Нема ништо лошо во тоа ако и двајцата физички се привлекувате и има хемија меѓу вас. Немам ништо против тие врски без обврски се додека и двајцата целат кон едно, а тоа е сексот. Лошото доаѓа тогаш кога кај едниот ќе почнат да се појавуваат чувства. Сепак ти самата кажа не сакаш емоционални врзувања, така да не гледам причина зошто не би. Единствено би ти рекла да се запознаете малку подобро во живо и да направите отворен муабет за тоа што сакате и двајцата.
Според мене тоа е премногу. Значи не е 10 туку 18 а тоа е уште повеќе и не би била со некој со кој би била 18 години разлика.
Најофтопик ама морам, ми се превртува стомакот од ваквите мажиња. Девојко ти си сега во ранлив период, сама кажа во каква фаза си. Тоа јас го разбирам како: ново хоби, појасно гледиште кон светот, цели, време за себе , работење на себе. Така ќе се пронајдиш себеси. Сите паѓаме, животот е борба и секоја сама си трга по патот кој мисли дека е најлесен со цел да се издигне. Под издигнување не се подразбира губење на достоинство, тоа што на некој му фали секси па го бара виртуелно не си ти должна да му помогнеш. Те прашал воопшто како си? ти праќа порничи, го ... со тоа што ти му дозволуваш, вулгарни слики..А гордоста кај е? Никој културен, воспитан не би се поставил вака кон девојка колку и да е млад. Ова е чисто непочитување кон тебе.
@Feather123 мој совет е дека прво треба да видиш дали имаш хемија со него. Можеби нема толку да те привлекува кога ќе дојди. Излезете на кафе, види како ќе ви оди. Ако имате хемија - зошто да не? Ако единствена работа поради која не сакаш да одиш со него е зошто си била претходно само со еден, не сфаќам зошто? Сметаш дека неможиш да ги исполниш желбите и муабетите кои ги имавте, или пак сметаш дека треба да имаш секс од вистинска љубов, или пак не си сигурна дека целосно ти се допаѓа дечково? Која и да е од овие опции, одлуката треба да биди на тебе, да не се каеш потоа (едит. Треба да одговара на твоите карактеристики и твоите убедувања). И за крај, кога прави нешто несоодветно - не го препишувај на годините туку стави го во целосната слика за него како личност, а тоа е неговото пуштање на слики, или бар иницирање на тоа до степен да успее. Тоа е нападно, барем во мои очи, но ако тебе не ти смета - тоа е целосно на тебе.
Разликата во години не е битна од сета врска најбитно е карактер,согласување и верување на партнерите. Не оправдувам големи преголеми разлики во годините на пр таа 23 тој 45год. Годините и убавината е пролазна. Еве јас од дм сум постара една година па ништо не ни фали супер ни е.
„Разликата во годините меѓу партнерите често негативно се коментира. Иако во прашање се приватни работи во кој никој не треба да се меша, социјалните табуа тешко умираат. Поради тоа многу научници се занимавале со оваа тема. Неодамна објавената студија во списанието Journal of Population Economics покажа дека „идеалната“ разлика во годините меѓу партнерите кога станува збор за брачно задоволство, не постои. Едно истражување покажа дека мажите и жените во поголем број случаи биле задоволни со помладите партнери и незадоволни со постарите сопрузи. - Заклучивме дека мажите, кои се ожениле со помлади жени се задоволни, додека оние кои имаат повозрасни сопруги се најмалку задоволни - нагласува професорката, коавторка на студијата Тера Мекиниш. - Исто така жените, кои се задоволни се оние, кои се омажени за помлади мажи, додека госпоѓите, кои имаат постари сопрузи се помалку задоволни - додаде таа. Незадоволството вообичаено се јавува меѓу шестата и десеттата година во бракот. Истражувачите веруваат дека незадоволството може да се јави поради различни одговори на финансиски ситуации. - Забележавме дека двојките со голема разлика во годините имаат поголема тенденција да бидат незадоволни со својот брак кога ќе се соочат со економските проблеми во однос на двојките меѓу кои постои мала разлика во годините - додава Мекиниш.„ извор
Луѓе едно прашање. Ова не е лупање глупости и сл. но што доколку тој е седум години помлад од неа? Значи маж помлад од жена седум години? Знам, најважен е карактерот и сè и ако е добра особата зошто да не, но би сакал да чујам и други мислења. Благодарам.
Ти благодарам што пиша. Чекав малку и на другите да ги видам и нивните мислења али во ред е. Прашувам зошто да речеме обично кога станува збор за женско кое е помладо од машко 7 години е во ред, прифатливо е и сакав едноставно да чујам што мислат другите кога станува збор за машко кое е помладо од женско седум години. Додуша сè уште не е стигнато до таму да се има врска и сл. тек сега почнува запознавањето па ќе видиме како ќе оди работата понатаму.
Се' зависи од жената. Некои жени сакаат постари мажи, некои горе-долу врсници или помали, некои немаат такви преференци. Еве, ќе ти кажам личен пример, јас отсекогаш сум сакала постари мажи, арно ама се затрескав во тип помал од мене три години, и тоа во баш најкритичните години, он е тинејџер сега. Значи, постојат и исклучоци. И право да ти кажам, ако е сеуште дете, со него во најголем дел од времето комуникацијата ми се одвива подобро отколку со некој што бил постар од мене 4-5+ години, ме исполнува и на емоционален и на сексуален план. Е сега, зависи и од тоа колку години имаш ти, а колку девојката, зошто сепак има разлика од три до седум години. Пример, ако ти имаш 20 години, а она 27, тука ќе имате поголема разлика и судир во размислувањата, ти ќе бидеш "дете" за неа. Како и да е, прво запознај се подобро со девојката, најважно е како комуницирате и се согласувате, на крај краева седум години се во прашање, не се 27, не е страшно. Ти посакувам среќа.
А што ви е гајле што мислат другите?! Сеа да зеам јас да прашувам тука дали да идам со некој постар 10 години... Дај не ме је*и!
Потполно се согласувам ако јас сакам некој и да има разлика во години и мене да не ми е важно тогаш која е поентата да ми е важно што другите мислат. Луѓе живејте за себе не за другите !
Имаш право, не викам не. Но ајде ете, реков да поставам прашање па да видам... Првин да видам како ќе оди комуникацијата со девојката, се надевам дека ќе биде сè во ред.