Мислењето ти бише ок, значи има и такви ситуации. Но се ретки. Мене повеќе ми смета навредата која ја напиша, а претпоставувам дека и повеќето членки реагираа на ова.
Дали ова значи дека мајка ти која ја родила твојата сестра на 40 год., во претходниот пост без тронка срам ја нарече ненормална?! Немора љубов да се искаже према родителот. Тронка благодарност да покажеше. Се разбира, ако имаш воопшто некаква љубов спрема жената која пред се те родила. Жално
Мајка ми е 47, стана баба на 46. Свекрва ми е 45, стана баба на 44. Ниту една од нив не ИЗБЕГА од внуката, и двете од нив имаат живци за да слушаат како ќерка ми им џвижди (?) по дома секој ден. Ја играат,шетаат,хранат,бањаат,смеат секојдневно. Не видов дека им се сј*ба психата ради едно мало човече плус во семејството, напротив. Ги подмладе Одговорност никој не им наметна. Мене повеќе ме загрижува твојата психа и истрајност. Тебе плачот на твоето бебе ти е џвиждење? Имањето деца ти е психички тренинг? Тебе после 10години ќе то кажат децата “фала мамо што не ме роди на 40)?? И онака тепањето како воспитна мерка ти беше ОК, па не ме чуди ни ова пишаново. Безевезален ти е постот во секој случај. Прст на чело стави со пред да пишеш вакво нешто. Или броење до 10.. ма и наназад.
Ма она пробува да се утеши дека тепањето на децата е во ред. Коса ми се крева кога ќе слушнам "не осудувај секоја мајка си го сака детето, секој родител има различен стил". Сигурна сум дека ептен и се осеќа детето сакано кога го плеска
Факт е дека сме најплодни во своите 20ти, и имаме најздрави јајце клетки тогаш. Се препорачува, до 27години, прво дете да имаш родено. После 35 рапидно почнува да опаѓа можноста за регуларна репродукција. Според медицината, под 18 и после 35, по дифолт спаѓаш во ризични бремености. На страна тој факт, друг непобитен факт, е дека денес се одлага имањето потомство. Тој што му е сеедно, и што не сака деца, Амин. Тие што сакаат деца, мора да бидат свесни за статистиките и медицинските истражувања. Точно е дека медицината е напредната, ама телата ни се исти како пред да го измислат ин-витрото. Анатомијата и физиолошките процеси се со ист тек, во ист период, како и пред 100 години.
Можеш и на 20 години да имаш ризична бременост. Веќе ммогу жени се соочиле во доцни 20-ти да влегуваат во менопаза а некои и на 50 имаат редовен циклус. Знам дека се зборува за ризикот и факт е дека е поголем но не мора да значи. Секој има право на избор кога да стане родител но понекогаш ситуацијата диктира поинаку. Не секогаш кога сме испланирале нешто тоа и се остварило. Се омажив на 21 но не родив не дека одложував или не сакав имам 38 и не се сметам за стара да се остварам како мајка ризик како ризик секогаш може да постои. Моја сосетка остана бремена на 45 работеше цело време беше активна роди здраво и живо дете по природен пат и тоа бебче од 4 кг. Но сепак секоја жена/пар има право на избор нека се избере она што се смета дека е најдобро. Нема погрешен избор не е погрешен ниту оној ако сметаш дека се доведуваш себеси и бебето во ризик дека не се чуствуваш веќе спремна или спремни за одгледување дете па да се заврши со тој чин проширување на сем или добивање дури на прво дете. Исто како што не е ни погрешно и на 50+ и повеќе ако сметаш дека треба и можеш/можете да станете или станеме родитиле само напред секоја одлука е исправна одлука.
Edno e koga se odlozuva majchinstvo poradi lichni stavovi a drugo e koga prirodata ti go odlozuva majcinstvoto. Fakt e deka sega zenite porano vleguvaat vo klimaks, poradi stresovi, zagadenost I dr. Predmenopuaza so nekvalitetni jajce kletki zapochnuva porano ,od 35 god. Teloto se troshi brzo. Za se treba sreka mnogu I upornost.
Не е погрешно да станеш мајка, се додека си во состојба да раѓаш. Не го пишав тоа погоре за да одвратам некоја од намерата да забремени, туку чисто како информација.
ене втората жена на свекор ми. Реално и годините си го прават своето. Има околу 50 години и три деца најголемото 12 најмалото 9. Си кажува жената отворено дека не може да излезе на крај со деца. Понервозна е и пие апчиња за смирување. Уште кога ќе и се спомне дека и моето ќе појде кај нив да си поседи и поигра уште толку и се крева косата. Некогаш кога сме кај нив на гости заминува вкомшии и ги остава децата на мене. Не може да издржи. А ете дадов и пример мајка ми мене на 35 ме родила сестра ми на 40 и кога сестра ми наполни 14 во години кога и треба мајка да ја избави на прав пат во текот на пубертетот неа ја немаше бидејќи се разболе. Мислам јас скрос се сложувам со цреша јагода во нејзнипт коментар не гледам некоја разлика меѓу нашите мислења. не беше навреда туку најкратко што можев да се изјаснам е тоа. Не родила до тогаш имало многу причини како што претходно и напишаа членките. Може и прилика се немало којзнае. Ама коментирав за дечкото кој сакаше да се ожени со 42+ мислам беше и очекуваше да му роди дете. Па дечко млад ако очекува пород пореално е да бара помлада а не 40+ затоа и така пишав. Мене не ми се реални ситуациите жена на 40+ да раѓа ама немам никакви предрасуди.
Зошто не ти се реални? Тоа што мајка ти се разболела не се пресудни годините,се разболуваат и 35 годишни мајки на мали деца,сега веќе нема правила а можда и никогаш немало,судбина е се,татко ми имал 23 кога сум се родила,го испратив на 54,свекор ми имал 33 кога се родил мм ене го 70ка ќе полни,нека е жив и здрав. Правила нема!!!
фала и што не роди и ни даде живот а притоа не остави сами да се снаоѓаме зашто таа не можеше да направи многу за нас а не дека не сакаше. На прашањето зошто не родила толку касно рече оти така морало,морало да роди.
Извини те молам,ама ми забоде очи што цело време акцентираш дека заради тоа што мајка ти повозрасна ве донела на овој свет па сте биле оставени сами на себе,па морам да те прашам,што е со татко ти?
@marchi-cool ти имаш лична случка и разбирливо е негативно да го дожувуваш раѓањето на 40 години. Постојат случаи кај што родиле на 40 години, постојат случаи кај што родиле и "на време" па се случила несреќа. Жал ми е за тебе и сестра ти но не си во право.
И јас имам 35, и јас мака мачам да имам дете. На момент помислив како и е на мајката на членката погоре, да морала да им одговори на прашањето "зошто ме роди".. Како таа да сакала да се разболи. Страшно е колку некои немаат емпатија ниту кон најблиските, па не за некои си таму од форум ќе се мисли дали ќе ги навреди..
Не барам партнерка за провод, него жена со која ќе го поминам остатокот од животот и децата се најважни во целата таа приказна. Од каде да знам, може и да глуми љубов и да сака брак само заради материјална поткрепа? А постари жени, разведени со деца, нека си бараат исти такви мажи.
А што ако ти не можеш да имаш деца? Тогаш значи партнерката треба да те остави? Инаку за глумење за пари се познава од авион дали некој глуми или не. И на крај на краиштата зошто си бил со разведена 45год жена ако сметаш дека не би било ок да биде со сингл дечко? Жално е што и овој некоја ќе го зеде за маж, ќе се зацрни...