Со мојов сме тука негде во висина, јас сум 178, а тој 182, не се замарам зошто ретко носам штикли, а и да носам него не му смета, мене не ми смета, we're cool
со дечко ми сме одлична разлика во висина, јас 170 он 180 таман и на штикли кога ќе се качам он е повисок
Јас сум 153cm дечко ми е 185cm и не ни смета и на двајцата .Баш ми е слатко коа кје ме гушне се чувствувам убаво и заштитено
Повисок е од мене цела глава Ама затоа и 12ка штикла да носам, немам гајле. Подобро да сум пониска од него, отколку да сме со иста висина, или што е полошо - јас да сум повисока. Мене лично не ми се баш симпатични таквите „француски парови“ како што ги нарекуваат, кога девојката е повисока од дечкото.
Јас не сакам многу повисоки од мене. Сакам кога ќе го фатам за рака да не ме боли рамото зашто треба да ми е во вис или пак да за да го гушнам да треба балерински движења да изведувам Јас сум 160, дечко ми е околу 180 и ми е погодено, особено кога сум на штикли.
Висината не игра никаква улога. доколку вас си ви е убаво. ММ е повисок од мене некој цм, и мене ми е баш најубаво така Ми е многу интересно, не мора да се поткачувам за да го бакнам или гушнам. Од што ми е сладок, можам да го изеам, и така малечок, коцка чоколадо
Eее, и јас си мислев, како сега ќе носам гајби со мене секој пат кога ќе нема клупа за да седнеме .. Али Чика Паја је био у заблуди наравно. Нишо, тоа ми беше мал хир на времето. Како јас, 1.60 cm (или тука негде) со скоро 1.90 cm ?! Па и не ми беше лагодно кога ќе се гушневме а јас како daddy's little princess бев. Тоа ми помина искрено кажано, он па не се ни замара, а јассе чувстувам многу сигурна кога го држам моето џинче за рака, а другите мислат дека ја шета ќеркичката во паркот.
Тој е повисок од мене , некаде е 183-4цм , а јас пониска од него така да можам раат да си носам штикли и супер изгледа .
Јас сум 165цм, а дечко ми 172цм(ако сум запомнила добро, а мислам дека да ) јас постојано носам штикли, па сме скоро исти. Мене воопшто не ми пречи тоа, а и не се замарам нешто дали да носам или не повисоко.
Висината воопшто не е проблем, барем не за нас. Дечко ми е 1-2цм. понизок од мене, па си немаме гајле А и така, сега си имам изговор за да не носам штикли Добро, признавам.. важно е да не изгледате ко мајка и дете, ама ако тој е малку понизок не би требало да ви пречи.. Иначе, колку и да е повисок, според мене.. нема зијан Уживајте во љубовта.. висината не е битна
Дечкото што се гледав до пред некое време беше 8см повисок од мене, што значи на штикли јас бев повисока од него 4-5см и воопшто не ми претставувало проблем
Јас сум висока 174 а дечко ми е понизок од мене 5 цм (169) идеме скоро 2ипол години и ни е најубаво!! Никаде не пишува дека е морално дечкото да е повисок од девојката, на кој како му одговара, кој како ќе си ја најде сродната душа Епа искрено мене ми смета понекогаш што сум повисока од него, пошо сум таква што понекогаш се замарам со туѓите мислења, ама мене ми е најубаво со него и плус си носам и штиклички (највисоки 10цм) и решив да не се замарам веќе.. Стварно вака на око не делува можеби совршено ама секогаш си се тешам со Том Круз и Кејти Холмс Како и да е, муабетот ми беше дека висината воопшто не е важна ако го имаш потребното внатрешно исполнување со љубов и среќа
Искрено мислам дека висината не е битен фактор во љубовта,но меѓутоа да не биде некоја ептен голема драстична разлика.Али наважна е љубовта,а не висината,а мене лично посимпатични ми се пониските девојки
Хм, ние сме иста висина (околу 176), ама кога ќе сум на штикли има така поголемка разлика во висината. Сме правеле муабет за тоа и ми кажа дека не му смета и знам дека не би требало да е проблем, ама пак некако глупаво ми е. Па уште и мајка ми ми соли памет, кога сакам да купам обувки секогаш ми вели што ќе ти тие високи не можеш со него да ги носиш. И сега кога и да облечам штикли некако потсвесно си мислам леле колку сме смешни.
Јас сум 173 височка, а дечко ми е 180 таман значи, и кога ќе опнам штиклица од по 10 сантима и тогаш сме онака најтаман, но сепак сакам јас повисоки снажни мажи така над 190, зошто сум висока јас и сакам повисоки од мене да можам на раат штиклица да опнам и од по 15 сантима Незнам ете зошто но отсекогаш сум сакала повисоки од мене да се машките, да се знае кој е МАЖ а која е ЖЕНАТА во врската хаха
Јас сум пониска од него..ама тоа не му пречи баш напротив нејќе да бидам некоја висока вака коа идеме на "свечености" јас редовно носам штикли и така убаво си личиме.