А бе Зоки, ми го направи меракот со постот (веројатно бидејќи и јас, барем според годините спаѓам во таа група) хехе Рака на срце, супер е напишано, и јас конкретно баш на ваква врска помислив - постара женска, помлад маж, дали бидејќи си ја имам мувата на капата
Дечко ми е 26 а јас 18...хммм убаво ни и е стварно и не се чуствува некоја разлика освен во искуството со животот , со луѓето , а со размислувањата за многу работи исто размислуваме но има и некои разлики секако. тој не верува веќе во никој , бидејќи порано мн верувал и го изиграле , а јас верувам во секој и мислам секој ми мисле добро и за тоа највеќе се караме. Др за кое се караме е тоа што тој размислува од секоја гледна точка од секој агол а јас малце по онака површно, но се трудам Прилично овде се разликуваме ... вака други проблеми заради разликата во годините немам сеуште забележано...добро ни оди заедно сме веќе 1 година се надевам же продолжиме уште
^^Зоки, 3јца од бившите биле помлади од мене. Не е огромна разликата ама некако гледам, дека секогаш „заглавувам“ со барем една година помлади. Ете тоа е мувата на капата, и затоа кога прочитав разлика во години, прво на што помислив е врска во која цурата е постара од дечкото
АААА ок, сега те разбрав....извини, не сакав многу да ти навлегувам во приватноста, ама ме заинтригира одговорот. Ај уствари кажи ми сега ти една работа (ако и другите девојки доколку сметаат дека може да одговорат нека објаснат): Што ги привлекува кај помладите машки? Љубопитство? Или годините немаат врска, туку е склоп на карактерни особини? Дали разликата во години (тој помал таа повозрасна) е непремостива пречка или забрането овошје? Ајде девојки, засенете ме со одговорите
^^Не знам како кај останатите девојки, ама конкретно кај мене љубопитството не игра никаква улога, ниту некакво си чуство дека - ете баш ова е забрането на некој начин па ајде да пробам за да биде повозбудливо за да си докажам на себеси дека и постарите цури не се излезени од „игра“. Голема улога игра секако карактерот, како настапува дечкото, како се однесува - значи некојси „мегамикс“ на сите овие особини, и мора да се тие во склоп со она што отприлика сакам. Како што кажав, прво ќе ме привлече дечкото, па правиме муабет и отпосле го прашувам за возраст и веќе ми стана навика да почнам да си се смешкам и да си викам „Ех бре ти пак со помлад!“ или „Хм, кој би рекол дека си помлад?!“ И за да не настане некаква збунка, не ме привлекуваат младолики, туку напротив сериозни мажи, па сега ако се погоди да е помлад во години а се однесува и делува како да е постар, бинго! Сума сумарум, кај мене ова дека ме привлекуваат дечки помлади од мене е делумно чиста случајност. За останатите причини зошто е тоа така, можеби само Фројд би знаел да ми даде одговор
^ ^ Епа вака, значи има од све по нешто. Некои сакаат да го задоволат своето љубопитство-као, како ќе ми биде со помлад, никогаш не сум имала такво искуство... Други сакаат т.н. зелени машки, а трето, бидејќи женските се ,,мајчински,, настроени, тоа им е во природата, можеби сакаат да поминат низ тој филм као-да го научам што значи јака женска у кревет, или да го научам што сакаат женските у кревет (зашто најчесто само во цврста врска женското има храброст да се отвори и да каже што пречи, а што сака), или да се грижи за него на други начини. Некои пак, можеби сакаат да се потсетат како е да си со помлад дечко, зашто, да бидеме искрени, и женските сакаат убаво, згодно, младо мевце, а некои машки после 3-тата деценија, исто како и некои женски, нема тука поделба, знаат да се запуштат. Некои женски се осеќаат вечно млади, па не им одговара дечко, т.е. маж кој е позрел, посериозен. А од медицинска гледна точка, кога ќе почнат да отчукуваат последните минутки на биолошкиот саат, жената потсвесно трага по најквалитетен материјал за оплодување (значи потсвесно, инстинктивно), а да бидеме искрени, тоа е ,,младото семе,, со најмногу живот во него... Немав намера да навредам никого, ова се само мои теории.
E relativna rabota,..i kako drugi neshta zavisi od okolnostite... lichno ne mi smetalo i ne mi smetaa...da sum povozrasen... a pomlad...sega nikako...
