Кога ќе ми текне на времето кога јас имав 15 и твоите 15. 15 години кога имав не ми ни паѓаше на памет да искочам со некој 25 годишен. Не ми паѓаше на памет затоа што игравме криенка,фудбал,се собиравме и игравме карти,ластик,вистина и предизвик.... Сега девојчињата на 15год имаат дечко и се понашаат ко 25,а овие обратно. Жално што си правите на себеси.
Се е тоа убаво што си барате постари и позрели мада годините не мора да значат зрелост ама на 15 години со барбиките си играв дома и си смислував како да ги облечам и коса да им направам а не дечко да барам. Ќе дојде време и за дечко не се секирајте нема да останете стари моми.
Ама го нападнавте девојчето .. Кога ќе разберете дека денес со се почнуваат порано тинејџерите ? Како со дечковци така и со се останато . На пример мене пред 10 години ми беше незамисливо да носам штикла 15цм , такви облеков дури на 17 години ( за прв и последен пат ) , а денес секој викенд девојчиња носат високи штикли . До девојчето : Според мене , за да успее таа врска , треба многу труд и откажувања . Ти имаш само 15 години . Може да доживееш да ти врши притисок за интимни односи , на кои ти можеби нема да бидеш спремна , и тука ќе пукне тиквата , или евентуално ќе имаш секс , само за да ги задоволиш неговите потреби , по што ќе се каеш . Доколку дечкото е спремен да чека да ти посакаш да имаш интимни односи со него , тогаш можеби и ќе ви успее врската .
Не само за имање односи, премногу чудно ќе изгледа, како да и е поголем брат. И тој треба веќе на 25 да биде зрел а не да се мафта со деветто одделенки. @Kardashian555 Да бевте 20 ти, 30 тој ќе беше мааалку подруго, барем ти ќе беше полнолетна а и колку толку созреана. Ова е класичен пример за педофилија. И тој бре манијак, на 15 год телото недооформено уште. Само размисли како би се чувствувале твоите родители кога би им го соопштила ова. Премлада си и мислиш дека ќе ти симиња ѕвезди од небото ама тоа се празни зборови кои ќе исчезнат заедно со него кога ќе му здосадиш. Не те напаѓам, само те советувам. Може ќе ти звучи сурово, ама вистинито е. Бегај подалеку додека не си направила некоја поголема грешка и беља.
Ќе успее, ако си спремна да се венчаш на 17-18. Зошто не го интересираат врснички? Не се доволно зрели за него?
Што ви се теми на муабет на 15годишна и 25годишен? Можеби 10години разлика не е многу но доколку си 22 со 32 да речеме, веќе имаш поминато некој дел од животот си се пронашол себеси(можеби) на други работи размислуваш и имате заеднички теми на разговор. Кога ќе ми текне што сум испаѓала на 15години и што сум правела муабет тоа се децки работи... на твои години треба да си со врсници па и ај да речеме до 20 години некој, но 25 како и што напиша некој погоре тој на венчање сигурно мисли.
Кога ќе размислам подобро , во право си . Мм има 25 години и три деца , а овој дечково на 25 сеуште лаже девојчиња .. наместо да има сериозна и стабилна врска на пример . Од друга страна пак , секогаш велам дека не се важни годините кога е во прашање љубовта , но за да успее нивното , треба многу мноогу откажувања и трпение . Сепак таа е сеуште дете а тој веќе " зрел " возрасен човек ..
Браво и секоја чест за маж ти. Многу се радувам кога ќе ми кажат дека сеуште постојат вакви мажи. Најсреќни да бидете душо!
Фала ти од срце , да ти се враќа се најдобро . Добро , ние малку па избравме со се , можеби да не забременив на 17 немаше да сме тука каде што сме , ама позрел потег направивме од дечково реално . Башка , генерација сме со маж ми , во месеци е постар од мене и генерално мислам дека баш ми одговара што заедно созреавме и поминавме низ многу работи до сега . Е сега , јас немам ништо против врски со разлика во години , ако на парот тоа му одговара , зошто да не , но кај девојчето е малку тешка ситуација , но не е невозможно да им успее ако доволно се трудат и двајцата .
Јас мислам дека да се биде разлика во години е во ред ама за луѓе над 23 години. Тогаш се завршуваат школите, повеќето од другарства,личностите имаат работа и девојката и да си најде дечко со 10 години плус т.е 33 е океј. Но да биде 13, 14 и да има дечко од 20, 22 тогаш тоа ќе е вистинско мачење. Колку побрзо расте толку повеќе проблеми, нема да може да излегува како другите девојки . Нему нема да му е интересно излегувањето, ќе сака брак порано.
Абе каков брак , не му е до брак чим брка 15 годишни . Инаку нема да функционира секако. Може само девојчето да се затреска и да пати .
Јас сеа со начукани 22 години кога ќе помислам на 32 годишен ми иде да го персирам не па кога имав 15 .
Сосема во право си! Не може да биде исто 15 и 25 како на пример 30 и 40 год. Сепак нели се е индивидуално
Хмм, до сега не сум била со никој екстремно помлад/постар од мене. Се е до самата личност најверојатно. Мене, лично ми сметаат типови постари од 4 години од мене. Имав прилика да се запознаам пред 3 месеци со еден кој по сликите ми изгледаше фино ама едно излегување , еден муабет и корпа. Немам допирни точки во муабетот, се гледа дека сликите се едно а во живо е друго. Инаку имав врска и со помал од мене и тоа година дена помал. И тоа не бива.
Не судам никому, секој има право на свој избор. Но, исто така и јас имам право да го кажам своето мислење. Благодарна сум на моите родители што ми дале исправен патоказ во животот и ми помогнале во одлуките за време на основно и средно образование. Во таа доба девојките созреваат и нормално е да посегнат по такви искушенија, иако реално се мали. И јас имав врска во средно, но разликата е во тоа што дечкото беше моја генерација и никогаш не си дозволив врската да премине некоја граница, да бидеме премногу блиски- буквално како маж и жена. Девојче од 15 години не е чудно да згреши, не е чудно да се заљуби во некој 30 годишен, чудно е нејзините родители да и дадат максимална поддршка во изборот. Еден ден ако даде Бог и јас ќе станам мајка, никогаш нема да останам рамнодушна на таква ситуација. Од друга страна, исто би реагирала и доколку имам 30 годишен син кој посегнува по малолетнички. И една порака до средношколките кои се лутат на родителите затоа што не им дозволуват да преспијат кај дечко или да одат на летување заедно: Бидете среќни што имате некој кој се грижи за вас, почитувајте го. Се си има свое време
Личното искуство ми покажало дека разликата во години не е никаква пречка за здрава и успешна врска. Ако партнерите не им подлегнат на осудувањата и ако се сигурни во своите чувства, не гледам причина зошто разликата во години да биде проблем. Па дури и да е поголема разлика.
Девојки помали од мене 5 години ми викале многу стар сум бил а девојки 7-8 години помали ми викале дека сум како за нив, созреан и сѐ. Додека пак, девојки поголеми само неколку години викале дека сум малО
Подобро е машкото да биде постаро од женското мислам така подобро опстанува врска(бидејќи машките покасно созреваат),но немора да значи зависи до човекот.
Сум имала врска и со 1 година помлад ( никако не одговара) - детенце едноставно кажано И со моја генерација 92/3 ама не ја биваше некако машките таа генерација се повеќе на игри сконцентрирани т.е беа сега не знам како е. Сега сум во брак со 10 години постар ( тој 36 имаше кога се венчавме јас 26 )и ѝ тој" забегава " од време на време мислиш 16 години е.