматски добар, ако е богат е автоматски лош", плиз, enough со моралните гимнастики Значи карактерот е важен врската да трае, но физичката привлечност е неопходна за да еден однос воопшто започне. Висината е само дел од таа физичка привлечност, не и целиот концепт. И не, висината не ја одредува вредноста на една личност, но споменатата привлечност е важна за една романтична компатибилност меѓу двајца партнери. А секој има различен концепт и вкус за тоа што му е привлечно. И апсолутно никој не мора да отстапува од неговите преференци, само за да докаже дека е морално супериорен или да не биде осуден И зошто секогаш жените се етикетирани како површни, кога личните преференци се обострани? Можно е некоја жена да не се чувствува женствено покрај некој низок. Но, подеднакво можно е ни некој понизок маж да не биде привлечен од повисока жена. Па тогаш како само жената е површна? Јас секогаш велам, покрај тоа да си вљубен во партнерот, многу е важно и да ти се допаѓа истиот од секој аспект. За да подоцна, не развиеш незадоволство и resentment ако едното од двете фали aka треба да си ем вљубен, ем да ти се свиѓа (карактерно и физички)
Зошто жените не смеат да имат граници за мене (ако бев маж), I'm entitled to it. Ама апсолутно мора да имаат граници за другите мажи инаку ќе биди окарактеризирана како лесна. Ете и погоре имаше прашање зошто не даела некоја шанса ако не е привлечна од некој. Па ваљда и та заслужва да е во врска со некој шо сексуално ја привлекува, не мора да прај settling само зошто маж ја бендиса и друга посекако не можи да си фати.