Јас сум малку пониска од дечко ми,некои 4-5 сантиметри,а баш сакам тој да е повисок затоа што кога ќе облечам штикли не изгледа многу убаво. Кога девојката е повисока некако не ми изгледа вкусно,иако познавам пар кој супер им иде,а девојчето е повисоко од машкото и кога е на рамно,а не пак на штикли
Да е повисок од мене нема проблем. Што повисок тоа подобро. Ми смета коа е понизок, на рамно ај иде некако тука негде сме, ама на штикли коа ќе се качам некако ми е незгодно
Некој кажа „малите работи се најубаво спакувани“ Ептен се согласувам со тоа. Девојки, машките сакаат пониски девојки, бидете сигурни во тоа. Ги прави да се чуствуваат повеќе заштитнички, силно, па и мачо. Повисоките жени ги прават да се чуствуваат понесигурно (секоја чест на исклучоците). Имаат дури и еден посебен израз на англиски „petite“ - вообичаено означува девојка која е пониска , но пропорционално градена. Што се однесува до повисоките девојки, и тие можат да се снајдат, само со малку повеќе барање. Јас имав една другарка од средно која беше 186 висока. Прекрасна, витка, долгонога со права долга руса коса која и доаѓаше дури до половината. И тешко можеше да си најде момче. Пред некое време ја најдов на ФБ, се омажила! Сопругот е една глава ПОВИСОК од неа. Ептен е среќна Да се распрашам сопругов на другаркава да не има слободни браќа ?
Дечко ми е од мене повисок 7-8 сантиметри,кога ќе застанеме еден до друг јас сум му до брадата,така да слободно можам да облечам и штикли, а повторно да е малку повисок од мене
Ако се согласуваат зошто да не биде понизок? Нема никаква врска тоа,ако можат да останат имуни на злобните коментари од околу се ќе биде супер. Инаку мене секогаш ме привлекувале високи и крупни машки,некако покрај таквите се чуствувам заштитено,сигурно.
ако машкото нема висина колку што е ми потребна...неможе да биде со мене. прво нешто шо гледам кај секое машко е висината ! нема шанси да бидам со некој колку мене висок или па понизок од мене ! таква сум ја...може не е баш убаво ама не планирам уште од почеток да бидам со некој кој ќе го откачам за брзо време...мора да ги има сите квалитети и да биде совршен ! може сум малце злобничка ама сеа...
Сега брзо еден пријател ми рече дека висината била битна се додека не си легнете во кревет е тука сте исти
A oбратната ситуација ?! Што ако он е понизок за некој сантим ?! Сте го дискутирале тоа ... Лично мислам дека нема никаква врска. Јас и дечко ми сме исто високи, па се сакаме најмногу, другарка ми е повисока 3-4 см од него, па најдобро им оди, и не се замараат со околината... Стварно, што има врска? Битни се другите особини и колку е некој човек ...
кога не сум качена на штикли сме исти ама кога сум со штикли доаѓам некој сантим повисока па што никому ништо на дечко ми не му смета а ни мене а имам другарка која кога е со штикли е повисока од дечкото и будалата не и дава да носи штикли е тоа да ви кажам е комплекс
Јас кога носам високи штикли сум колку него,а на ниско сум си малетко....морам да се подигам на прстиња,ама баш ми е убавко
Бившиот беше висок колку и јас- кога ќе се качев на штикли бев повисока од него и не се чувствував најудобно, па почесто бев на рамно или некои мали штиклички. Сегашниот е една глава повисок од мене и тоа ми е баш супер конечно можам да носам и највисоки штикли кои многу ги обожавам и да се чувствувам опуштено сега ми е подобро.
Бившиот беше некаде околу 10 цм понисок од мене,но јас бидејќи сум голем обожавател на штикли ги носев штиклите и сите го задеваа него поради тоа Мислам дека тоа воопшто не е важно бидејќи ако се сакате ќе се сакате без разлика на висината
Јас сум 160 а тој 180 и никогаш не носам ниско, многу сакам високи потпетици, кога ке се качам на 12ка таман сме а и на ниско да сум не ми смета многу не изгледа толку повисоко од мене. Кулирајте си убави сме какви што сме
Ух,баш е добро кога дечкото е повисок од девојката.. Мислам,тоа е нормално Немој воопшто да се грижиш. И дечко ми е 20тина см повисок од мене и убаво ми е Важно е да се сакате ! Во љубовта не се важни ниту центиметрите,ниту годините,ниту што мислат другите за вас.... Уживај !
Мммм порано ова ми беше болна тема...колку и да викав не се замарам пак се замарав.Имав дечко 2-3 сантиметри понизок од мене,ај што беше понизок туку и слабичок ситен леле мајко, а јас сум крупна девојка и кога требаше да отидеме негде,а јас да носам штикли воопшто не се чувствував убаво,а има мн парови така и кај нив воопшто не ми изгледа лошо ама ете јас мн се замарав.Сегашниот дечко ми е повисок 10тина сантиметри и е крупен па се радувам кога ке облечам штикли,дури и да изгледам повисока ете на пример со 12ка штикла не ми е гајле,по се изгледа дека повеќе кај бившиот ми сметало што е така ситен,а не висината.Уживајте девојки љубовта не се мери со висината!
Висока сум 176-7 и не ми пречи тоа воопшто,ниту пак имам комплекси дека нема да си најдам дечко..ее сега колку високи момци има.Еве дечко ми е 190 и супер си одговараме јас на штикли 185,тој 5 см повеќе од мене супер ни е. До сите високи девојки,нека не ви биде преокупација висината,кој не сака да биде во друштво со висока елегантна девојка .. А и за оние пониските,затоа се измислени штиклите кои не само што ќе ве направат повисоки туку и нозете ќе ви изгледаат манекенски
Леле многу ме охрабри со постов и јас сум толку висока отрилика 174 см и се некако одбегнувам да носам штикли или избирам помала штикла,мислејќи дека ќе испаднам многу висока спрема машкиве зошто поретко се наоѓа некој така повисок,ама добро може уште не сум наишла на некој таков
Јас сум 157,8, а дечко ми околу 175. Кога сум на штикли сме многу мала разлика. Би сакала да е уште малку повикок, барем над 180, ама нема. До сега сите дечковци ми биле над 185, ама ете ова е најмалецко, ама и најсакано