1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Си викам имам видено секакви срања на форумов ама обавезно има секој ден по нешто невидено до сега.
    Единственото ненормално нешто во ситуацијава е твојот безобразлук да напишеш ваков глуп коментар.
     
    На 1209, Nightwish11, nena2010 и 35 други им се допаѓа ова.
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool
    Чисто за информација да ти кажам.
    Пријателка моја има ќерка некој месец постара од син ми,има 50 години и е самохрана мајка со донор.
    Колку е кул жената неможам да опишам.
    Има повеќе енергија и живци од јас на 30 години.
    Како можеше тоа да го пишеш незнам а секој ден читаш на форумов колку мајки имаме на тие години.
     
    На Nightwish11, nena2010, Chantal и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.566
    Допаѓања:
    160.689
    Пол:
    Женски
    Се прашувам што ли ќе каже за маж од 60 год кој меѓу другото најголема желба му е да стане татко за прв пат.^_^

    Или да не се мачи сега за малку:angel:
     
    На 1209, M.B., nena2010 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool логика пар екселанс. :D Во која книга е запишано правилото кога една жена да се оствари како мајка? 8-|
    Онаа жена чија најголема желба, најголем сон е дете. Онаа жена која се бори со неплодност долги години. Онаа жена која така одлучила. Онаа жена која сака на тие години да се оствари како мајка. И тие жени се најнормални.

    Бабите не се обврзани да ги чуваат внуците. Одговорноста ја имаат родителите.

    Твојата околина не значи ништо, не е репер, а уште помалку критериум.
     
    На 1209, Nightwish11, M.B. и 32 други им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Имам преголема желба еден ден, здравје Боже, да се остварам како мајка. Но, не после 40тата година, без разлика на желбата.
    Не знам зошто толку ја нападнавте @marchi-cool
    Сите имате различни размислувања и желби. Правете како вас ви одговара.
    Ама после 40тата година почнува менопаузата, многу се мали шансите за бременост. Дури и да успее жената да остане бремена, таа бременост е ризична. Јас не би била психички спремна да ризикувам на тие години. Како прво не би си го ризикувала својот живот на тие години, во бременоста после 40тата година можат да настанат сериозни компликации. (Иако секогаш постои можност за компликации, на помлада возраст е помала веројатноста). Ако не успеам да се остварам како мајка најкасно до 40, би се помирила со судбината. Плус голем е ризикот за плодот после 40тата година. Не би поднела психички не дај Боже после 40тата година да родам дете со посебни потреби. (Не велам дека, скраја да е, не може тоа да се случи и на помлада возраст на мајката, но после 40 ризикот навистина е голем). И исто дури и да се остане бремена после 40тата година, голем е ризикот од спонтан абортус.
    Големо психичко оптоварување се ризиците кои ги носи бременоста после 40тата.

    Еве и да цитирам што најдов на интернет:

    ,,Околу една третина од сите бремености кај жените на возраст од 40 до 44 завршуваат со спонтан абортус. Постојат неколку причини: Јајце-клетките може да се проблематични, поставата на матката може да не е доволно цврста, или снабдувањето со крв на матката не може да биде доволно богато за да се одржи бременоста. Ризиците на плацента превиа (во која плацентата се наоѓа на ниско ниво во матката, делумно или целосно го блокира грлото на матката) и плацентарна абрупција (во кои целата или дел од плацентата се одвојува од ѕидот на матката) се исто така, зголемени. Бебињата родени од жени во своите 40-ти, исто така, со поголема веројатност имаат помала родилна тежина.

    Ризици за хромозомски пореметувања при раѓањето се зголемува постојано со секоја година во вашите 40-ти. Ако се породите на возраст од 40 години, вашето бебе има 1 во 106 шанси да се роди со Даунов синдром и 1 во 66 шанси да се роди со било какви хромозомски абнормалности."
     
    На WildMk, jasbi, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Се ова што го цитира е точно,ама не е поврзано со годините,исто вакви проблеми имаат и младите.
    Да те прашам друго нешто,што ако родиш дете со посебни потреби на 30 години?
     
    На buba4e89 и sj *O* им се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    7.686
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda А дали си помислила дека и оние 40+ жени кои сакаат да се остварат како мајки, кога биле млади си планирале дека ќе родат на 25 или 30 години, ама ете околностите не го дозволиле тоа?

    Да правиш планови и поставуваш горна граница за мајчинство кога имаш 18 години е едно, а вистинскиот живот е друго и богами не секогаш се одвива по план.
    И нема потреба од такви статистики, тие жени верувам и повеќе од тебе се свесни за ризиците, нема зошто да им долеваш песимистички мисли.
     
