Знам и баш ми е жал, а може не ми ја кажува вистината. Но најверојатно тука лежат и евентуални проблеми со бременост на таа возраст, затоа ме интерсираше ова, а да биде без медицинска помош и сл., а не само дали е во менопауза или не.
Ако е во менопауза односно ако не добива повеќе менструација што може да се случи и на 45 -50 год. тогаш дефинитивно не може да остане бремена,ако добива тогаш може ама чим вика дека не сака више деца,значи не сака,може и страв да и е повторно да остане бремена на тие год.
Во ред е за незе но мене ме интересираше општо овој податок, над која возраст да избегнувам жени затоа што јас сакам деца? И знам дека се е индивидуално, но над која возраст не вреди да се ризикува, можеби некоја друга нема да биде толку свесна. Мислам на проблеми со бременост, или со идните деца.
Најчесто плодноста почнува да опаѓа после 35 год, што значи дека се намалуваат шансите за бременост. А ризик постои во секоја бременост, но според годините после 40 имаат поголеми ризици. Но секоја жена се додека има менстуација и се е во ред со неа, може да остане бремена. Најубави години за раѓање се од 24-34 според многу доктори.
Ако сакаш деца најдобро да си најдеш некоја помлада макс до 35 год.,секоја жена е различна некоја може и на 35 да ја фати менопауза,друга па може и на 45 да роди,99% е генетика,како мајката така и ќерката.
Добро бе која нормална жена ќе роди на 40+ имала немала менструација годините нема да издржат да изгледа дете. Ма жени на 40+ кои станале баби бегаат од одговорноста да ги чуваат внуците на краток период а не па некој 24/7 да му џвижди дома. И да нагласам многу е мал процентот на тие кои сакаат и можат психички да издржат. Имам многу примери околу себе затоа и кажувам
Онаа која единствена желба и е да даде живот и некој да ја нарече "мамо". А верувај има доста такви кои не успеале да забременат пред 40. А годините не значат ништо ако жената е физички и психички подготвена.
Мојата мајка има 70 години па ти израчунај на колку ме родила. Фала Богу била нормална. Мене ми е ненормално да раѓате на 18 години уште неиживеани и незрели.
Мораш да бираш меѓу неа и имањето свое дете. Не можеш да ги имаш двете така да убаво размисли и избери. Ти знаеш најдобро што сакаш. @marchi-cool како бе баба на 40 години? Не зезај.. Има жени кои се борат со неплодност долго време и се' би дале да имаат свое дете макар што ја стигнале 40ката. Да не е поарно уште во тинејџерство да се раѓа?
Сериозно ова??? Аман со тие примери околу себе. Сите имаме некакви примери. Колку прекрасни мајки има на 40+ што родиле првпат. Кои сте вие да кажувате која кога да се оствари како мајка и кога да оформи семејство. Дај опрајте се, каде со навредиве?!
@marchi-cool Баба на 40 е преретко, ти кажуваш ко да е ретко да не станеш баба до 40. Жена што се грижи за своето тело и здравје на 50 изгледа и се однесува ко 30 годишна (примери од МОЈАТА околина).
Нормална?! - За жена од 40 год која сака да стане мајка! Жвиждење по дома?! - За детски плач! Превише сурово!!!
Бубче не си земај при срце, да имаше барем малку логика во коментарот ајде, ама вака ко марсовец да пишал - нема значење некое.
Ахх Далеку од тоа да си ставам вакво нешто при срце, или па да ме допира тоа Не сакам да настапувам со погрдни зборови. Ама искрено се чудам до каде може да оди простоќата на некои луѓе