Јас би била со помлад, вај нат? Бидејќи се е до карактерот. Од повеќето постари, демек зрели на 30, повеќе сум се негативно изненадила колку се всушност деца, отколку од оние помладите од мене. Помладите некако и имаат по неосудувачки и пошироки видици кон светот, што ми е огромен плус. Едноставно важен е карактерот и енергијата, барем за мене.
Сегашниов е 4 год поголем од мене. Сум била и со 8 години поголем и не размислуваше воопшто како за негова возраст. Шутраче беше.
Некој да ми кажеше дека ќе се заљубам и ќе стапам во брак со 20 г постар маж од мене,ќе го направев ненормален. Денес,после 4 год брак мислам дека ова е најубавото нешто што ми се случило во моите 40 г живот. ЉубоФ и разбирИја ако има , све има
Јас немам против во разликата на годините, но мене повеќе ми се допаѓаат момчињата кои се поголеми од мене хаха
7.5 godini razlika skoro 13 godisna vrska. Na pocetokot razlikata i te kako se gledase sega vekje ne i super ni e.
На ова од искуство може да ти одговори @Bubce38 ЕДИТ - да одговорам на темава : ние сме 3 години разлика, он е помлад, па шо да правам ко само млади машки ми се пуштаат и што изгледам младо на фаца
Па јас мислам дека сме си идеален пар 20 год сме разлика Е дали во очите на другите изгледаме идеални тоа не знам. А најбитно е нели мислењето на комшиите
Ние сме 3 години разлика, секогаш со постари од мене сум била, никогаш помали и врсници. Не се битни годините, битно е да се има разбирање само.
Лично, од секогаш ме привлекувале постари момци/мажи, дури и многу постари. Има нешто прекрасно во тие зрели очи, малку збрчкани на краевите. Сепак завршив во врска со врсник, но изгледа доста постсро и позрело, густа брада, зрели црти, можеби само и затоа ми се допадна и првпат се вљубив во врсник. Така да, во ред ми е разликата во години, максимум до 10-12, но од една страна некако и не можам да кажам дека age is just a number ако се работи за 10+ разлика, бидејки различни се гледиштата на партнер кој на пример е во 20тите и на тој во 30тите. Исто така, повеќето од постарите партнери би целеле кон тоа што поскоро да имаст семејство, деца додека помладите можеби се далеку неспремни за таков чекор. Колку и да е емоционално зрел помладиот партнер, тој може тек тогаш да започнува да искусува работи што постариот одамна ги искусил...итн итн. Сепак има партнери кои доста "би го чекале" помладиот партнер, или помлади кои немаат проблем со тоа порано да започнат некои работи, што јас искрено не би. Секој е приказна за себе