Четириесеттите се уствари години на втор пубертет,баш се фини.Ги немам се уште,ама кога ќе дојдат добродојдени ќе се.
Ако се луѓето луѓе, нормални, ментално одржани и со здрав дух, не постои никаква препрека за здрава и долговечна врска.
Многу погрешно.Баш на 30 и 40 се зрели и двајцата,знаат што сакаат,и кои се границите преку кои не преоѓаат.Нормално има исклучоци.
А што правиме со тие 70+? Да им викаме дека се во цутот на пензијата? Цутот на староста бе....ми го продолжи животот за 2 минути.
Ако 40 години се цутот на староста, тогаш јас треба моите да ги испратам, а јас на 22 сум речиси средовечна. Било да е 30 - годишна со 41 - годишен, било 20 - годишна со 31 - годишен, не се мешам, бидејќи секој си знае за себе. Ако кажам мислење, можам да добијам напад од други.
Па и не се баш некоја младост 40 години. Познаници што наближуваат кон 40 самите себе се нарекуваат стари. Почеток на староста е ок да се каже. Или средовечост. И јас ко средина ги гледам.
Какви луѓе има на 40, дури од нас младите од 20 подобри се, за мал прст не може да им се фатиме реално кажано. Со енергија, со младалачки дух, па на изглед држечи, ја им се восхитувам. 40-50 се дури и најубавите години според мене, баш како втора младост само со многу повеќе искуство во животот . А 30 и 40 ко пар ми е сосема океј, возрасни индивидуи, нема уопште ни дилема тука, ако си одговараат супер си е се.
Некој можи и на 20 стар да се чувствува, друг на 40 млад, па и повеќе. Не е баш до годините само. Ама реално 40 воопшто не се "стари години". Помеѓу мене и него има 9 години разлика, ама веќе воопшто не се приметува. Млади се осеќаме.
Life expectancy at birth was a brief 25 years during the Roman Empire, it reached 33 years by the Middle Ages and raised up to 55 years in the early 1900s. Така да, да, пред 100 години би биле во цутот на староста. Во Среден Век веќе би биле на крајот на животот, а во антиката би биле одамна мумифицирани. Изгледа членката е заглавена некаде, таму, во минатото.
Тешко е да се процени колку е некој "стар" , а тоа да не биде според годините како единствен критериум. Човек треба да биде зрел за да може да создаде и одржи било каква врска во животот, не само љубавно-спаравачка. А тоа колку сме ние луѓето зрели се гледа по нашето однесување кон секој кој е на некаков начин дел од нашиот живот. Во врска сме и со фамилијата и со пријателите и со соработниците. Топло ви советувам да внимавате на овие работи кога бирате партнер, а не да ѕиркате во лична карта.
10 години.. Сега не е страшно, ако се на сита бранова должина, зашто сепак генерациски јаз има, е сега како ќе врват годините разликата ќе е очигледна на многу полиња, ама ако си се сакаат, разбираат што да не. Нема упатство. Да имаше полесен ќе беше животот.
И така, со денешен лајф експектанси, најдолго во животот ќе бидеш старица Свашта. У реду е постар маж дури си помлада, ама по некое време треба да го смениш за понов модел Идеално би било стално да има 35
Здраво на сите, јас имам 18 тој има 28, се гледаме од Септември, а веќе од Јануари сме официјално заедно. Си рековме до каде иде нека иде и сега за сега добро функционираме јас имам планови за факултет и тој ме подржува, но многу луѓе ме осудуваат и знам 18 сум тоа влијае на мене, но би сакала да слушнам и ваше мислење. Ви благодарам.
И јас бев со некој толку постар од мене, имам 18, 7 месеци бевме заедно, заврши лошо и јас бев повредена. Сега кога гледам со чисти очи, мажи кои се толку постари и не можат да си најдат некој на свои години, најчесто одат со помали затоа што полесни се за манипулирање, па сеа ти види..
Ако тој те поддржува воопшто да не ти е грижа што ти велат другите. Луѓе и со поголема разлика од тоа успеале. Двајцата сте возрасни така да не гледам проблем.
Треба доволно добро да знаеш што сака тој од животот и какви планови има за да се впуштиш во ваква врска. Оти реално, тебе во овој период не ти треба некој што ќе те врзува или ќе планира фамилија во блиска иднина, туку ти треба малку полабав однос, разбирање дека ќе имаш доста обврски, нема секогаш да имаш време за него, ќе створиш познанства и пријателства со многу нови луѓе од факултет, како колешки така и колеги.