Не се согласувам дека треба да почниш нешто. Не ви личи да одите со постари 10 години, ама пробај на женско објасни му, за инает ќе оди.
Никогаш не ги личи а најмалку ги личи женските до 30 години ама и понатаму не ги личи. Не може истиот да не е за неа кога има тој 28 а на 38 да и биде таман . Јас никогаш не би бил со 10 години постара и не разбирам како на многу женски им е во ред да одат со 10 години постар. Тој кога менувал женски таа играла со кукли и мајка и ја држела за рака.
Незнам што да кажам,мојот сопруг од мене е постар 9 години . Кога се зедовме јас имав 21 мојот сопруг 30. За тоа дека додека јас си играв со кукли мојот сопруг си бркал женски се смееме и шегуваме до ден денес.Едноставно се вљубив во мојот сопруг тогаш прв мој дечко и еве не 14 години брак.Едноставно без причина го сакам ,се чуствувам убаво, сигурно ,заштитена. Но од друга страна го почитувам мисленјето и одлуката на оние кои не сакаат голема разлика во години со партнерот. Јас пак не сакав партнер кој е помал од мене,а за жал ги имаше доста такви коми нудеа врска,ама не бев заинтересирана нешто ми фалеше.
Јас мислам дека најдобро секој да се држи до својата генерација или машкото да е поголем 4 години максимално, може 5 ама и 5 е многу Ништо повеќе и помалку. Вака со по 10 години разлика се бараат за секс и се лажат самите дека е љубов и кога ќе помине време сфаќаат, ама касно ќе биде откако се ставиле во врска или во брак. Ништо не го заменува чувството да си со твоја генерација или одприлика блиску, тие се луѓето како тебе.
Пак ќе пишам во темава. Скоро еден месец сум во врска со дечко што е 9 години постар (јас имам 20 тој 29) и искрено никогаш не сум била посреќна. И тој истото го вели дека е најсреќен со мене. Имаме премногу слични мислења и ставови, многу љубов и разбирање. И прв дечко ми е, прекрасна личност, нешто што го посакував цел живот. Не е до разликата во години, туку до личноста до тебе, иако мислам дека сепак 10+ години разлика е веќе претерување.
Срцето не прашува за години кога се заљубува. Доколку има љубов помеѓу двајцата врската ќе успее. Но сепак и јас мислам како @Amellie13 не е до разликата во години туку до личноста до тебе. И јас би рекла дека 10+ години разлика е претерување.
Штo мислите, кaкo би пoстaпиле дoкoлку мaшкoтo е 21 женскoтo 23? Мнoгу е мaл, несoзреaн. Не прoшетaн -иживеaн хх ? Штo мислите зa тaквa кoмбинaцијa?
Не мора да значи. Јас и дечко ми сме разлика две години, тој е помал од мене. Му завидувам искрено на начинот на кој размислува. Сам заработува не зависи од никој. Ама сепак ке кажам тоа е индивидуално. Не мора да значи дека не е созреан, неизживеан итн.
Сепaк 21 гoдинa ama некaкo... a не стoи кo зa тие гoдини. Дo душa не сме прaиле муaбет зa тaквa врскa, oзбилнa сеуште ништo не е имaлo oд oвaa причинa и oкoлинaтa штo е т.е. тие пет души oкoлу мене... изгoрев oд пoгoлем еднaш и тoa мнoгу и сегa ми ее стрaв бaшкa oнaкa кoгa пoдрaзмислиш пoмaл.. @LollySky
@SunnyGirl2 E jaс баш имам спротивни искуства, две прекрасни долги врски со дечковци кои биле помали од мене 3 и 5 години Едноставно најбитно е да си одговарате како карактери и да имате исти потреби и очекувања, се друго е неважно.
Отсекогаш ми биле кјут парови каде девојката е постара неколку години. На некои машки им фали тоа, поубаво се чуствуваат со девојка која има поинаков став од неговите врснички. Освен тоа и гордост е за машко да фати постара. Нема зошто да се мислиш, ако имаш шанса искористи ја.
Едно нешто ќе кажам: некогаш немаат врска годините со тоа колку личноста е зрела или не. Се зависи од тоа на какви луѓе наидувате и во каква околина сте. Личноста може и 5 години да е помала од вас, а да ви дава и топ совети и да ви е преубаво со неа, додека личноста што е 5 години постара од вас може да е во период на неиживеаност и да е токсична, што џабе ќе се дружите со таква само затоа што се запознале неколку години постара и мислите дека ако се дружите со постари се осеќате погрди. Може ова важи спротивно за машките ама ова некогаш е така. Кај мене годините не играат многу важна улога. Ако видам дека океј се понаша би се дружела со таа личност.
Од кога знам за себе ме привлекувале постари машки, минимум 2-3 години постари од мене, максимумот ми бил 10 години постар. Искрена да бидам, на последниов воопшто не му се гледаа годините, ептен нежно изгледаше и многу "трчаше" по мене, ама јас едноставно бев во некој период кај што не бев спремна за ништо и јас го оставив. Сега, имам спротивна ситуација. Ми се допадна дечко помал од мене 2-3 години, мислам дека и двајцата да бевме 20+, разликата немаше да биде толку страшна, ама во овие години се забележува зошто најмногу се расте, а он е сега баш тинејџер, па дури и една година прави голема разлика. За зрелоста не можам сеуште да го проценам, го имам видено само неколку пати, ама ми личи на океј, бар последниот пат кога го видов се постави фино и културно. Нели, како постара, го преземав првиот чекор и го аднав на фејсбук, ама сега не знам што би понатаму. За еднаш или два пати ми нема поента, тогаш подобро ич, а за на подолги стази не знам дали е паметно, зошто постојат и други фактори освен возраста. И да напоменам, многу ми се допадна, а јас кога ќе се запнам за нешто..