Зошто дане би биле разлика еве 10 години на пример,тоа зависи од човекот од него на пр да е 27 а таа 18 ако тој разбира се знае не погледнува друга знае дека уств таа е таа а и 18 годишните се забавни неможе 27 годишен да и забрани нешто ако таа не дозволи а може и таа 18 годишна размислува поразлично од др нс нејзина возраст и тука се губи разликата во години
Таа може да размислува поинаку од врсниците, ама сепак, човек на 27 години има повеќе животно искуство, и со тоа, многу е тешко да успее таква врска. На 27 години луѓето веќе го поминале образовниот процес, работат, имаат други интереси и начин на живот од средношколци.
Имам искуство со 3 постари жени и тоа 10-15 години. Се покажаа како не доволно зрели, дури злобни, манипулативни и искомплексирани. За среќа не сум повеќе таму
Да, но можеби тој ја сака иако е помала и сака да си ја расте и да си ја чува. Јас имам еден другар кој е во врска со една девојка, таа има 17 години а тој има 24. Тој самиот ми кажа дека уште од почетокот кон неа се поставил заштитнички. И како што поминувало времето тој ја сака и се реши дека ќе ја чува и ќе ја расте и ќе ја изгради во добра личност што пред се ќе верува во Господ. Ете ги и до ден денес се заедно и искрено посакувам на секого да има некој таков во животот безразлика колку години би имал тој. ☺
Да си ја расте? Нека си направи дете па нека си го расте. Девојката си има родители за да го прават тоа за нејзе. Не сум знаела до сега дека една љубовна врска може да има и други цели
Има, има. Намерно ќе ја начека мала, зелена и уште недефинирана ни во ставови ни во карактер па полека ќе ја измоделира во негова совршена девојка, да биде онаква каква што он сака, по негов терк. Баш како што пиша членката погоре- ќе си ја порасне. Custom made животен партнер
Кај нас сите сакаат журки, дискотеки и гледам на форумов дека некои го поставуваат прашањето: како една млада девојка ќе иде со доста постар дечко на кого тоа му здосадило или не се уклапа у тоа, како ќе го примат нејзините другарки и сл.? Епа овде игра улога начинот на живот у дадена средина. Доста патувам у странство и приметувам дека у некои земји ноќниот живот уопште не им е битен. Кај бе ти таму да се журкаш секоја вечер? Само една пијачка е рецимо 5-10-15 евра и таксито е скапо. Заради високите цени на становите, многу луѓе живеат далеку од центрите (испаѓа живееш у Куманово, а работата или факсот ти е у Скопје). Исто таму ноќе е поопасно, па девојките се прибираат порано. Може некои зимаат часови пијано, јазици или фитнес, зумба-мумба и толку, тоа им е слободна активност. Таму идат на спиење кога кај нас се искача. Не викам сите, но голем дел. Многу луѓе таму се будат буквално „со петлите“, па фаќаат подземна (или надземна) железница и се м’кнат саат-два до работа или факс и уште толку назад. Млади девојки ’рмбаат за да си платат кирија, студии или за да помогнат на родителите да отплатат кредит. Има и такви што многу учат. Немоеш таму секој ден да се шлаеш со друштво. Тоа се големи земји, па заради подобра работа или студии луѓе се селат во доста оддалечени места и со тоа ја прекинуваат врската со друштвото. Има девојки што едноставно немаат друштво. Може ќе се видат еднаш у 100 години и толку. Можда ради овие причини, таму може да се најдат млади девојки кои се понашаат нешто позрело од нашиве, па еден постар момак можда ќе се најде у муабет со нив. Не викам дека увек упалуе, далеку од тоа, али може да се проба. Со девојка ми сме 15 години разлика (ја сеа сум у СК, она е таму, али се глеаме у секоја можна прилика). Некои ме прашуваат па што праиш муабет со девојка 15 години помлада од тебе?? Ја сум арти тип, ме занима рок музика, филм, уметност, па ако иаме слични интереси, ете ти муабет. Не мора дискотеки, не мора журки, шетња низ парк или кафе било каде ќе заврши работа. Понекад може свирка, изложба и така, ама не мора секој ден. Поголемиот дел од времето го проведуваме заедно дома, глеаме филмови и да не редам што све друго може да се прави, нели... Мислам дека кај нас многу се комплицира („а што ако ова, а што ако она“) и луѓево претерано се бават со ноќниот живот (мислам ко воли нек’ изволи, али не е тоа најбитното).
Па кај нас воглавно нема и што друго да се прави. Се чека на мама и тато додека да се женат/мажат, незнаат што е работа или како е сам да живееш. Кај нас многу тешко (со некои исклучоци на кои им се восхитувам) да видиш човек (без разлика машко или женско) кој на свои 20 години сам живее или се издржава. Па и поголем број од родителите кај нас така воспитуваат, седи си дома топло, ќе имаш за јадење, да не ни се мачи детето и ред други работи. И на младинава во која и јас влегувам и останува ноќниот живот и друштвото. Затоа неможат да се вклопат со постар партнер кој веќе самостојно си го гради животот. Сепак има и девојки посериозни, кои поинаку размислуваат и имаат добри врски со повозрасни мажи.
Јас имам едно "златно" правило со разликата на години. Мајка ми ме родила на 19 години. Ако некој тип е поблиска генерација до мајка ми отколку мене, значи е многу голем.
Јас сум сексал многу постара девојка од мене, но врска не би имал никогаш. Големата разлика во годините си го прават своето. Брзо стареат жените. Не би сакал супер бабичка да шетам покрај мене кога ќе поостарам