Не знам дали си трол пошто има многу вакви избаци од умови со болна имагинација. А, ако е точно тогаш сигурно не е била љубов во прашање. Чим си била тинејџерка тогаш си била 15-16, тој е бил над 30. А, тоа се смета за педофилија.
Па не мислам дека толку е проблемот во самата разлика во годините, колку што би можел да се појави проблем во размислувањата што ги имаме на одредена возраст. На пример, разликата што беше спомната на претходната страна - 19 год во пар со 31 год, тоа мислам дека би отворило доста прашања. Девојката на 19, сега ќе почне со факултет, ќе оди на предавања и ќе полага испити, ќе биде во комплетно различен филм од дечкото на 31 год. Таа нема да има разбирање ако тој заглави на работа или ако не може да комуницира на чет за време на работно време, а тој нема да разбира кога таа нема да може да дигне глава од книга пред испит. На таа возраст запознаваме нови луѓе па излегување, журки, кафани, тој може да биде љубоморен и да и прави проблеми. Можеби е спремен за брак и деца, а таа не е моментално. Има многу аспекти кои може да бидат проблематични кога луѓето се во различни фази од животот. Уште полоша е ситуацијата како претходното мислење на членката над мене - тинејџер со возрасна личност. Прво, не е легално, второ, психички не делува добро на тинејџерските (и така) ранливи мисли, па уште и притисок за секс, ужас. Затоа мислам дека е во ред да бидеме со некој +/-5 год разлика од нас, а ако веќе се одлучиме за некој многу постар/помлад, тогаш да се осигураме дека ги имаме истите желби и интереси во моментот.
Koga ke razmislam sega podobro da taka e nemozam da kazam ne Ali kako se vika se e lekcija vo zivotot
Многу деликатна работа која може делумно да се упрости Ако се работи за ментално здрави личности, разликата во години може да не тежи многу. Компатибилноста е многу поважна. Делумно се сложувам со @CharmedGirl , битно е тие што се во врска да знаат што сакаат. Јас имам 35 години, немам притисоци дека ќе ми пројде време и во маж сакам да видам прво пријател, па кога тоа ќе се случи да си ја најдеме компатибилноста на тема заеднички живот, семејство и слично. Од оваа перспектива, некако спанџавање со некој дваесгодишен мислам дека не би ми пријало, никако. Ама не дека е невозможно туку е непрактично. Јас тежам кон расплод, а дваесгодишен кон други животни прашања како мрежни игрици на пример Се шалам, без лутење ве молам Фино што имаш моќи да процениш кој кого ќе чува кога ќе биде стар и кој колкав век ќе има. Ако е тоа единствената единица мерка во животот на луѓето, тогаш животот е стварно тежок и тажен.
Ми пишува еден 37 години постар од мене. Ме знае која сум, знае дека сум толку млада и упорен е дека сака да се видиме да одиме на кафе да сме се дружеле. А од моја страна нема интерес никаков и нема да има. Син му е колку мене а и жена има. Упорна сум дека не сакам да искочам и од кога го блокирав на една социјална мрежа на друга ми пиша. Сега ако го блокирам и на таа сигурно пак на трета ќе ми пише. Не знам што да правам веќе.
А зошто воопшто враќаш на такви личности? Ignore само. Крај краева ако толку те демнит и вознемирвит, напиши му една порака дека на жена му ќе ги препратиш муабетите, па да видиш како ќе се повлечит.
Зошто некултурно ? Тој татко можи да ти биди, сама кажа има син колку тебе и има жена И повеќе од културно е за него. Не знам зошто враќате на такви личности.
А колку години има тој? Некако чудна ми е твојата реакција , бидејки ако некој не го интересора некој или го игнорира или го блокира и воопшто не се замара со личноста
Па ако е толку стар зошто не го пријавиш во полиција за вознимирување? Или мислиш дека има врски во полиција?
Колку години сметате дека треба да има една девојка за да биде во врска со 30 и кусур годишен човек? Дали е премногу, и што кога тој не сака да има деца на 30 години? И кога сака врска, но се буни малку бидејќи е постар?
Јас не би сакала да бидам премногу разлика со мојот партнер. Најмногу до 5 години но тоа е само мое лично мислење. Има овде со многу поголема разлика а кои се позитивни приказни. Така да секој за себе. Тоа што не сака деца е пречка ако ти сакаш. Можеби тој никогаш нема да сака едноставно треба да разговараш. А последното за бунење не го сфаќам. Се буни да биде во врска со тебе? Па што ќе ти е тогаш?
Па тоа зависи од луѓето и нивните карактери, нели не е само љубов туку и дали заедно се вклопуваат, дали имаат исти планови за иднината, зрелоста...сепак тука не вклучувам 18 годишни, барем 20-21.Јас лично не гледам ништо страшно во голема разлика во годините, ама пак е индивидуално. А за децата, ако имате сосема различни ставови околу имањето и чување на деца, тоа може да ви биде пречка, па особено ако он не мисли нeкогаш да има а ти сакаш деца.Подобро порано убаво да разговарате и да си "расчистите" на што сте околу ова.