Не разбирам, а што ако планира кога тогаш да се земи со неа? Или требало на лабаво да ја третира и гледа као забава, во смисла секој кога сака и со кој сака да оди? Тоа е тоа (од)врзување?
Кога-тогаш може да е откако ќе го заврши факултетот и ќе стане финансиски стабилна, а може и да биде за еден месец. Обично машки на таа возраст, 28-30+ размислуваат за брак, за деца, не за врска, иако сепак е тоа индивидуално, не можеш сите да ги ставиш во тој круг. Под врзување подразбирам забранување да излегува со другарките, љубоморење на колеги/колешки, минување повеќе време заедно од што таа сака/може, слаб успех на факултет бидејќи тој ќе и` се лути дека нема време за него, итн.
Кои обврски ги има некој на 18 години што човек на 28 не може да ги разбере? Можеби обратната ситуација би била проблем, ама на осамнаест години реално иде у школо уште, освен домашно не гледам тука посериозни проблеми
Или јас сум стар на 26 години, па не ги разбирам овие врски што треба да се разберат. Или или е работава, јас ако стапувам во врска со некоја нема да се мајтапам.
Девојчето збореше за запишување на факултет. За мене факултетот е преголема обврска, си бара време, он може да иде на работа само 1ва смена, а ти да имаш предавања попладне, имаш домашни, семинарски што треба во рок да се предадат, како и колоквиуми и испити кои треба да ги спремаш цело време, не 2 дена пред полагање. А особено периодите во колоквиумска/испитна се посветуваш скроз на учењето, а партнерот може да и` се налути за ова, оти ќе нема време за него. Кај виде некој да спомнува мајтапење?
Ако е за контролирање може и врсник да те контролира. Секако и прашањето за евентуален брак ќе си го решат со тек на време. Еве цел факултет го поминав со дечко поголем 9 години од мене, двајцата си бркавме своја работа и пак среќни. Дипломирав и пак не ме присилува на брак или не дај боже да ми брани да излегувам без него. Битно е да имаат исти гледишта за овие поважни работи.
@nevermet18 Ама тоа е нешто што човек на 28 години веќе го знае. Не сакам да звучам како претенциозна тетка, но верувај ми, обврските на факултет не се ништо во споредба со она што следува после тој период. Башка тоа, сѐ е прашање на организација. Ако партнерите не знаат да се организираат, тогаш поубаво да апстинираат од врски.
Реално он на 28 ќе нема многу слободно време и време за неа, отколку она на 18. Освен ако не студира квантна физика на 18 . И попрво она ќе му биде љубоморна на неговите повозрасни пријателки неголи он љубоморен на дечки на нејзина возраст.
Па зависи и тој што работи и таа што студира, плус зависи и тој дали го прошол истиот период. А @nevermet18 е во право во однос на плановите за иднина, едно е размислувањето на 18 години, а друго на 28, различни цели и гледишта, вклучително и основање фамилија. Сепак ако им оди и наоѓаат начин да функционираат, океј, нема потреба да си создаваат проблем заради околните мислења.
Се надевам дека и на девојчето ќе му се посреќи како на тебе и ќе си функционираат супер. Според мене притисокот е поголем во врска меѓу млада девојка и повозрасен маж. Јас зборам од моја гледна точка и од тоа што сум сведок на вакви врски, ама пак ќе кажам, тоа е индивидуално, не може да значи дека и кај неа ќе биде случај. @Ajronmen праксата го покажува обратното. Тој може да нема доверба во неа и во машките во нејзина околина од причина што ќе смета дека уште не е доволно зрела и мисли дека можеби „паметот и` лета на друга страна“. Ова сум го слушнала од доста машки 25+. Мислам дека девојчињата се помалку љубоморни. И од друга страна, поверојатно е дека скоро сите женски што може да ги запознае едно машко во животот(колешки, комшики, девојки на другари, другарки итн), на таа возраст тој веќе ги има запознаено, за разлика од неа, што дури сега ќе стекнува нови познанства.
