Дали ќе успее тоа од вас зависи, ама за мене тоа е голема разлика. Дечкото има други гледишта на пример сериозна врска, брак. А девојче на 18 години има сосема други гледишта на повеќето не им е за сериозна врска, а камоли па брак.
Во принцип, не оправдувам озбилна врска во никој облик додека не решиш што сакаш во животот. Научи се да живееш без него - па научи се да го вклучиш него во твојот живот. 18 и 27, дали тој е спремен да ја "чека" девојката, какви планови има таа, дали сака да студира, да работи и да гради кариера или да биде домаќинка. Ако се на иста возраст, а сепак млади и двајцата, прашање е дали се доволно зрели да мислат на иднината понатаму, дали плановите им се совпаѓаат и слично. Неминовно е да има проблеми Кога си зрела и изградена личност, кога си ти најважната личност во твојот живот, тогаш е лесно, ќе најдеш некој што совршено се вклопува во него. Тоа е една хармонична врска, кога и двајцата знаат што сакаат и не се трудат да се менуваат за другиот.
Имам другарка која има 18 години а дечкото нејзин 26/27 не знам точно, па мислам дека супер им е, летово ќе бидат веќе 3 години заедно. Така да, ако има вистинска љубов не е страшно. Јас лично сакам повозрасни (без претерување нормално) некој така ко таа што си има, ми делуваат позрело. Мајка ми и татко ми исто така 10 години се разлика па еве ги никогаш не се скарале сериозно од кога знам за мене. Според мене 10 години би било најголема разлика што би ја прифатила, иако подоцна во животот се помалку се приметува разликата. Да имаш 15 години на пример а тој 25 повеќе се приметува откако кога ќе имаш 40 а тој 50. Најбитно е да има љубов.
Пробај па види. Нема ние што да мислиме. Вујко ми и вујна ми се 10 години разлика. Се запознале таа кога имала 19 тој 29. Ете ги во среќен брак, со три деца, со се... ко од бајка Се зависи од случај до случај. Пробај, види како ти одговара. Не губиш ништо.
Да многу е. Ама како викаат Љубовта не знае за граници. Ако ти си среќна,немаш потреба да се замараш што другите мислат. Ако тебе ти е убаво има љубов,слога,разбирање,доверба,заеднички јазик тогаш кулирај и уживај.
Не сум сигурна дали е само многу силна сексуална привлечност или има нешто повеќе.Да пробам ли сепак?
Можете да пробате да видите како ке ви оди не мора да му се препушташ целосно на типот одма. Ако гледаш дека нема никаква искра помеѓу вас повлечи се.
Да тоа сакав да го кажам. Мислев дека сте во врскаи затоа ти дадов такви совети да не се секираш ако се ти е убаво. Ама ако нема ништо сеуште,пробај само, ако не осејкаш ништо тргни се настрана ти кажав. Ако нема никаква привлечност залудно е да го губиш времето.
Probaj.Ako ne vleguvash vo nekoj triagolnik togash vredi da se proba .Neznaes kaj ti e srekata.Sama ke si ocenis.
Незнам како да прашам..колку време да се чека за имање односи во ситуацијата како мојата?Како вие би постапиле?
и јас така размислувам да бидам искрена зошто многу ме привлекува ама советот на членката ме замисли на поинаков начин.Што ќе се случи ќе се случи.Фала за коментарите на сите.