    На Chantal, lovestoneddd, zuto и 21 други им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Сигурно нема да се откажам од тоа дете.
    Ама ако родам дете со посебни потреби после 40тата година би се чувствувала навистина многу одговорна за состојбата на тоа дете, бидејќи свесно сум одбрала да ризикувам и по секоја цена да се остварам како мајка на возраст кога навистина има ризик за плодот.
     
    На marchi-cool и jasbi им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.566
    Допаѓања:
    160.689
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda многу си млада да ја сфатиш суштината на- Ќе се помирам со судбината да немам дете!
    Не оди тоа така ...
     
    Последна измена: 24 декември 2019
    На 1209, Chantal, Kitten и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Се повеќе сум убедена дека годините не се пресудни,ама ајде,фино ти одговори Аспарагус погоре,плановите се едни ама нешто друго те чека зад аголот во патувањето ЖИВОТ.
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Немаме сите исти размислувања. Можеби сум премлада, според вас. Ама да бидеш мајка не значи само да родиш свое дете. Наместо да ризикувам, после 40тата би одбрала да посвојам дете и како свое да го одгледам и воспитам и да му ја дадам целата моја љубов. Зарем помалку ќе бидам мајка во тој случај?
     
    На Роберт 7, sj *O*, jasbi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.566
    Допаѓања:
    160.689
    Пол:
    Женски
    Не, нема да бидеш помалку мајка.
    Ама пак ќе ти кажам.
    Математиката дома и таа на пазар Не е иста.
    Затоа ти реков - млада си за вакви муабети.
    Многу си млада
    Верувај ми
     
    На Dadusicka, stetoskop, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не знам што туку редиш овде хромозомски абнормалности ризици дрн дрн дрн глупости тешки, и ние имаме интернет уживај, не гледам кај побара некој мислење за тоа какви ризици постоеле. Овде има милион жени што се околу 40 и се борат со неплодност и баш чекаат некој ко тебе да ги преплашува на дневни бази со статистикиве. Ај бар на форум олабавете. Критиките беа пошо не е нејзина работа да кажува кога треба да се раѓа и да ги нарекува ненормални тие што раѓаат на +40. Никој тебе не те тера да раѓаш, раѓај кога сакаш. Ама не коментирај за други кога треба. Уште ги нарекува ненормални. Боже сачувај. Сите ги знаемe ризиците фала што ни кажа. Ризикот за абортус бил поголем, што збориш бе? Ја откривме Америка. Како не те мрзеше да копираш толку, ти гарантирам ретко кој ти ги прочитал целиот коментар
     
    На mkdvesna, LoneWolfGuy, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    A ти романтична партнерка ли сакаш, или пред сè бараш ко на пазар репродуктивен систем за расплод?
    Многу неумесни и безобразни се другиве коментари за „ненормалност“ на жени над 40 што раѓаат, ама и ова од машка перспектива мене баш ми боде очи. Деца сакал тој и бара податок над која возраст да избегнувал жени, бе... :drunk:
     
    На JollyGirl, candy.cane, DraganFem и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Причините во твоето мислење се легитимни, за разлика од оние на Марчи. Жени на 40+ кои сакаат да се остварат како мајки не се ненормални, а уште помалку пак психички нестабилни. Која е таа логика дека на 40 години жената нема да е психички способна да чува дете?

    Нема да негирам ништо од твоето писание, зашто се е точно. Но, нема правило, та дури и да има, од правилото секогаш има отстапки. Како за помлада, така и за постара генерација. Оти помладите, не се исклучени од истите овие ризици. И често, плановите знаат да скршнат од првичната замисла. Не е до желбата, ами до околностите од кои зависи истото.

    А желбата за дете е толку голема, што лично мене, годините би ми биле скроз небитни.
     
    На candy.cane, zuto, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    А, зашо не си гледате у свој двор?
    Па не раѓајте на 40 ако нејќете, што ви пречат жени што родиле околу и над 40тата? Дома да не ви ги носат бебињата да ги чувате или со ваши пари ги чуваат?
    Ја би родила, без разлика дали првпат или вторпат, од кај да знам како ќе ми се погоди у животот. Дури мислам дека и луѓето се доста позрели тогаш да чуваат деца, отколку некои на 18 шо родиле, големата работа млади родители биле.
    И немаат сите проблематична бременост или проблеми со зачнување. Некогаш едноставно може немале доволно финансии, може нејќеле дете уште, може немале партнер за тоа... Има милион причини али нас нема што да не засега.

