Моето срце е повисоко од мене, така малку поише, без штикли сум му малку под рамо, со штикли, до уста, ама си го сакам најмногу на свет, и не сметам дека сме лош пар поради висината, па машко е треба да биде повисоко..
И јас сум малечко 159-160 цм некаде Дечко ми е некои 20 цм повисок од мене околу 180 цм и никогаш не ми претствавувало проблем тоа ниту пак нему,баш ми е слатко така кога ке му се стуткам целата во прегратка
Мојот е 11 сантиметри повисок од мене и баш сме фацки ,јас 159 тој 170 Додека седевме в студентски не викаа "малите глувчиња од Прилеп" И увек не мислеа бруцоши
Тој има 185, јас 170. Добри 15 цм разлика, но сакам тоа што е повисок, се осеќам заштитено повеќе И да, и највисоките штикли ми се на располагање
Во последно време гледам многу парови кај што девојката е повисока или исто толку висока како и дечкото. Мислам дека тоа е поголем проблем отколку голема разлика во висината, како твојот проблем.Не грижи се за тоа што ќе речат другите, ако на вас двајца не ви пречи, тогаш се е ок
Мојот бивши е 1,92, а јас 1,66. Епа сега видете како функциониравме. И со штикли бев пониска од него каде-каде. Али ми беше преубаво. А најинтересно беше кога бев во патики и ме држеше за рака, мислиш татко си ја шета ќеркичката. Ама па кога ќе се гушневме се осеќав толку заштитено и убаво и ....ах. Па добро уште си го гушкам. А ич нејќам парови кога девојката е повисока. Мислам, не да ги нејќам кој ме прашува ако нив им е убаво, ама за око не ми делува убаво кога ќе видам. И јас не би се чувствувала убаво, ама ич. Сакам да е повисок од мене, а не бурек да му јадам на глата.
Најмногу разлика во висина имав со еден бивш. Тој кошаркарски 193, јас стандардни и вообичаени 173 ко за женско. Со штикли бев таман Ама од друга страна конечно пред некој се чуствував слатко малецка. Се друго ми било на некој стандард од 185 до 187. Поубаво се чуствувам кога е повисок дечкото, а кај мене тоа е малку проблем, па кошаркари или одбојкари ми се на мета Да можам на раат да опнам некоја нормална штикла. А и сега не можам да претерувам баш - десетка штикла ми е толерирана колку за да бидам таман пониска уште едно 5 - 6 сантими. Најшубе ми е кога искачам со некој другар кој и не е баш највисок, па му штрчам над главата Ама хеј, сеедно е - битно е да се дружиме. А и таквите пониските ретки ги имам у друштво - кај се најдоа бре све кошаркари високи, да морам на прсти да се подигам за да ги гушнам. Обратна разлика во висината ми е малку смешна. Не сакам никого да навредам, ама француските парови ми изгледаат најнепривлечно и најнеубаво за око.
Јас секогаш сум имала дечковци колку мене јас сум 170 или малку повисоки од мене некои 5-6 см. И дали сум носела повисоки штикли со можност да ја натфрлам неговата висина? Се разбира. Не гледам поента да го поминам животот на рамно од причина што некој од страна ќе смета дека сме некомпатибилни или смешни или вотевр. Ако јас и тој сме се нашле на иста фреквенција искрено ај донт гив а фак. Мене Саркози ми буди презир од причина што апла се поткрева на прсти и што не успеал да го надмине комплексот кој му го предизвикува висината и да се прифати себеси каков што е. Во крајна сметка висина е непроменлива категорија и јас искрено не сфаќам ако со некој човек се поклопувам премногу карактерно и ми е ненормално привлечен да дозволам да застанат меѓу нас см. Мене ми е и помалку снобовски да гледам со потценување на луѓе бидејќи не биле со идеална висинска преклопеност. Се сеќавам во една дискотека кога бев на зимување дечкото беше над 30 см разлика поточно повисок од неа. Во еден миг како што играа ја крена и ја бакна со толку љубов едноставно зрачеа. За мене парови кои се олицетворение на меѓусебна љубов и согласност, кои се смеат и гледаат еден со друг на оној начин ми се мили и тука нивната компатибилност по висина или дебелина или убавина ми е ирелевантна и најспоредна. Исто како што навидум совршено убави во секој поглед парови и усогласени по сите физички нишани кои ми будат асоцијации како да се вратило леденото доба мене ми се далеку „понеубави„. Ама тоа сум јас.
