Се буни бидејќи самодовербата му е на нула, не бил добар за мене стар бил, ама сакал со мене. Го знам уште од мала многу е симпатичен, од ум не ми излегува, конечно пораснав малце за да му признам такво нешто хаха
Да не ме сфатиш погрешно ама тоа 30 и кусур годишен, а сака да биде со помлада, да не се вика midlife crisis? Тебе ако ти е мерак да си пробаш со него, слободно ама прво осигурај се дали стварно сака да биде со ТЕБЕ, а не со било кое помладо ,,парче”, па за некој месец да те замени со некоја уште помлада. Не сакам да кажам дека поголема разлика во години е лошо, ама дека треба да бидете внимателни кога се впуштате во такво нешто. Види дали ви се слични интересите и соништата за иднината. За децава не те сфатив ни јас - тој не сака, а ти сакаш? Ако е така, тој проблем ќе се провлекува и понатаму во врската и мора да се разговара уште на почеток. Ако има можност било кој од вас да се предомисли во иднина на темава, тогаш пробајте да бидете заедно. Ама ако не можете да се согласите, подобро ич не пробувај и барај некој што ќе го сака истото како и ти. А ако не е проблем, пиши ни колку години имаш за да сфатиме која е разликата и да може посоодветно да одговориме.
Зависи, ако имаш ти 18,19 тој над 30, ти си дете за него.И како шо пиша во другиот пост ем вика дека е стар за тебе, ама сакал, како е тоа И луѓе над 30год треба да размислува за брак, семејство, да има некоја зрелост, барем би требало. И 30 и кусур,можи да биди 33, можи 36.
Не мора да сака семејство, деца ако има над 30 ама битно е да е зрел како што кажа. Инаку јас познавам два пара од моја близина, едниот пар се 11 години разлика, девојката беше 18-19 години кога се земаа на 20 роди дете, сега за сега супер функционираат. Секако треба да имаат исти интереси и желби. Пример ептен е лошо тој да сака дете на 30+ години а таа да сака да студира или слично. Другиот пар не траеше многу. Баш поради различни интереси.
Јас би рекла барем 20 да има. Не мора да значи дека ако е 30+ мажот мора да сака деца баш тогаш. Не се мери зрелоста според (не)сакање семејство. Сосема океј е да се имаат други планови пред тоа. Колку и да сте разлика најбитно од сѐ е да имате барем слични планови за во иднина. Многу пати се има случувано најчесто повозрасниот партнер да сака деца а другиот уште сака да си е на слобода и да учи, да се дружи и слично. Тоа веќе се знае дека не води никаде и не се компатибилни. Пример за мене ќе ти кажам, јас имам 23 а дечко ми 32 години. Околу иднината многу јасно се имаме договорено. Да ме притискаше сега да се земиме и деца да имаме, па не знам дали ќе останев со него. Јас уште планирам да учам и да се надоградувам. Тој уште не сака деца, но не е престарен. Можеби ќе биди еден ден, можеби не. Најбитно е што имаме исти погледи и сакаме да сме заедно.
Барем 20+, иако за мене лично и тоа е доста голема разлика. На крајот е најбитно дали имате исти желби и планови за иднината. Тој е веќе зрела личност и ако тврди дека не сака деца, значи размислувал за истото и решил дека не сака. Ако ти сакаш, тогаш не гледам зошто воопшто би почнувала нешто со него. На тема деца компромис не се прави.
За да бидеш со некој треба да имате исти погледи кон иднината. Ако тој е решен дека не сака деца, а ти сакаш да имаш, се е јасно. Е сега..друго е ако врската е без обврски. Јас не сакам многу постари од мене. 10+ ми е премногу.