Хммм интересни мислења девојки Туку ај и јас да дадам една теорија. Притоа Ехо, мислам дека приоритетите на жените во таа возраст (29-35) се повеќе да најдат партнер за сериозна врска (или брак) кој ќе биде стабилен, искрен, зрел и (не помалку важно) финансиски независен. Не дека го нема и тоа ти што го викаш, но...мислам дека % е помал Прво, слободните мажи на возраст од 29-35 се многу помалубројни од оние на 24-25. Второ, слободните мажи на возраст од 29-35 се .... ај да речам „табиетлии“ - ретко кој од нив е easy going, а ако е го има оној Петар Пан комплекс! Трето, слободните мажи на возраст од 29-35 (најчесто) имаат и те каков „емоционален багаж“ (најчесто неколку подолги неуспешни врски, понекогаш развод, разочарувања, сето тоа залеано со огорченост и (кај некои) притаена омраза кон жените) Четврто, мажите на возраст од 24-25 (најчесто) ги немаат горенаведените негативни особини. Петто - жените се свесни за погорните 4 точки....и женскиот инстинкт им кажува „чувај се од овој“. Замислете си каква ситуација - запознавате момче, 24-25, високо образуван, елоквентен, со широки погледи, со смисла за хумор но сепак сериозен за сериозните работи,вработен, со перспектива (надворешен изглед не споменувам, ептен тука варираат вкусови).....Зар би го одбиле само затоа што е помлад? Особено ако ги исполнува условите од првиот пасус?
Хммм, па гледаш, јас не размислив од овој аспект, но ова е воедно и машко гледиште, значи ни требаше машко што ќе ни го каже ова. Ние можеме да кажеме од женски аспект. Што се однесува до првата точка-не знам дали денес може да се направи ваква поделба, денес живееме во време во кое нема правила. Што се однесува до втората точка-дефинитивно во денешно време мислам дека нема машко кое е easy going без оглед на годините, зашто се навикнаа додворувањето да го препуштаат на девојките (да не навлегувам и во оваа тема, не сум разгледала, може постои на форумов), а дека имаат Петар Пан комплекс-тоа дефинитивно, и тоа како повеќе стареат, така све поголеми деца стануваат, што е малку страшно, а за мажи во климакс да не збориме. Сметам дека мажите,колку и да се сериозни, никогаш не престануваат да бидат деца, па и двајцата партнери кога се во обратна возрасна разлика или врсници, мора жената да изиграва ,,мајка,,. Што е до третата точка, и женските си имаат таков багаж на тие години, подеднакво како и мажите, ама тоа не треба да претставува обесхрабрување, зашто на тој начин ќе се појават све повеќе сингл луѓе, што не е баш убаво. А и кај женските може да се јави скриена омраза, значи само тука сме исти. На четвртата точка немам што да додадам, така си е, колку рано и да почне некој со такви искуства, 24-25 години се малку за така да се осеќаат (и мажи и жени). А петто, да знаеш дека и мажите се свесни за тие карактеристики кај жените, па на пример, земи го фактот што машко на поинаков начин све ќе преболите, а бидејќи вие сте ,,вечно млади,, (без биолошки саат), за вас никогаш не е доцна да се ожените и да имате деца, ама ние... Ние после одредена возраст, за жал, не сме веќе ако партнерот има такви намери со нас. Што се однесува до прашањето на крај, за жал сеуште не можам да одговорам, зашто и самата имам само 23 години, ама можам теоретски одговор да дадам. Ако јас имам од 29 до 35 години, па и повеќе, секако дека ќе ме привлече таков дечко, особено заради неговите наведени карактерни особини, но мора да размислувам и за иднината и да кажам дека, да, навистина вие секогаш имате помладешки изглед од нас, подоцна ви се јавуваат знаци на стареење, па дури и постарите мажи ги сметаат и за посекси, но јас како ќе стареам, така побрзо ќе добијам брчки, па нема да ми стои побелена коса, прамени, сеедно, па ќе добивам све повеќе целулит и све тоа. Во прво време ќе му бидам убава, ама после поради свои принципи ќе си речам дека не сакам да го заробувам до мене, кога може да биде со некоја помлада и поубава и поздрава девојка од мене. Така да, за неозбилно ако имам намера (значи да не заврши со мажење)-ок, ама за брак, мислам дека не. Не, од љубов спрема него. Ужте еднаш да се извинам ако сум навредила некого, ова е само мој став. Се извинувам и за долгиот пост, само сакам да не пропуштам нешто.
