^ Не ти се обраќам тебе и реплицирав на членката, но ако ти мислиш дека треба да се објаснуваш, слободно разјасни ги прашалниците на членовите. И да, не гледам никакви аргументи од твоја страна, само субјективни, лични мислења и ставови.
А што правиш тогаш, ме оговараш? Форумов служи за искажување лични мислења и ставови. Инаку, ти си посубјективна од мене, си пишуваш како што ти одговара. А тоа што успеваш/не успеваш да видиш е твој проблем, тука не навлегувам. Овде имаме тема со наслов „Разлика во години“, таа земала да пишува членката вака, членката онака...
Не сум навлегувала во расправии и не планирам. Не навредив никој, само кажав дека имаш ставови кои на повеќето не им се сфатливи, исто и членката реагираше во тој контекст. Ти и објасна, нејзино е дали ќе ја продолжи вашата дискусија. Убав ден.
Ти анкета да не вршеше, та знаеш што на повеќето им е сфатливо, што не? И како тоа јас сите успевам да ве разберам, а ти на пример, не успеваш да ме разбереш мене? Проблемот не ќе да е во мене. Ако перцепцијата за физичкиот изглед не значи ништо, што не трчате сите и по дедовци? Затоа не ми ги продавајте мене тие пуканки.
Да, игра улога изгледот ама нема никаква врска со тоа дали е нормално некој постар да е со помлада или не.
Немало врска. Да ти дојде да флертува со тебе некој пропаднат старец што изгледа како чичко или дедо да може да ти биде, нема да бидеш вџашена, нема да го гледаш како манијак? На возраст кога е видливо дека може деца и внуци колку тебе да има, он земал на девојчиња се пушта? Од друга страна, млад човек на негово место, и да не ти се допаѓа, не е толку језиво, си ја пробувал среќата. Трета ситуација, да е некој 50-годишен ко Бекам (пример само Бекам реков, инаку се разбираме) дури и да не си по постари, нема да му земеш толку за зло (можда и ич). Не мислам конкретно на тебе иако употребувам второ лице, општо зборувам, на секоја се однесува.
Ти ја сфаќам до некаде поентата, ама 50 годишен маж да ми се пушта, како и да изгледа ќе ми е одвратно и ќе ме фати језа.
https://www.crnobelo.com/novosti/sv...za-62-godishen-dedo-i-probuvaat-da-imaat-bebe Луѓе како го објаснувате ова ? Од кои побуди, не можам разберам
Daddy issues си има девојката, ако потекнува од дисфункционално семејство, или ако е била жртва на насилство, или занемарување од родителите па со првиот што ја третира добро веднаш се мажи. Или за пари.
Имам јас објасување за ова,ама не би сакала да бидам.......од разбирливи причини. Многу е, и за ќерка да му биде,ама сопруга,тоа е катастрофа Може дедо и внука да бидат,мислам по лично ќе биде,а може и прадедо....што да не!
Не сум лично за голема разлика, досега најголема разлика ми била 2 години, а најмала неколку месеци (постари од мене). Негде до 5-6 години лично ми е прифатливо, повеќе не затоа што обично ми се досадни личности постари 10+ години од мене, мислат на женење и деца веќе. А би сакала и со некој помал да пробам (е сеа не толку помал за во ќорка да одам)
Мене ми пречи голема разлика во години и сигурно не би можела да бидам со некој 15 и повеќе години постар од мене. Овие се на пример 20 год. разлика и ич не ми се пар. Ама битно на нив да им е ОК, јас не би можела со толку постар.