И таа има 48 год и на форум прашува мислење од непознати? На 48 години треба да е веќе зрела, оформена личност која ќе си ужива во животот без разлика кој што мисли. На тие години, на ултиматумот од фамилијата таа треба да е во состојба само да им се изнасмее. Фамилијата е во состојба да ја отпише само заради глупост како разлика во години со мажот, а двајцата се скрос возрасни личности. Јас на нејзино место, дури и да не бев со дечково, ќе размислев дали да продолжам да комуницирам со луѓе кои ми покажале дека се спремни да ме отпишат заради глупост. На 48 години апсолутно нема потреба да бара дозвола од фамилијата. И јас сум со маж ми нешто повеќе од 10 год разлика, ако така ме уценеа, јас ќе ги отпишев нив пред тие мене.
чудно во мешањето на фамилијата нема, секој си има право да си го каже мислењето, чудното според мене е односот на 48 годишната, тој не се откажува бара брак и сериозност, ама таа што мисли? сака или не сака? и не треба да очекува што мисли фамилијата може само да каже оваа е моја одлука и да си излезе низ врата.
Јас мислам за жената дека е или разведена или вдовица и има деца, па затоа и викаат да одбере или тој или фамилијата ... глупости .. сепак то е нејзин живот таа си одлучува за неа.
Да, тоа што не си го гледа детето, а тоа што нема таа деца, не загрижува, може не сакала, можеби не можела... Да не осудувам пред време, не сакам, секоја приказна две различни страни има.
Мислев на фактот дека татко не си го гледа детето, на ништо друго. Не осудувам, но како е напишано, се наежив штом прочитав. Тажно е ако е навистина така.