А што можеш да правиш? Ништо. Ако си среќна, што е важна висината? Јас сум била во врска кога сум била повисока, и тоа на штикли замисли ме. Како кон мравка да гледам. А сега сум 16тина цм пониска, што мене лично ми е важно, за да си носам високи потпетици.
Порано викав немат шанси јас да одам со некој шо е понизок од мене..а сега испадна 11 месечна врска со тип понизок од мене..а на него и го палат повисоки женски (не сум некоја жирафа,167 см негде ) нема врска тоа што е понизок.не е висината пречка за да успее една врска
слично и јас висока сум 176 така нешто а он е повисок од мене кога сум на балетанки а вака на штикли и да се 7 ца пак да му се плукнам сум повисока 3..4 цм. ама па што да му правам стално го буцкам да оди поисправено хехе
Дечко ми е повисок од мене десетина цм, не е некоја драстична разлика. Инаку висината не ми е воопшто важна и никогаш не сум се оптеретувала со тоа, и да е понизок од мене не би ми пречело.
Болна тачка ми е темава. Јас сум прилично висока (околу 180) и имам голем проблем со наоѓање на повисок дечко. Од 100% високи машки (над 187) во Р.М. 50% се до 27 години. Половината од овие 50% кои останаа се зафатени- значи 25%. Од тие 25%-10% не ми се допаѓаат и не ми одговараат карактерно- 15%. Да речеме дека на 5% од момциве кои останаа не им се допаѓам јас- значи 10%. Е сега видете вие колкава е веројатноста јас да се сретнам со овие 10% кои останаа Порано имав строг критериум околу висината. Навистина машкото мораше да биде повисоко. Како поминуваа годините- така се уверував во точноста на горенаведената “теорија“. Навистина и сега би се чувствувала прекрасно со еден висоооок дечко покрај мене (пар од соништата), но ете, високиот тип го нема никаде. Толку многу ги симнав стандардите, што сега се задоволувам и со висина од 180 (во одредени случаи). Сепак се надевам дека ќе се појави од некаде некој над 187 и ќе си бидеме совршен, висок пар Едит: а штикли си носам- гајле немам. Пониска штикла од 10цм во плакар- немам
Тоа ми е болна тема! Пред неколку години одев со еден тип кој беше ист во висина колку мене (175cm) можда еден до два неприметливи сантиметри понизок! Леле, значи ми се плачеше од болка во колената, кога мораше да стојам малце поднаведната или накрепена на една нога за да избалансирам! Која мизерија бев! А дечкото, пет пари не дава, игра до мене, си пиуцка, а јас се кривам во грбот, во нозете, во се живо и диво! Кога раскинавме, реков: “Наредниот дечко ќе ми биде 2m“!! Не дека имам кошаркарска висина, ама дотолку се искомплексирав што требаше време да помине, да имам повеќе од 2 пара штикли (12ки) во мојот плакар! И да, така како што посакав така и испадна...дечко ми е висок точно 195cm...!! Уф, колку го обожавам тоа кога ќе ми каже “Миник“ (демек сум била многу ниска покрај него!), ми иде да полетам! лечам комплекси-очигледно е, ама па сакам на женско да личам! Штикла ова-она, малце да се прчам и јас, а не пореметувања на ‘рбетниот столб да ми дијагностицираат!
па мене ми е убаво шо дечко ми е повисок,сакам високи машки.ама во некои моменти ме нервира ,зашто некако превисок ми изгледа мене,не можам да го бакнам убо. ама океј е,тој се наведнува најчесто и се снаоѓаме некако.Инаку јас сум 164, а тој 185 цм. и 12ка штикли коа носам,пак сум пониска! како и да е ,убаво ми е ,ама ме нервира понекад!
јас сум 164цм а дечко ми е 188цм,мака си немам штикли над 10цм патики балетанки абе шо сакам си носам,битно во кревет не се познава колку е повисок од мене,а згора на се може винтилаторче да си игра со мене Спојлер се качуваш врз него и те врти со раци како винтелаторче немаш потреба да си се местиш он сам ке те намести
Таков проблем имав во средно со еден типац, а одтогаш навака сите биле повисоки барем 2-3 сантиметри. А и не сум јас којзнае колку висока 170 цм, а Петко мој си е 190цм, абе таман сме си. Какви штикли и да облечам пак повисок е од мене 5-6 цм, и убаво ми е, затоа сме си убав пар, ем јас се прчам и одам и исправена, ем он нема проблем да оди исправено, да се наведнува за да ме бакне и сл. Убаво ми е, баш така сум замислувала дека треба да изгледа еден пар, складно и прифатливо. Морам да кажам девојката да повисока од партнерот ми е до негде прифатливо, но кога ќе видам некој 2 метри со некоја од метар и жилет (едвај метар ипол) се прашувам како функционират, тој ко врба висок а таа ко некоја грмушка и по улица се водат, па и не се водат се тегнат. Сега испаѓа дека глумам лудило, но навистина таквите драстични разлики ми се смешни, такви биле и мајка ми и татко ми, таа метар и 55 а тој метар и 90. Самата си признава дека до лакти му била, ама си се сакале што да им правиш.
ааа не мора да биде повисок од мене фала богу и таков е. Висока сум 177 а тој скоро 190 и можам какви сакам штикли да носам а да не бидам пониска. Во никој случај не можам да се замислам со дечко понизок од мене и на што ке личиме кога ке ставам штикли. На хипо и Чипо
Зошто да претставува пречка висината ???? Познавам само еден таков пар, ама луѓево се среќни, симпатични, се согласуваат , врската им е сосем ОК и им трае сигурно околу 2-3 години колку што знам јас . Зад нив ги озборуваат дека биле француски пар ( момчето пониско, девојката повисока), ама сепак ако се сложувате не треба да претставува пречка. Таков е менталитетот на голем дел од нашите сограѓани, мора да озборуваат.
доколку е тој повисок не би ми сметало воопшто јас сум висока 174 некаде, ама јас да бидам повисока од него едноставно неможам да си смислам,можеби ако станува збор за незабележителна разлика или приближна висина ќе биди ок ама повеќе не..или повисок или приближно колку мене
Шо е битна висината во љубовта. Па женски сме, постојат штикли! не би сменила да сум у таква ситуација, ако ме сака и ми е преубаво со него, зашто?!
Ма ајде. Постојат премногу поважни работи во една врска. Премногу! Јас со моиве 175 понекогаш искрено посакувам да сум некои 3cm пониска, за да имам (според мене) некоја „идеална“ висина за женско (а не дека 175 е нешто огромна висина), но никако и за да бидам пониска поради дечко, лично за себе си размислувам така. Еве дечко ми е само 5-6cm повисок од мене, па најубаво ни е, и понизок да беше, пак ке ни беше најубаво пошто си имаме иста аура. Познаничка што имам, дечкото до слепоочници и` е, а ене ги планираат веридба. И баш ми се срцки. Уживајте со тој што ви одговара. Љубовта не се мери во сантиметри.
Мојот е колку мене можеби неколку сантиметри повисок и ни малце не ми пречи бидеќи си се сакаме си одговараме па ако не можам толку често да носам штикли па не е крај на светот