Не знам баш како да ти кажам ама а ако излаваш со тај од 30 г по мое мислење мислам дека за некое време и ќе те ожене сега зависи како гледа на животот, можеби и ќе си пооде уште малку сингл, а возрасен човек посериозно гледа на животот. А за дечково што има 20 баш и не се замара што ќе се случе утре ама сепак зависи како размислува и дали сака нешто сериозно со тебе или само колку да му помине меракот оти некои денешни млади се такви. Ама сето тоа зависи ти како нив ги гледаш и они тебе како те гледат. А денеска па на ова време сите млади не знаеме што сакаме.
@Диња далеку од тоа дека ако има 30 години веднаш би да се жени. Не брзај, запознавај се другарски и со двајцата па сама ќе сфатиш. Нема правило, до карактерот е. Има луѓе кои и 30 се како деца, а има луѓе и на 20 кои се премногу зрели или обратно.
Јас сакам помал дечко, ич не сакам да е постар од мене. Не знам ете тоа е тоа секој има различен вкус и желба , инаку поголемата разлика колку и да сакаме и да не сакаме има влијание, и во едниот и во другиот случај.
И јас сакам позрел дечко...но не се секогаш годиние тие кои дефинираат зрелост. Како што кажа @Belgin1 има личности 30 годишни, а се однесуваат како 20годишни и помали.
со дечкоми сме 5 години разлика, односно тој е 5 години повозрасен од мене и засега одлично се согласуваме
Зависи од тоа по колку години имате вие двајца. 10 години воопшто не е мала разлика според мене ама пак за вакви работи нема правила. Никој не може да ти каже точно до колку години разлика е добро а до колку не, правите си како сакате и на крај се зависи од човекот. Само мислам дека сите ќе се сложиме дека 15 со 25 не е исто што и 25 со 35, нели?
Мојот сопруг е постар од мене 15 години. Се запознавме деловно и немав појма дека дружбата ќе појде во сосем друга насока. Според сопствените убедувања, не сакав ни да замислам да му бидам поблиска од соработник но излезе дека годините врска немаат со односот кој ќе го воспоставите меѓу вас и партнерот.
Во Македонија поголемите разлики во години не се толку добро прифатени, но во останатиот свет тоа е сосем нормално. Пример татко ми од неговата жена е постар цели 12 години, а посреќни се од половина и повеќе парови што ги знам. Јас не би била со некој постар повеќе од 2-3 години постар од мене, ама никогаш не се знае
Јас и мм сме разлика скоро 9 години се арно убаво ама за многу нешта не ја мислиме исто Тој се гледа веке стар а јас не можам да го убедам дека на 32 год не е стар. Така да не сум ич за многу разлика во годините. До 4-5 години максимум.
Јас би до 10 години максимум. Не мора да значи ако тој е постар 10 години дека ќе е стар во душата и се ќе му е досадно, сум имала и дечко постар од мене 3 години али се го мрзеше и се му беше здосадено и глупаво и само дома поркај камин најубаво, мислам со друштво само за роденден и ништо повеќе као демек остај таму дечишта е полно.. Најголема разлика ми било 6 години, во поглед на сфаќање на работите многу поубаво си поминав со него барем излегувавме кај што има народ и тие работи, тука не сакам да ги споменам причините за разделба бидејќи во тој случај годините не беа проблемот
Се сакам со дете од 18 години, 4та година средно, а јас сум 15 години, 1 година, се сакаме, излегуваме уште од порано се знаеме, учевме заедно основно, заедно и по автобуси се возиме. Мислиме ,, сериозна врска'' да почниме ама онака ни пишување пр со други, ни мување со други не. Мислење некој плс?