Во ситуацијава ништо не е за оправдување. Ниту тој од 23 год. кој што на свои 18 се фатил со 11 годишно детенце, ниту тој од 29 што би одел со 16 годишна ниту пак таа која би одела со двајцава.
se izvinuvam so latinicava nikako ne mozam da se opravam ne moze mk podrka na kom. sto mislite za razlikava devojce 20god so decko 33 ? dali e mn?
Па ако сака на 20че у тавче да рипне девојчето, ако им е сериона врската мислам... Сепак според мене е многу.
многу е, на девојка на тие години и треба забава, журки, дружење, се она што некој после 30тата година веќе го поминал тој период
Сум за поголема разлика доколку девојката е зрела да речеме таа има 25 , а дечкото 35/37 небитно. Но , девојче од 17 години со возрасен ми е малку језивко. Кога имав 17/18 години имаше еден дечко што имаше над 30 год и беше доста упорен да биде со мене,дури сето тоа премина во опсесија ,прогонување дури и плачки падна. Виде не оди така,проба со подароци да пристапува па тоа уште бетер не поминува как мене. Буквално ми го знаеше секој чекор,што правам ,каде сум ,нема што не знаеше за мене и моето семејство. Првин не го сфаќав озбилно,по карактер беше доста духовит ,па често не засмејуваше со другарките,но кога сето тоа премина во опсесија ,кога фатив дечко (сегашниот маж) буквално ме нападна на маса во еден кафич,пијан и уплакан почна да вика како сум му го упропастила животот,господ да ме казни,ќе се испотепаа со мм,едвај спречив брука. Од тогаш му кажав да не ми се доближува оти ќе го пријавам во полиција.Така некако се тргна од мене. Налет тоа се испокаравме со мм ,не можев да му докажам дека не ми бил дечко ,него не му беше сватливо како може да бидеш опседнат со некој со кој си немал никаков физички контакт,а навистина така беше,што се вели во образ не ме бакнал. И јас се чудам како е возможно тоа, дури три години траеше голготата со овој човек ,но ете да речам било безусловна љубов,но како кога бев само дете? Јас на тие години си шетав,се забавував не мислев на никакво врзување со дечковци,особено со возрасни како него ,дури ми збореш за брак,да сум одберела кај сакам да живеам,до душа беше успешен можеше да дозволи,но никогаш не ме занимале матријални добра,секогаш сум гледала еноционална привлечност. Не можев да се замислам со него никако.
Има голема улога разлика во годините доколку пример девојчето има 14 години а дечкото 20. А доколку девојчето има 20 години а дечкото 26 нема некоја улога во разликата. Јас мислам дека е најубаво со 2/3 години разлика.
Јас бев во врска и се омажив со значително постар. Мислев постарите се позрели и се тоа,не дозволуваат мешање на родители во врска/брак со оглед што пред него имав 3год.врска со врсник па се мешаа мајка,комшивка,тетка итн. ама се зафркнав. Нема правило за разлика во години. Се е до зрелоста. Некој созрева порано некој подоцна а некој никогаш.
Поранешниот дечко беше постар 3 години од мене, јас 17, тој 20. Сега овој што излегувам е 9 години години постар, 26 има, за 2 месеци ќе прави 27, а јас 18. Многу ми е подобро со постариов, едноставно е многу позрел и веќе оформена личност што своето мислење го цени повеќе од туѓото.
Не сакам мн да е постар од мене може да е едно 5 6 години највеќе а имав еден 7 или 8 год мислам беше постар
Читав мислења и секој на свој начин си гледа на работите. Имам проблем не знам што всушност сакам јас?! Во моментов сум сингл имам контакти со дечко на моја возраст 20 години и со друг кој е 30 години правам споредби меѓу нив ама никако да дојдам до одлука. Ајде вас да ве слушнам?