Ехо, ги почитувам твоите ставови, и покрај тоа што не се согласувам со нив. И не се навредив, немај гајле. Само малку ми е страв да не им станеме досадни на на сите со нашава препирка. Нема да ти одговорам ред по ред, би било досадно за читање. Само ќе ти кажам дека си релативно помлада и дека она што сега го бараш и очекуваш од мажите ќе се разликува од она што ќе го бараш и очекуваш за...да речеме 5 години? Те молам немој ова да го разбереш како „попување“ од некој постар. Чисто за илустрација - не мислам дека жената „потсвесно трага за младо семе“. Ко што ми рече еднаш една колешка „А бе правачи (на деца - моја забелешка) лесно се наоѓаат, чувачи малку потешко“. Со денешниот развој на медицината, ирелевантна е староста на „семето“, туку битна е спремноста на „сејачот“ да ја прифати одговорноста кога „семето“ ќе се „фати“. Ако сакаш подетална елаборација, те молам прати ми лична порака, да не го замараме цел форум со нашата дебата! Поздрав...и се надевам дека не ми се налути ни ти!
echo,kako go kaza ova me nasmea,velis-zaso da go zarobam koga moze da e so nekoja pomlada,pozdrava od mene?. so znaci,koga zenata ke napolni 35-40 godini primer,treba da go ostavi mazot,zaso da go zarobuva,zadrzuva koga toj mozebi ke moze da najde pomlada od nejze? zarem sve e u fizickiot izgled,zarem nie zenite sme stoka ili ikebana, pa ako ostari zameni ja?
Sum bila i so pomlad od mene 2 godini,i so postar 2 godini. No ovoj pomaliot se odnesuvase mnogu pozrelo od toj sto bese postar 2 godini od mene. Taka da ne se bitni godinite kolku ti se na broj, bitno e kako se odnesuvas. Licno jas odsekogas sum bila protiv golema razlika vo godini, no ete na pat sum da upadnam i jas vo taa kasa Sega sum vo kontakt so decko 7 godini postar od mene (inaku jas imam 19, toj 26) i super ni odi muabetot i imame mnogu zaednicki interesi , da bese barem 2 godini pomlad ( barem da bese 24) nemase da se mislam mnogu za da zapocnam vrska, a vaka nekako 7 godini mnogu mi se cini ( do sega najgolema razlika so decko mi bila 3 godini. pa moze i zatoa mi e taka cudno). Sto mi sovetuvate da napravam?
Ако ти одговара и ако има серизони намери со тебе да си започните убава врска зошто да не.И јас и дечко ми сме скоро 8 години разлика и убаво ни оди!
Да ја преотворам темава за да се вратиме во игра или? Вака гласеше: Разлика во годините во врска помеѓу партнери... Што мислите, како влијаат на врската? Како влијаат на самите личности? Колкава разлика е најдобра во дадени случаи? Дали мислите дека е битен фактор при градење на врска? итн итн... Ова е форум за да дискутираме, а не е пазар или советувалиште па да решаваме нечии вистински, односно невистински проблеми. Точка.
Ние со дечко ми сме 11 години разлика.На почетокот слушавме многу безврска муабети од негови и мои блиски пријатели ама нас ни беше убаво и си останавме заедно.Убаво се согласуваме,еднакви сме...единствено што тој има повеќе искуство од мене и поизживеан е ама ми годи тоа зошто знае убаво да ме советува.
Не ме сфаќајте лично, ама неможам да одам со 7 до 10 и нагоре години постар од мене... Незнам, би се осеќала како со татко ми да се шетам Немојте да се навредите, мое мислење само Досега сум имала врсници, година-две постари и никој не ми се погодил како сегашниот дечко (постар од мене 3 години). Изгледа затоа што машките созреваат покасно, па со дечко ми сме созреале двајцата истовремено и убаво ни е
Ми се допаѓа мирољубивиот и ненаметлив стил на пишување на ова мислење. :up: Да, машките созреваат покасно, а некои и никогаш! Има еден виц: Кога мажите излегуваат од пубертет? 6 месеци по смртта! Проблем имаат само оние машки кои предвреме созреале.... малку се, ама ги има....
секогаш избирав дечковци кои беа колку мене или една повеќе (ова ко 100 да сум имала), значи првиот ми беше генерација а другиот 1 поголем и не успеав ни со ниеден од нив. сега сум во врска со 7 години поголемо срце..ме побара и за жена и сум сигурна дека конечно го најдов човекот на мојот живот.никогаш не сум се чувствувала по сигурна по сакана и посреќна. а од секогаш сум велела јас???? ма до 3 максимум да е поголем наравоучение- never say never