    И ја немам нешо премлади родители, мислам во споредба со тоа шо брат ми е доста покасно роден, но еве ништо не му фали шо мајка ми е 50, татко ми скоро 53, а он 11. И баш е среќен, сакан и чуван, ич да не се секираат душогрижниците.
    Иако имаше такви коментари од роднини што ќе ви е на 40г дете или "пресмешни "досетки од тип еј, ко младичи на тие години сте го направиле, машала. Бев мала тогаш и не сфаќав шо зборат и зашо така викаат ама еве сега јасно ми е.
    Мајка ми немаше проблеми никакви, супер и беше цела бременост.
    Путуј Европо, не не чекај, сме заглавиле у 18ти век.
     
    На 1209, nena2010, Chantal и 26 други им се допаѓа ова.
  17. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    7.209
    Zeni I devojki bidete istrajni vo borbata za dobivanje dete.
    Bilo koga ako se dobie zdravo I pravo dete e blagoslov. Decata se dar od Bog.Nie sme blagosloveni ako imame sreka da gi dobieme. Koi sme nie da mu sudime nekomu? Bezpotrebna tenzija se napravi od predrasudi koi gi ziveeme sekojdnevno I ne mozeme da gi nadmineme.
     
    На sj *O* и jasbi им се допаѓа ова.
  18. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool
    Многу нормални жени родиле многу нормални деца на 40+.
    Некоја чекала немала партнер и услови да се оствари порано како мајка, некоја вложила во едукација и кариерен напредок пред да реши да се оствари како мајка, некоја ова...некоја онаа причина и била пречка да роди пред 40години.
    Не осудувам ниту жени што родиле на или околу 18години ниту осудувам жени кои решиле да раѓаат над 40години.
    @cresa-jagoda се ти е точно напишано во делот за статистика но затоа денешнава медицинска технологија е во постојан развој и редовно се преват пренатални скрининг тестови ако има абнормалности во развојот на плодот да се преземат мерки навреме така да не се плаши да раѓаш и подоцна во животот затоа што колку е поголем ризикот за болест кај плодот во денешно време на развиена технологија и огромна е можноста навреме да се детектираат абнормалности кај плодот и да се реагира на време.
    Е сега хипотетичка ситуација жена над 40години постојано да зачнува и плодот постојано да го детектираат дека е со абнормалности во развојот пак има опција таа да се оствари како мајка со процедура на посвојување.
    Не е само да си биолошка мајка, вистинска мајка е таа што со љубов го расте и одгледува своето дете.
    Јас не сметам дека си премлада поради што имаме различни размислувања туку не си искусна на оваа тема зачнување дете што нема врска со годините на мајката. Јас знам и многу млади жени кои имале физичка повреда на јајцеводи и си знаеле единствена постапка за забременување е со ивф и го направиле тоа а и многу жени кои пробувале да забременат а имаат над 40години и ништо не ги плаши дека се на ризична возраст дека спомнав напредокот во медицината е огромен и нуди огромни придобивки за стигнување до бременост и следење на бременост која би завршила со раѓање на здраво бебе. А секогаш последна опција е посвојувањето за станување мајка како што било во минатото дека до од пред неколку децении со појавата на ивф на секоја жена и е овозможено да проба различни постапки да се оствари пред се како биолошка мајка но ако не успева во тоа опцијата за посвојување секогаш е тука.
     
    На candy.cane, sj *O*, Stressed Out и 4 други им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.883
    Допаѓања:
    14.235
    Пол:
    Женски
    и мене ми е ненормално што раѓаат на 18 години. Боље на 40 него на 18 најискрено. Мајка ми мене на 35 ме родила а сестра ми на 40 год. Ене ја сега 12 години лежи непокретна дома,сестра ми на 14 години ја остави во најубавите години кога најмногу и требаше мајка таа не можеше ни да ја сослуша ни да и помогне и да ја посоветува. Не е секогаш до тоа само роди си за да оставиш потомство. Можеби жена на 40+ е доста поспособна и постабилна за дете ама годините се тие а животот не е многу долг (мада тоа се е до судбината) некој детето треба да го израсне.
     
    На mira.mira, WildMk и jasbi им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.883
    Допаѓања:
    14.235
    Пол:
    Женски
    да точно дека секој ден читаме колку мајки има на тие години ама за жал прочитав и колку мајки преживеале спонтан на возраст од 25 до 35 години. Нема правило ама во подоцнежни години е породилно и за сопственото здравје и за развојот на детето. Има доста случаи кои го потврдуваат вашето мислење и уште повеќе кои го потврдуваат моето мислење.