Годините не се пречка за љубов, е сега да не е и 50 години разлика. Кој како е среќен така нека си живее, јас никогаш замерки не наогам на други за тоа. Мм е постар од мене 6 години. Имав и дечко постар од мене 9 години, незрело однесување до бесвест. Не е до годините, до карактерот е
Не сум била со некој што ми е генерација од проста причина што тие што ми се генерација отсекогаш за мене се друштво и ништо повеќе, тука нема романтики и такви работи.
Возраста на личноста не е поврзана со пружање романтика. Никогаш (ни помлада, ни повозрасна) не сум сакала некој да ми приредува романтична атмосфера.
Грешка ме свати, не до романтики ствар едноставно не гледам на некој кој е моја возраст како личност за врска.
Ако сакаш постот да биде разбран, пишувај конкретно мислење без употреба на несоодветни поими како во случајов романтика, зашто фразата напишана погоре е јасен исказ за твојот став дека не сакаш врска со личност на иста возраст.
Е сега, додека бев во средно, а тоа ти се нецели три месеци - на девојчиња што ми се генерација и одат со 30 годишни, гледав со чудење. Прво, затоа што таа е 18 и разликата се осеќа многу повеќе отколку после 20та. Јес дека за успешна врска пресудно е само љубовта и границите околу годините треба да се ништо, ама мене би ми било чудно да одам со некој многу постар од мене, а за луѓето што ќе речат не би ми било грижа. Ама секого го привлекуваат различни нешта.
Јас се мислам сеа и срам ме фаќа.... Јас 28,тој 38. Ќе видам како ќе се одвиваат работите, ама разликава ме плаши а и ме плаши што ќе речат моиве.
Ако се сомневаш од почеток, а причината не е само возраста и што ќе речат твоите, подобро не почнувај. Нека не те фаќа срам...
-- дај му време на времето .. т.е. ако не планирате единствено да се венчате итн... ама секако треба взаемно одобрување и компромис за се ...
Па не е ништо страшно, Јас имам колешка 16 години се разлика и нема проблем.Сега и двајцата се пензионери и супер се.
Ако ти одговара како карактер, нема зошто да се срамиш. Имам пишувано во темата, и ние сме разлика 10, ама разликата воопшто не се приметува, имаме исти интереси и мислења за скоро сé. А за твоите, сигурно би им било поважно да те сака и почитува отколку што ќе им се важни годините.
Нема што да те плаши разликата, таа е нормална за двајца кои се возрасни и не е толку невообичаена. И јас сум со поголема разлика со партнерот, 9 години е поголем од мене. Најбитно е да сте на иста фреквенција, да имате исти ставови за животот, и нормално многу љубов, доверба и разбирање.
Мојот сопруг е постар од мене 10 години. Разведен е и има детенце од првиот брак. Одлично функционираме. Годините не се пречка кога има љубов и разбирање.
Мене искрено отсекогаш ми се допаѓале само повозрасни мажи. И тоа го сметав за проблем.. Секогаш се плашам од реакциите на другите. Пробав и со некој на моја возраст ама никаква привлечност нема.
Ако ти е убаво со него во секој поглед ,ако имате разбирање ,почитување и љубов ,воопшто не треба да ти биде ни страв ,ни срам. Моите родители се 10 г.разлика ама верувај брак за пример беше .А познавам у други бракови со таа разлика и супер функционираат до ден денес
Ако ти одговара карактерно зошто да не. Ако е светлосни години понапред со размислувањата од твои врсници тогаш да. Ако мене ме прашаш.
Јас и маж ми сме 7 години разлика. До 10 години разлика мислам дека е океј, се што е над 10, е многу. Според мене.