Па не се сложувам. Точно е дека има притисок, ама кај 20 годишна и 30 годишен притисокот мислам дека е кај девојката (или помладиот сеедно). Можеби ако девојката е 30 а мажот 40 тој да чувствува притисок бидејќи се познава дека е постар од неа, можеби и помалку енергија итн. Додека на 30 години, имаш енергија, сеуште млад си, а веќе си позрел, и имаш стекнато самодоверба. И јас зборам од лично искуство, а и од пријатели. Прилично на 30 самодовербата е доволно голема за да знаеш дека некој 20 годишен не ти е голема конкуренција, па од тука доаѓа и нељубомората. А барем досега помладите девојки се осеќале доста загрозени од мои врснички. Секоја чест на исклучоците, и сепак сметам дека 20 годишна девојка е многу позрела од 20 годишен дечко.
Секој има различно искуство. Затоа мислам дека може да се согласеме дека зависи од самиот пар како ќе се постават еден спрема друг.
Ако се налути, тогаш не е за неа. Маж ми земени бевме кога се запиша на магистерски. Ем работеше, ем учеше. Па не му се налутив.
Поентата на @nevermet18 е многу валидна. Има многу врски со оваа разлика во години, кои започнуваат навидум супер, но по само неколку месеци девојката се соочува со разговори и притисок за брак, семејство, а не е воопшто спремна на истото. Секако, исклучоци има секогаш, не тврдам дека сите се исти. Но е многу често во пракса, и во околина и тука на форумот, колку само девојки читаме кои не се спремни на брак а се притискани од партнерите кои се постари од нив. Затоа е многу битно да се разговара за желбите и плановите и на двајцата. Можеби тој сака да ја запознае подобро, да поминат некое време заедно и да ја побара за жена, додека таа можеби ете сака да се образова, да гради кариера, итн што би и одзело години од животот за кои тој не е спремен да ја чека. И не, не се воопшто наивни обврските кои една 18 годишна девојка може да ги има а поврзани со факултет, па можеби и со работа плус. И да, сум имала многу примери во опкружување каде мажите биле љубоморни и го контролирале секој чекор на девојката од причина што таа е доста помлада, запознава и се дружи со нови луѓе, па се плашат да не бидат заменети и оставени. И тоа е најлошо нешто кое може да го прифати една млада девојка, која се наоѓа во еден од најубавите периоди од животот односно студентскиот живот, каде треба да биде безгрижна, фокусирана единствено на факултет, на дружење и забава, наместо да седи затворена во 4 зида, избегнувајќи проблеми во врската. Секако не се сите луѓе и врски исти. Можат да опстојат и покрај таа разлика, секој правејќи го она што го сака, со разбирање и ускладени планови за во иднина. Во секој случај мора да се разговара за да се знае што да се очекува.
Кај те нашол, кај си го нашла ти него? Не му ја мисли цел живот е пред тебе, запиши се на факултет, види како ќе ти оди, можеби ќе работиш, толку многу искуства има да доживеш. А тој може само да те ограничи, да те блокира целосно да го искусиш животот, ако ти завршуваш со средно сега не значи дека треба да бидеш во озбилна врска. Него времето му е за брак, за деца, не да брка скоро легални девојчиња.
Ти имаш 18 а он скоро 30, предатор е си нашол мала девојка за да ја манипулира и лаже . Млада уште не созреана лесна за манипулации . Што би барал 30 годишен со тинејџерка? Предатор , не можел да си фати девојка што не е тинејџерка очигледно. Јас да имам ќерка и на 18 години да ми донесе 30 годишен маж има да ја избркан од дома а предаторот ќе го пријавам. Ова е уште еден доказ дека 99% од мажите се предатори и имаат задни намери.
Многу си малечка за сега да имаш 10 години постар дечко, мислам на различни места во животот сте. Друго е кога ќе имаш 20 и нешто години.