Gluposti,nema razlika vo godinite ako ja sakas i ona te saka,no problem e dali ke te prifatat Da si pomlad decko,a ona e postara od tebe 10tina godini,nema da i dozvolat.
Гoдините се сaмo брoјкa, aкo луѓетo се среќни зaеднo, имaaт ист хумoр интереси и сличнo кoј мoже дa суди, мене искренo ми е жaл штo сеуште луѓетo стaвaaт гoлем aкцент нa гoдините.
А кој ги прашува луѓето наоколу ? Живејте си го животот како ви душата сака и да не ви е галје дали другите ќе го прифатат тоа ! Јас на пример ако пронајдам човек каков што сакам годините воопшто не ми се битни , макар и 30 години да е постар ама ич не ми е галје за туѓото мислење!
Na oko te gledaat i kazuvaat,da receme deka si 29 godini zena,a toje e 18godini just biber da e ,odma ke go zemes,no ne ti dozvoluvaat uslovite
Мaшкo сум јaс, не е битнo, никoј не викa дa се земaт, еднoстaвнo си се зaеднo и им е супер, кoгa мислaт декa требa дa се зимaaт тoa е нивнa oдлукa. Нaвистинa е еднoстaвнo aкo им е убaвo кoј ги прaшa другите.
Немам никакви предрасуди спрема паровите, секој одлучува за себе. Лично, не сакам пратнер постар од мене повеќе од 5+ години, затоа што нема да сме компатибини според искуство во нормални услови. Во помали од мене никогаш не сум гледала потенцијал за нешто повеќе од пријателство. Но 2 -5 години исто ми се океј. Не ми се пресудни да не дадам шанса ако има хемија и старт кој ветува добро познанство ако ништо друго.
1 година (тој е постар). До сега и повеќето со коишто сум се гледала сме биле на таа разлика. Не сум налетала на постар повеќе од 2 3 години, а да ми одговара.
Имам 25 години и до сега не сум била никогаш со врсник. За ништо апсолутно. Нејќам да звучи како клише, сум пробала али не ми иде првенствено муабет. Знам дека годините не се показател за зрело размислување и совесни постапки, ама по искуството на другите околу мене, за оваа работа можеби и сепак значат нешто. Секако, повторно го земам в предвид тоа подоцнежно созревање кај посилниот пол. Лично, често потенцирам дека сакам да бидам со човек со кој секој ден би учела нешто ново, без разлика на поле и домен. Имам впечаток дека моите врсници, еве и година дена постари личности, имаат повеќе потреба од делумно мајка, медицинска сестра и психијатар. Некој нив да ги води и укажува. Тоа е последно нешто што ми треба. Според мене, 30-33. И затоа дефинитивно секогаш постар.
Разликата во години е релативна. Во некој период од животот разлика од 3-4 години може да биде преголема, а во друг и разлика од 10 години може да не биде приметлива. Годините не се критериум за зрелост, ниту пак со истите треба да се има некои поинакви очекувања и патеки во животот по кој мора да се движиме на одредена возраст. Секој го мине својот, индивидуален пат, кој не се совпаѓа со оној на врсниците, па затоа е побитно да се има карактерна компатибилност и исти цели во животот.
Јас 19 тој 31... Што мислите? Би функционирале? Пред да кажете нешто, сакам да имате во предвид дека буквално сме исти верзии и психички и физчки... Како близнаци... Тоа беше и првото нешто што ме привлече кај него.. Тоа што изгледа како моја машка верзија, но сепак не ми изгледаше толку стар навистина... Не би сакала да бидам некој психопатски експеримент за тоа како е со некоја 12 години помала пред да се ожени со некоја друга... Иако немам такви вајбови од негова страна, сепак не ми дозволува тоа "што ако" да се препуштам целосно...
Ти најдобро знаеш дали ти одговара или не, за мене не е преголема разлика. Не си прави филмови за експерименти, не знам од кај ти текнуваат Тој би требало да е созреан и да знае што сака. Нормално е дека ти имаш твои планови и си млада, тој можеби размислува и за посериозни работи (што не мора да е така), но сметам дека со разговор и компромис може да се балансира
Иако 12 години се преголема разлика, а мене ми е сеедно за тоа, повеќе би се осврнала на конкретнава бројка 19-31 години. Пред тебе е почеток на откривање на многу нови нешта кои тој веќе ги има поминато последните 10години. Јас на 19 години не би избрала ваква комбинација. Но можеби се е во ред како што опиша дека сте како близнаци, ете тебе те привлекува партнер сличен на тебе и може ќе ви успее и ќе сте супер пар и понатаму во нешто посериозно за двајцата како брак. Ама ако продолжиш и понатаму да се замараш со ''што ако'' и не се препушташ целосно прво за себе правиш лоша услуга, а после и него. Сепак ти најдобро си знаеш
Не е проблем толку разликата во години колку што е моменталната возраст. Друго е кога ти би имала околу 30 год. а он околу 40 год. Не би бил ист муабетот. Пред тебе претпоставувам се студентските денови, искачанки, дружби... Тек допрва кариера... Тој да речеме можеби цели кон брак, деца... Незнам какви ви се гледиштата и желбите на двајцата. Сето ова го наведов како пример. Ништо немора да е точно доколку се согласувате и доколку плановите ви се совпаѓаат. Индивидуално е кај сите. Битно е да ви биде убаво на двајцата на крајот на краиштата. Ако се согласувате терај си, немој да се мислиш заради разликата во години.
Ако сте паметна особа може да се справите со некој постар зада се разберете, но проблемите доагаат потоа кога сваќате дека ви е неминовно да чувате дедо наместо маж
Или мажите да чуваат баба наместо жена...нели.. А кога двајцата се исти години, неминовно е да се чуваат еден со друг кога ќе остарат.. Ама размислување...
Сум видела маж на 47-50 години кој се однесува како дедо од 70, и маж од 57-60 на кој сите ние би му дале не повеќе од 45 години. Не значи дека ке чувате дедо, може тој вас ке ве чува, не знате што доаѓа во животов. Годините не ми значеле никогаш ништо, само што не би си дозволила себе си да имам 15-16 години а тој 26-27 тоа за мене би било нефункционална врска во секој поглед. А после 20-21 ако знаете што сакате двајцата терајте и не се замарајте за никој. Најстариот дечко со кој сум излегувала бил 7 години постар од мене, и не сме се разделиле заради годините, туку за сосем 15то нешто. Сега дм е 4ипол години постар од мене ама со размислувањата сме исти, исто гледање имаме на работите во животот, си правиме планови кој ќе ни дозволат на двајцата доволно да го исполниме зацртаното пред да стапиме во брак и сл.
Вака јас од искуство можам да ви кажам за оваа тема. До скоро време бев во врска со маж со кој бевме разлика 15 години. Многу се сакавме, ама знајте се е џабе. Моравме да се разделиме зошто постојано се каравме, имавме различни мислења за се а и знајте јас сум тинејџерка и не сакав секс но сакав на него да му удоволам и имавме и односи.