Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Предобро кажано :handshake:
     
  2. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Мислење за женско 26, машко 37?
     
    На Boyanna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    Ако ви е убаво, ако се разбирате и почитувате оваа разлика е идеална :l:
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Ок е разликата по мене. На тие години во принцип девојките размислуваат доста позрело од машките врсници, па постар партнер би одговарал
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. paloma97

    paloma97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Девојка 26, дечко 39 години мислење?
    Искрено, имаме ептен добра конекција. Страст. Разговор. Разбирачка. Скоро 9 месеци.
    Најмногу ме плаши како би се справила со влијанието на околината.
     
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Со кое влијание, на што мислиш поконкретно?
    На 26 години веќе не треба да ти е гајле за мислењето од околината.
    Околината стално ќе има некое мислење.
    Двајцата сте возрасни.
     
    На Anie93, ilenaki и ane.bella им се допаѓа ова.
  7. paloma97

    paloma97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Не мислев на широката околина. Гајле ми е за нив. Најмногу мислам на тесното семејство. Мислам дека никако нема да прифатат толкава разлика во години....
    А од друга страна, си викам, ќе се помират ако сум среќна
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    И јас сум во сличен проблем, колку и да не се замараме во себе пак мислиме како ќе прифати другата страна, јас , бидејќи сестра ми е мажена за 9 год постар и случајно кога разговарав со една роднина и кажав дека и јас најдов 10 год разлика, ми рече, е браво све старци донесовте дома...така да, ако ти е толку важно ќе се навикнеш на секакви ккоментари
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Твојата среќа треба да им е најбитна.
    Ако нивните предрасуди ги редат пред твојата среќа, не треба да ти е важно што мислат, па што ако се најблиски.
    Твојот живот ти ќе си го живееш, не мајка ти, татко ти.
    Ако сакаат да прифатат супер, ако не нивни проблем.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Според мене, најдобра разлика е до 5-7 години.
     
    На elimkd, Need for Speed и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  11. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.276
    Леле некултурни како имаат храброст така да кажат... страшно (facepalm) вие бидете среќни а з вакви коментари ич да не се замарате

    Идеално за мене би било 5-10.
    Завршив со врсник, не е лошо... ама ако беше постар мислам подпбро ќе беше.
     
    На Tih-ana и Осе им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јас таков "роднина" у куќа не би пуштила никогаш. По некои работи препознаваш колку му е паметот на човека. Би го изрендала ко старо сирење, кога ќе ме види рака да ми бацува. Ужас.
     
    На Nikolina35, Tih-ana, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Имам чувство дека сите пишуваат за врски во кои машкото е доста постаро од женското, но јас познавам и примери каде што жената е малку постара од мажот (некој месец до година-две) или каде што жената е некој 10 или 10+ години постара од мажот. Значи едниов пар - и двајцата се разведени и имаат деца од претходните бракови. Децата на жената се веќе возрасни, на мажот се школска возраст. Заедно се веќе подолго време и ми личат среќни заедно. Во секој случај тој е посреќен сега него ли додека беше во брак со бившата жена. Бев сведок на тоа како реагираа другите кога дознаа, не им беше јасно зошто маж кој сега не е веќе во брак, кој е слободен, кој сеуште изгледа добро и кој може да оди со која сака не избрал некоја помлада од себе или помлада од бившата жена. Правеа шеги зад негов грб и сл. Сега веќе се привикнаа сите, видоа дека они си се слагаат, ја запознаа жената, видоа дека е фина и престанаа со глупите забелешки. А да, и што е најинтересно, и неговата бивша жена е исто така во врска со доста помлад маж од неа. :)
     
    На MeowMeow, Ljubova, Abel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Стара жена, ем разведена, ем со деца, абе одма да иде да се обеси, каков брак, каков маж, па уште и помлад. Ова е размислувањето на повеќето по прашање на врски и бракови на нашиов Балкан. Затоа жените по разводот стануваат самохрани мајки, а мажите си тераат и живот и ќејфој. Еве да ја продолжам низата, и јас знам среќно семејство каде жената е постара од мажот, некои 4-5-6 години, не знам точно. Но, останува фактот дека за жената почесто се коментира во негативен контекст отколку за мажот. Без разлика на сѐ, ко да мора некоја маана да ѝ се најде на сиротата балканска жена.
     
    На Doc, MeowMeow, dea.18 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Можам од лични искуство да кажам за ова што имаш пишано.
    Јас сум од вереникот постара скоро 8 години, разведена со дете а тој никогаш не бил женет, и кога почнавме врска немаше ни деца, сега имаме заедничка ќерка од 3 години. Неговите ме прифатија нај нормално, ни дете, ни развод па ни години им сметаа ( не се од Македонија) ама затоа пак од мојава страна сите се потресоа, како така јас разведена со дете а да бидам во врска со ерген плус толку години по мал од мене, демек на почетокот можи не ама после може да почне да ми префрла, дека нема да го прифати детето, еден ден да бара помлада жена и такви некој глупости (facepalm)
    Веќе 6 години сме заедно и фала му на Бога се е супер меѓу нас. Сите се помирија ама муабетите јас никогаш нема да ги заборавам.
     
    На Bozica1980, MeowMeow, Среќа и 8 други им се допаѓа ова.
  16. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Јас сум помала 2 години од сегашниот дечко, дома ми коментираа зошто сум си нашла помал, несериозен сигурно бил. |(
    Само во Македонија уште овој прост менталитет е.
     
    На elimkd и Indiegurl им се допаѓа ова.
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Верувај, тие што се апла постари се уште полоши. Посериозни за мене биле тие што се година две поголеми од мене одколку тие што биле 10+.
     
  18. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    И тоа е стереотип. Не се согласувам да бидам искрена. Имам другарки што имаат постари дечковци 3-10+ години и имаат убави врски.
    Помал или постар, битно да ти одговара личноста. :) Над 18 години мислам дека не треба да се прави муабет воопшто за разлика во години.
     
  19. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Лол хахахахаха
    Раскажував искуство, не зборував за други личности:lol:
     
    На Gentle Man му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Несериозноста нема ама баш никаква врска со годините
     
    На Pea, Guns N` Roses и Cosmic Girl им се допаѓа ова.