Прво не е сигурно дека не може. Поверојатно е дека не сака, се остварила како мајка, а за мене баш и е гајле. Јас немав проблем да го прифатам нејзиното дете, но таа не сака со мене деца. И се изненадив кога ми ги кажа годините. Изгледа добро и многу помлада од таа возраст. Ни со тоа немав проблем. ОК. Доволно бев флексибилен од моја страна. Јас се прифаќам што ќе ми каже, сега па излезе дека не може (или не сака) да има деца.
@grunf, се ова што пишуваш е многу деликатна тематика. Да, медицински можно е жена да забремени и после 40 година и да роди здраво дете. Прашањето е дали сака. Не дали те сака тебе, туку дали е психички и физички спремна да биде повторно мајка. Таа е веќе остварена како родител, ти не си. Ако желбата да имаш твое биолошко дете е посилна од желбата да бидеш со неа, тогаш знаеш што треба да направиш.
@grunf, и ако некоја не сака (веќе) да раѓа деца, тоа значи дека ти глуми љубов заради материјална поткрепа и дека воопшто не ѝ гајле за тебе? По пишувањево пре би рекла дека тебе многу повеќе ти е до тоа да имаш деца отколку што ти е гајле за неа или било која друга евентуална партнерка како личност во целина.
Ко прво може стварно да не може. А ко второ не значи дека ако не сака не и е гајле за тебе. Не и е нејзе обврска да ги исполнува твоите желби.
оваа тема веќе оди во друга насока не е за овде. Имаше таа и други причини поради кои се омажи во поодминати години. Не ја осудувам. Ни неа ни па некој што исто во поодминати години стапил во брак. татко ми секогаш ни бил татко ама никогаш не ни бил мајка. Знам офтопик може одиме ама ајде со татко ми ли ќе терам женски муабети? Тој па уште постар од неа. Башка се од генерации кои конзервативно размислуваат. секој со свое мислење. Јас одсекогаш бев со мисла дека деца не се раѓаат на 40+ години и јас никогаш нема да родам тогаш. Имам видено случаи кои што ме убедиле дека сум во право што мислам така. Познавам и луѓе кои не родиле на 40 зашто било касно. Ама ќе речам секој си има причина зошто се одлучил во поодминати години да раѓа. Никој не е за осудување ни па имам некакви предрасуди. дискутиравме наназад неколку страни. Значи жената не сака во тој период да има деца. се она што го зборував поопширно и што ме критикуваат. Значи разберете дека жена во 40+ многу потешко ќе се одлучи за да роди ама кој да ме разбере. Совет за дечкото - најдобро е да побараш помлада жена ако веќе целта ти е потомство. И поназад пишав. Не е дека не е возможно да се роди на 40 ама ја разбирам и во право е. Време и е внуци да чува а не деца да раѓа
Можам да раѓам уште, ама не сакам. Си го знам телото, си го знам здравјето, си ја знам психичката и емотивната состојба.. И знам, дека не можам да се носам ни со бременост, ни со чување бебе сега. Тоа не значи дека не го сакам маж ми. Додуша, и тој не сака повеќе деца... ама да сакаше, ќе очекував да ме разбере. Ако не ме разбираше, најдобро секој по својот пат, бидејќи ни тој има право мене да ме тера да забременам и родам, ни јас имам право да очекувам од него да остане без потомство, ако толку му значи. Ќе си бараш жена како што ти одговара, ама имај во предвид.. како што ти кажаа претходно, дека и ти е можно да не можеш да имаш деца. Е тогаш... ќе се сврти тркалото (не дај Боже), и ќе сфатиш колку е болно да те отфрли некој, поради тоа што сам по себе, не си му доволен.
Многу невкусно го нападнавте човеков, @grunf Едноставно дечкото сака да се оствари како родител и многу добро го разбирам. Вие што сте веќе родители размислете дали би ви било сеедно партнерот да ви кажел дека не сака деца. Се работи за судир на интереси. И тоа животни интереси. Ако тука не можеме да дојдеме до решение на проблемот, ако не е можен компромис, тогаш да, треба да се прекине врската по цена на губење на љубовта.
Со напредокот на медицината нема граница. Еве сега другарка ми на 43 роди. Јас имам 41 немам уште деца и не сум во брак ама сакам да имам и можам. Поенатата е која САКА да раѓа деца ако веќе има родено на помлади години. Инаку менопауза може и на 30 да започне се е до самото здравје на жената.
Тој запнал дека жената и покрај нејзините години може да има деца, ама не сакала. Нејзино право е и да не сака, ама може веќе и стварно не може. Тој што не си бара некоја помлада. А не да ја суди жената.
не може некој од 20-25 години да има почит и разбирање (бидејќи сеуште е во пубертет) како што може да има некој од 30-35 не секогаш годините играат улога ама имаат влијание. Во секој случај најважен е менталитетот.
Грешно е да кажеш дека на 20-25 не може да има почит и разбирање. Дури и на 18 години треба да се поседуваат овие две карактеристики. И зрелост треба да се очекува од 20+ годишни луѓе. Дека во реалноста не е секогаш вака, точно. Ама во реалноста има и 30 годишни со однесуваее на тинејџери.
затоа реков годините не секогаш играат улога но и сат влијание бидејќи се смета дека се показател на зрелост ама сепак до менталитетот е. Како што кажа и оние над 30 може да се покажат како тинејџери а и оние 20+ можат да испаднат позрели од колку што се очекува за нивна возраст
Moze I toa mnogu kvalitetno moze ,zatoa Sto luge od 30g se odnesuvaat ko da imaat 20 g .znaci godinite ne se reper za kvalitetna vrska ili Sto I da e ,bar taka jas mislam.
па некогаш знаат тие 30 годишните да се однесуваат ко деца а 20 годиншните ко позрели ама тоа не е до годините. Една моја другарка на 20 години се омажи со еден 32 годишен кој по нецела година ја остави зашто си беше доследна на годините. Тој сериозен таа незрела. Често му правела сцени.