Разликата е сосема нормална, но годините не се. Живеат во различни светови, им се случуваат различни работи. Да не спомнувам дека врска малолетник со полнолетен не е баш легално и посакувано. Кога би биле двајцата полнолетни тогаш е друго.
Еве пример јас се дружам со девојка 10-12 години помала од мене. Коа се возиме со кола пушта музика која ја слушав порано рок метал и ми пречи јако зашто ја пушта до даска. Да и речам ќе се налути зашто сваќам дека сме различни генерации и ја оставам. Муабетите исто и се подетски и ја приметувам таа разлика. Не би можел да имам сопруга со голема разлика бар сега така мислам
Легално е кај нас. Од 14, можеш и со 50 годишен/на да имаш секс/врска. 5-10 години +/- не се голема разлика. Голема разлика се 15, 20, 30 години.
Не е убаво. Избегнувај. А да не вметнуваш вакви работи кога се дава совет на оваа тема? Знам дека сакаше само поента да истакнеш ама младите кои бараат совет ќе се закачат за вакви работи и ќе мислат дека е океј???
Тогаш која е поентата што се дружиш со неа? Инаку јас не би можел со девојка ако сме разлика повеќе од 6 години, дури и тогаш малку ми е чудно. Најмалата девојка што сум ја имал имаше 4 години помалку од мене..
Инаку, законот кој вели дека 14 годишна особа може да даде консент е за секс меѓу малолетници - односно од 14 години ја смета за сексуално свесна единка. Има друг закон за statutory rape кој ги штити млади помали од 16 години, односно сепак не е сеедно дали 19 годишен и 15 годишна ќе имаат секс. Мислам, законите се секако нејасни и не знам колку штитат, ама не е така како што вели @WildMk .
А ако има согласност помеѓу индивидуа од 16 и од 19 години да имаат секс, зошто и како би било противзаконски?
@Srckata28 шокирана сум дека границата е 14 години искрено. @Hellobeautiful јас ја следев логиката на полнолетство. Пред 18 не возиш, не пиеш алкохол, родителите одговараат за тебе, ако извршиш кривично дело ќе те судат како малолетник, не знам зошто е нормално малолетна и полнолетна индивидуа да стапуваат во било какви односи. По таа аналогија ми е "свесноста" за врска, још мање за сексуален однос. Лименка пиво не можеш од гранап да купиш, ама можеш да имаш врска. Ми звучи чудно. пс. Башка читам дека под 16 не е законски, се рачуна за statutory rape. Хипотетички законот признава дека индивидуа од 16 години нема зрелост да даде согласност.
Сега прочитав дека тоа од 14 било за малолетници, а од 16 за ако другиот е полнолетен. Што за мене пак е мала возраст. Поранешна другарка забремени на 16 и роди на 17 со човек скоро 10 години повозрасен. Ама кај нас некако се нормализирани овие работи. Пред некое време возвишуваа брак каде девојката на 12 влегла во врска, а на 15 му родила прво дете на полнолетен (неколку години разлика). Ич не е во ред и за воодушевување, мое дете не би сакала да е на местото на овие што ги спомнав. И јас сум 9 години помала од дечко ми ама и кога се запознавме бевме полнолетни (20 и 29). Сосема друго ќе беше да немав ни 18.
Луѓе, и 3 и 5 и 7 години разлика се прифатливи, за кого како. Ама не зезајте, има разлика да дејтаат лица од 20 и 25 години, и скроз друго е лице од 15 со лице од 20 год. Значи вака бројчиња можда ви проаѓа, али размислете поинаку, На 15 и 20 едниот е во основно училиште а другиот на факултет или веќе работи. Као, not normal, sorry but not sorry
Што мислите за врските со голема разлика на години (20-30+)? Моментално се наоѓам во дилема дали да се впуштам во таква врска, која најверојатно би завршила со брак, но ме плаши иднината. Се работи за 23 години разлика. Сакам да слушнам ваше мислење на оваа тема. Прилично сме затворена нација па на овој тип на врски се гледа со осуда. Но сепак сакам да ги прочитам вашите мислења и искуства, во случај да ги имате. Кои би ми помогнале при донесување на крајна одлука.
Јас не гледам ништо погрешно во ова, љубов сие љубов, бројката е само бројка. Доколку ти навистина си вљубена и се чуствуваш сигурно со таа личност односно дека би можела да го живееш животот, мислам не треба Ова да го прашуваш... Остави луѓето и трачарииите. Има парови од исти генерации па не им успеал бракот има и мн ситуации каде жена се жали бидејки не ја разбира маж и ради тоа што сеуште не е созреан... Ако тие убавооо ТЕРАААЈ... СВАДБААА ЕЕЕЕ ГОЛЕМАААА
Двајцата сте веќе возрасни, двајцата не зависите од никој, јадете свој леб. Ако немаш други проблеми земи и бегај.
Преголема разлика е. Ќе се почувствува таа разлика во врската, во смисла, ако ти сакаш да излегуваш до доцна, може нема да сака тој, или тоа веќе да му е изживеано и неинтересно. Исто така зависи каков карактер е. Обично во врските со толкави разлики се јавува љубомора од страна на постарата личност. Пример, имам другарка која е во врска со човек кој е постар од неа 15 год и тој и забранува да искача, исто така контакти со други машки, мислам на другари, и забранува. Друга најважна работа е, дали ти си подготвена за брак? Претпоставувам дека тој веќе мисли за нешто сериозно, но најважно е како се чувствуваш ти. ПС. Цело време зборев под претпоставка дека тој е постариот. Да не се повторувам, јас не би била со некој толку постар од мене.
@^BadGirl007^ Da se nadovrzam, jas imam prijatelka koja e vo brak so povozrasen covek, i brakot im super e barem za sega 3 godini se veke, da cuknam vo drvo. Sega za ljubomora i zabrani, zavisi do osobata. Ima i mladi sto se takvi,no e vo brak i normalno deka treba da se ima dogovor, razbiranje. Jas dokolku mislam deka e vistinska licnost za mene, bi bila.
Со дечко постар дванаесет години ми одеше глатко ама пресеков контакт во истиот момент кога сфатив дека е пресериозен со намерите и не отстапува од нив. Ни јас не правам компромис за и со некои мои убедувања. Периодот кога се гледав со човек кој е петнаесет години постар од мене ми е најголемата траума од љубовен живот и единствен однос кој успеа да ми ги извади на површина најдлабоките несигурности - моето големо, а кревко его не успеа да се справи со разликата во искуство. Да, по сопственото искуство избегнувам мажи со кои имам забележителна разлика во години ама не можам одлучно да тврдам дека никогаш повеќе нема да бидам со некој повозрасен од мене. Конечен суд? Никој не е правен според калап, скроз е индивидуално! Помага само искрен разговор со себе и никој друг. Дали можам, дали сакам? Доколку дилемата е само поради (о)зборувањата на околината, а мислите дека вреди - капата настрана! Впрочем, среќата на сосетката не е и ваша среќа. Е сега, колку што мислам дека не постои такво нешто како (пре)голема разлика во години доколку се работи за возрасни индивидуи, толку ми е проблематична, на пример, релацијата на средношколка од 16 г. во спојка со апсолвент. Ова веднаш ми е индикација дека нешто сериозно не штима од негова страна (истото би го помислила и во обратната ситуација). Целосно се согласувам со мислењето од претходната страница на Ajronmen. Имам познаничка која денес веќе е во брак со дете, но никогаш нема да го заборавам притисокот рано да стапи во избрзан сексуален однос кој ѝ се наметна поради страв да не го изгуби.