Да , да дефинитивно се сложувам со ова , битна е среќата , а не што ќе кажат другите. Јас пропаѓав во земја кога ме прашуваа „Кој е човеков? ". Со тек на време помина тоа.
Не би ми сметало идниот партнер да е постар од мене.Преферирам постари машки од мен бидејќи се углавном посозреани и не прават детски работи. До 10 год разлика ми е океј. Сите бифши што ми се постари си ги осеќам како врсници да ми се буквално.Свесна сум дека се постари од мене и се тоа, али пошто се разбирам со сите ги осеќам ко генерација да ми се и не гледам пречка у годините
Ако си среќен / на со некој / а , годините се само бројка . Народот секогаш ќе има што да каже , било да сте со врсник , со помлад или постар од вас партнер . Сум била со дечко 5 години постар од мене , искрено , се беше ок освен годините . Јас имав само 13 , а тој 18 години . Секако тој инсистираше на сексуални односи , а јас со мои 13 не бев спремна да му ги понудам истите , па решивме дека сепак е најдобро да се разделиме и секој по свој пат . Сум била и со дечко 3 години постар од мене и поголемо дете не сум видела . Се омажив со дечко на иста возраст со мене , и заедно созреавме некако . Што знам , дали дека станавме родители , па преку ноќ созреавме , или судбината ни чкртнала горе да созрееме заедно .. Сеедно , мислам дека не погрешив во изборот . Секој со својата среќа , некој со постари , некој со помлади , некој со врсници и така . Важно е да се има меѓусебна љубов и почит , како и слога и взаемно разбирање . Другото си доаѓа со тек на време .
Јас мислев дека не е важна разликата во години. Мојот сопруг е 8 години постар од мене. Се сложуваме и се разбираме. Ама полесно беше пред да стапиме во брак.. Сега ние сме истите, ама од страна не гледаат како да сме безнадежни, сите мислат дека нема да успееме, во очите на свекорот,свекрвата јас сум уште дете и ме подбуцнуваат и намерно некои работи ми ги прават и потоа си имам расправии со мм.. така да, моето мислење е дека за во врска годините не би имале некое значење, ама под услов и двајцата партнери да се дораснати и да размислуваат на исто ниво. Е истиов услов да е исполнет и се да е совршено кога се во брак партнерите е малку покомплицирано бидејќи околината нема сериозно да ги сфати, помладиот секогаш за нив ќе биде помалку паметниот.. Мојот пример веќе го кажав, но има уште еден, моја блиска роднина е 10 години постара од нејзиниот сопруг, и да иако имаат 2 деца и среден живот, луѓето ја гледаат неа како мајка на 3 деца (двата сина и сопругот).. Ме нервираат овие работи бидејќи знам дека годините не се мерило за ништо.. Ама како да се објасни тоа на оние со поинакви сфаќања( а ги има многу)?
Прекинуваш да им даваш на значење и со тек на време или веќе не ги регистрираш што зборат или прекинуваат и самите. Ако ти и сопругот дозволите туѓите сплетки да ви направат раздор во бракот, ќе згрешите многу. Разговарај подобро со него. Ако те сметал и он за дете немало да те земе за жена. А ако сепак дозволува мислењето да му се смени, многу поголеми проблеми ќе ви се насоберат.
Јас и мојот дечко сме генерација, но би сакала да го кажам моето мислење на темава. Ако се работи за тинејџерка и повозрасен, пример 14 год. и 23 год. разликата е огромна. Таа е уште основно, можеби прв или втор дечко, се пали на неговата брада и мускули... Тој маж пораснат со сосем други потреби, гледа како да ја залаже... Не зборувам за секој случај, но најчесто е така. А замислете ги и физички колкава разлика се. Е сега ако зборуваме за повозразни, пример 32 год. и 41 год. (пак се 9 години разлика) мислам дека нема проблем. Не се приметува разлика, веројатно имаат и исти идеали во животот. Сепак оставам секој со својата свест да си одбере партнер како му е најдобро него (во случајов неа). А и според мене претежно девојките кои сакаат да се мажат после средно се тие во врски со поголема разлика во години. Тука не гледам нешто погрешно, не и оди образованието, но доколку си се снаоѓа во животот ќе и основа семејство и ќе се грижи. Секој го бива за нешто, не ме сфаќајте погрешно.
Мојот поранешен дечко беше толку многу против поголема разлика во години.. не знам, таа 20 год., а тој 26 год. таа разлика за него беше премногу, тој бил дедо...
И дечко ми пред мене бил против такви врски кај што он ќе е постар појше од 2г. Сите бивши или му биле врснички или една година помали, а имал и една-две мислам постари од него година дена. Дури хејтал такви врски, баш другар му некое време пред тоа се дејтал со средношколка и се чудел. На крај испадна со мене да му е најдолга врска еве више 2г и да се заљуби баш у помала... Така да никогаш не викај никогаш за нешто... Ја бев 16 (добро за 2мес 17 ќе правев) коа почнавме да се дејтаме, он беше 20тина.. Јас не сум имала па против за врски со постари, никогаш не сум била со врсник.
И тоа страшно хејтањеда, не ги оправдуваше тие врски. Јас не сум против, баш машкиве не се зрели како нас хахахах
Познавам парови по 15-20 години разлика и тоа ми е незамисливо, сепак не би со некој што е генерација на татко ми. Најмногу што би била со некој е ако е до 10 години постар, а идеално би било 4-5 години разлика, но сепак секој со својата среќа и судбина.
Дете бе, откажи се, не вреди верувај! Дечкото ќе те мафта само и ништо озбилно нема да искочи од таа 'врска'. 10 години , точно може не се некоја екстремна разлика али ипак, ти си само дете. Уживај си во детството, имаш време за врски и заљубување, животот е пред тебе.