Јас не би можела Ама тоа сум јас, секој како му одговара така нека си прави Јас прифаќам помал само некој месец, максимум пола година.
Исто и јас. Помал само ако е роден иста година. Никогаш не сум се гледала себеси со дечко помал неколку години. Имам комшики што се постари од мажите по 2-3 години.
Најбитно е ти што мислиш сите сме различни инаку јас имам 38 сопругот 47. Кога се запознавме јас 21 он 30г. Различни сме и различни нешта не привлекуваат некој сака помлад партнер некој повозрасен. за љубовта!
Ако тебе те привлекува, ти фаќа око, зошто да не? Сите сме различни, со различни желби и размислувања. Мене на пример ми е многу 10 години разлика, максимум би прифатила 5 години постар.
Jas sum 27 godini, na rabota imam kolega 44, ama tolku mi e privlecen, duri nekogas se izgubam koga go gledam steta sto i dvajcata sme vo brak, inaku razlikata vo godinite voopsto ne mi smeta
Се по себе си има последици,од искуство со истава разлика... лепо је било док је трајало.. колку и да си затрескана и мислиш дека си спремна на таков чекор,немој. Премногу фактори од страна има што пречат и влијаат на врската. Дечкото има изживеано се и бара стабилна личност а некој што допрва му станува се интересно и нема видено 10% од тоа што тој има.. колку и љубов да има меѓу вас,ти за него си новороденче што ќе му ја земе младоста а ти заслепена касно ќе ти биде да се вратиш кај што припаѓаш. 4 месеци ми беа доволни да се заљубам до гомна и да ми биде возвратено,ама нешто кога не иде неможе да го преголташ и поминеш преку тоа. Тука се родителите прво...замисли како мајка ти ти ја гледа цела нормална генерација до тебе,а ти 8 години си прерипала од сите други. Неговата средина воопшто не одговара со твојата,колку и да се сите фини со тебе и обратно, ти од 100 нивни разговори ќе се пронајдеш и вклучиш у 5. Колку и да го сакаш не влагај во такви води зашто само ти ќе знаеш што ќе ти се дешава кога ќе спукате и кога ќе отидеш дома расплакана а него нема да го дирне тоа.
Тоа е твое искуство. Не мора да значи дека сите врским, со таа разлика во години, се исти како твојата што била.
Јас лично би толерирала разлика од 5 години постар. Помлад никако и многу постар од мене исто така никако, некако премногу би ми дошло. Но секоја како сака така нека си бира.
Таа „дупка“ во годините се осеќа тек подоцна во животот и под „дупка“ подразбирам разлика од 10-15 или 20 години. Познавам ваков пар и денес со очи не сакаат да се видат.