Јас сум 167 цм, а дечко ми 11 цм повисок. Кога носам штикли доаѓаме на малтене исто рамниште во поглед на висината и многу се радувам, зашто онака морам да се покревам на прстиња и да го бакнам убаво. Што е до мене, никогаш не сум љубела особено високи мажи. А и никогаш не сум била во врска со таков, сите биле најмногу до 15 цм повисоки од мене. Вака јас од неутрално гледиште можам да кажам - ма не пречи, не се замарајте, сакајте се, висината ли е проблем, ама не сум искусила ваков "проблем" и навистина немам коментар. Мислам дека самодовербата игра најголема улога во врската, девојката која е несигурна може да биде сосем компатибилна во поглед на висината со дечкото, а ќе си најде други сопствени маани - криви нозе, вишок кг, вакво лице, онакви уши.... Мене лично естетски не ми одговараат вакви екстремни парови и обратно - превисока жена со низок маж. Спојлер А 5-10 цм и не се некој особен проблем според мене.
Јас и дечко ми сме слична висина ,он е повисок од мене само 2 цм ,и коа ќе облечев штикли порано секогаш се замарав леле повисока сум леле вака леле онака ,ама веќе не еден ден он сам ми рече што се замараш зашто да не си носиш штикли мене не ми смета да си повисока од мене неколку цм кога си на штикли И од тогаш си носам стално високи кога излагаме негдека
Не ми смета тоа што е повисок од мене цела глава. Баш напротив, кога ќе ме повлече кон него точно цела се вклопувам. А и ќе ме зграпчи убаво со рацете и нема мрдање, главата точно ми завршува под неговата брада, буквално можам да се заглавам. Лајк а пазл.
Повисок е од мене една глава, баш да можам да го гушнам и да го потпрам главчето кај него на гради. Лично никогаш не сум била со некој што е моја висина/понизок, не ми се допаѓаат машки што се високи 163 цм.
Не, не ми смета ако е повисок. Баш напротив, ми се допаѓа да е повисок(и е од голема помош кога треба да се облечат штикли ). Сепак тој е машко и е логично да е повисок од мене. Ако не му смета нему, не ми смета и мене. А дали на неговите другари и моите другарки тоа им се допаѓа или не не би требало да не засега.
Нејќам џин до мене, ниту џуџе, дечко што е на моја висина, чак и 15 -20 см. повисок е океј. Мојон е една глава отприлика и треба да го газам на патики за да го бацам, јеах, баш фраерски
Јас 162 тој 185. Ме нервира тоа ама што да се прави, спас нема освен штикли Се чуствувам како џуџе во споредба со него И ме нервира што кога ме гушне неможам да си ја ставам главата на рамото негово и му се туткам во градите и косата ми се наелектризира и ми се размачка шминката ако ме притисне посилно, и изгледа како татковска прегратка
Oбично ми паѓаат во око високите, значи 180+. Екс либето беше две ипол глави повисоко од мене, некаде 195 и ми баш ми беше интересно тоа што требаше да се наведне малце за да му шепнам нешто (на пример додека сме во кафич/бар), или пак да се подигнам за да го гушнам, ма слатко ми е иако факт е дека е огромна разлика, ама тука се штиклите и немаме гајле. Моментално овој што ми боде очи е тука некаде, 180, ни помалку ни повеќе. Некако не би се чувствувала удобно доколку би бил како мене, а висока сум 170че. Не дека висината е клучен фактор во изборот на мојот партнер, не патам од комплекси, ниту пак имам штикла-манија 10+ и слободно би толерирала 175, ама осумдеска си е осумдеска, а и посимпатични ми се високите момци и се чувствувам некако посигурно во нивно друштво.