Јас 20 он имал 34-35 така нешто, барем така ми рече, а јас на една страна имам пишано 27, ама не било така од кога почнавме да збориме...Порано идеше кај нас и е другар на мојата фамилија имам кажано
Aко ви е убаво, ви е убаво. Не слушај глупости од други, проценки некакви као демек објективни. Има парови примери со по 10,15,20 години разлика што функцираат топ. Има парови врсници па не функционираат. Што ќе ти е да ти кажеме ние наша проценка за вас двајца кога не ве знаеме ниту ве познаваме и не би ви била од корист таа наша проценка. Ако ти е убаво супер. Ако не ти е убаво никому ништо нема да се гледате. Полнолетни сте двајцата не ви треба одобрение и мислење од никого.
Со оглед на тоа дека не знаеш колку точно години има, јас би те советувала малку подобро да се запознаете па потоа да одлучите дали си одговарате еден со друг.
Да ама малку кочи тоа што, он старее иако во ликот е како 25, и не сака деца, јас сега не сум подготвена ама за 5 години дааа.. И фамилијата ако дознае, ќе ме убие ама се договоривме да не кажува, уште сме на почеток.. А мажите може да имаат деца и на 50 мислам, само желбата е да сака
Ако тој не сака никогаш деца, а ти сакаш- врската може да ви функционира некое време, ама не и на долг рок. Нема смисла да се убедувате еден со друг, тој да очекува да се откажеш од идејата за деца или ти да очекуваш дека тој ќе го смени мислењето, не е фер да очекувате такво нешто еден од друг, не очекувај да го смени мислењето, ако не сака деца, не сака. За фамилијата не знам што се замараш, не ни мора да им кажуваш со кој одиш, ко што реков, полнолетна си и немаш обврска нив да им објаснуваш, ко второ не знам дали си вработена, ама ако не си, во иднина ќе се вработиш и апсолутно не знам зошто би се замарала со мислење на фамилија, твој живот е.
@BonitaSenorita66 не се проблем годините, проблем е што на негови години тој незнае што сака. Да сум на твое место, мене повеќе тоа би ми сметало отколку годините. Кажа дека сте пријатели, другар на твојата фамилија, тој треба да биде тој што ќе ја објасни вашата ситуација, затоа што тебе сите ќе те гледаат како дете. Знам дека луѓето ќе ти речат нема што да објаснува, но верувај има. Затоа што не е баш пријатна ситуација, сепак се работи за некој кој низ годините го гледал твојот раст. Вашата врска ќе има само две опции или ќе се земете или ќе се криете се додека тој не си најде некоја. Би те советувала да си најдеш некој кој нема да размислува дали да биде со тебе или не. Едноставно ќе сака да биде со тебе и ќе направи се за да остане покрај тебе, без размислување.
И ја исто, но само доколку сме на иста бранова должина. Не е до годините, битно е исти ставови да имаат. Некој може и на 20 да сака брак и да се оствари ко млад родител, па уште на 20 да напиња за брак и деца, некој може и на 30+ да нејќе и да не му се брза околу тоа. Битно е 2те страни да се ускладат. И да е она 20, тој 30, ако имаат исто мислење околу ова, не би имале проблем. А и да се 20 и 23, ако немаат исто мислење околу темава, би имале проблем. Се зависи од ситуацијата и луѓето.
Да Немора десет години,и пет да се. Јас мислам колку постар толку подобро. Ради тоа што најчесто се позрели,имаат доволно поминато во животот и сакаат нешто посериозно. Не ми треба некое лигле од 18 год или помал што уште ги брои колку лапал. Уште се деца,на нив им треба повеќе време да созреат.
Јас одев со 6 години повозрасен од мене и поголема будала немам запознаено во животов. Радо би со врсник.
Мојот дечко е 12 години постар. Прво ми беше страв како ќе реагираат луѓето околу мене , но сега повеќе не се замарам за тоа. Дали има некоја слично искуство?
Мм е 14 години постар од мене, прв и единствен со кого се најдов на иста фреквенција за љубов, соживот, семејство, разговор На почеток се срамев да кажам колку сме разлика ама со тек на време тоа помина. Он на шала кажува дека земал млада за да го догледа во старост