Тоа да. Јас напишав што е нормално, истото што го пишаа и другите А, кој за што е заинтересиран, тоа е негово право. Полнолетен како полнолетен треба да е свесен какви се законите и не смее да се согласи да има врска со малолетничка, а камоли да има интимен однос со малолетничка. Сепак, кој што сака, нека сака. Годините се само бројка, затворот е само соба.
Дека не е во ред врска на малолетничка со полнолетен не е ама то не значи дека нема врски (возрасни луѓе) шо се разлика поќе години и шо функционираат супер. Ти ако земиш да ја читаш членкава погоре, ќе ти извади уште една формула шо "нема" да ти одговара. Нема потреба од формули, бројки, години. Ако сте малолетни слушајте си ги родителите ако не срцето и мозокот. Simple as that.
Не знам за другите,, ама јас би сакала помеѓу нас поголема разлика во години. Макар и до 10. Секој со свој вкус и свое мислење.
Нема да се чудам ако извадиш и формула за тоа дали некој можи да ти биди пријател врз основа на годините. Нема поента, не знам како да ти кажам.. На интернет се и сешто се наоѓа.
Па на нет најдов тоа Уффф таман помислив дека математичар ќе станам, сега се издадов од кај најдов формула...
Епа ај и јас ќе ти смислам некоја формула па шерни ја тука, барем ќе ми направиш услуга, ќе се збогатам со прегледи
Јас би додала во потцртаното и независни. Познаничка од 16 год. во врска со 20год. дечко, посакуваше на 18-19 да се мажи за него бебе да родела дека соученичка од второ полугодие 4та се верила и при крајот на нејзината 18та родила бебе и оваа превозбудена колку е тоа се убаво и слатко. Запиша факултет дечково 4год. постар замина во странство да заработи таа мислеше ќе заврши со настава на факултет 21-22 овој пуна капа пари и се зимаат. Заглави со факултет тој по една раб.сезона се врати од странство не заработи премногу раскинаа таа се омажи со 10-15год. повозрасен момак по месец-два познанство-врска како и да е и се верија и како другарка и одма роди. Е сега стигаме до она: Разговарав многу со неа, ја прашував зошто не сака да дипломира се вработи па потоа види со кој како се гледа, осеќа, со кој сака да создаде фамилија ми рече мајка и така и велела побрзо да се омажи имале уште една сестра за мажачка бла-бла и дека и се раѓало бебе, кај другарка и гледала колку е слатко. Девојка на 16-17-18 години не е да и се замериш вака што мисли незрела е, ама и те како е да им се замери на тие 'возрасни' родители што така од дома ги учат и поттикнуваат. И да не не битна разликата на год. до толку на поодминати год. но и те како во голема мерка е чист интерес. Еве некоја како мене во средни 30ти да ми каже се мажам со прилично постар маж, а ја знам кариерно реализирана, независна исто како тој, воопшто не би се зачудила. Иако не ја поддржувам тоа огромна разлика во год. ама ај тој и таа кариерно реализирани, независни се, некако би замижала за ваква разлика. Ама едниот од нив извинете вака што ќе пишам голтар/ка и зима поимашен партнер па очигледно е се. Муабетот ми е како за малолетници што е злоупотреба од очигледни причини исто е злоупотреба кога е во рани 20ти а влегува во брак со многу постар зошто од дома и рекле така е исправно и исто таква злоупотреба е и ваквата практика кога има голем дисбаланс меѓу партнерите во годините, нивната фин. независност, а се двајцата во повозрасни години. И тоа е еден начин на злоупотреба, задни интереси и намери се во игра иако ете има согласност. Еве и понзнаничкава дала согласност, не е секогаш само до согласноста, кога од авион е очигледна злоупотреба од едната кон другата страна.
До 3-4г разлика е океј, според мене. Сето погоре на улица ќе изгледаат како татко и ќерка. Пр. таа 20 тој накај 30.
Ова е основа за груминг. Грешка. Ова е груминг. Точно е дека некогаш особата ќе е полнолетна, ама претходно била малолетна кога се почнало и то има огромно влијание за каква ќе е личноста после како возрасна. И кога си постар со некој помал, колку и да е малиот зрел е подложен на манипулација. Зато и искуствата на младите се со млади. Чим си возрасен, се смета дека си научил да се штитиш, психофизички развој е при крај, искуствата се различни. Нека ти текни на проблемите како тинејџер, кога имаш излив на емоции и сензитивност, и покасно, кога почнуваш да се „стабилизираш“. Не е исто. Ако та на 16 сакала вака, и на 18 и на 20 то ќе го сака. Зошто е ''groomed''. И то е целата поента на груминг. Груминг, кај нас, не е нелегален. Педофилијата е. Груминг не е. Ама не значи дека груминг не е опасен зошто се меша во развојот на децата и покасно „продуктот“ шо ќе го добиеме кога тие се возрасни. За другиот дел шо го пиша, не ми е гајле. Не ми е гајле зошто некој одбира да е со некој друг се дур двете страни се океј и согласни со то и нема присила и насилство. Криво ми е ако некоја гледа да се мажи само за од дома да излези макар возрасна, пошто никој од добро не бега. Ама ако се возрасни индивидуи со ангажман шо одговара на двете страни, каков и да е тој ангажман - таму нека му е. Во тема разлика во години едино ме интересира аспектот на груминг и како да се намали максимално зошто е страшно нормализиран на наши простори, и лично, но и од аспект на психофизички развој е далеку од идаелен, па дури и би аргументирала дека е штетен. За делот независни би сакала да се согласам ама не можам. Често возрасни се во долгови, заглавени на факултет, со пола работно време оти не смеат цело. И то не се рачуна за независно. Нема да чекат до 25-30 за да влезат во сексуални односи. За брак - да. Ама барем во делот шо ме цитира, јас не зборам за брак, иако се ова можи евентуално да заврши во брак. Брак е друга приказна која не сметам дека е најсоодветно место да коментирам тука.
Ти пишуваш од аспект на груминг, јас пишувам од аспект на злоупотребите што се прават кога се стапува во заедништво, независно врска или брак и на 16 со постар и на 20 со постар и на 30ти со постар, јас сум си баш на темата, баш оној дел што не ти е гајле е всушност поентата на оваа тема разлика во години и зошто се впуштаат да ја создадат таа разлика воопшто. Мене не дека не ми е гајле за дискутирањето за грумингот ама имав и јас или и други отворено тема баш за тоа, замре. Имаш примери на 20 со прв дечко се мажи, не дозавршила факултет или е бремена веќе на студии па се земаат, а тој е па едно минимум 10год. постар од неа. Друго за независнот воопшто не е темата, па мешање кредити, да долгови па пола раб. време зошто тој што не е мрза и сака да заработува ќе остави простор за независност барем таква која ќе му даде стартна можност на 25-30 еве биле да си земе слична по интереси, гледишта и возраст и пред се и психо-физички развој партнерка. Сигурно нема на 25год. да бара исклучиво од 40 нагоре партнер/ка. Ама ајде да не одиме со други теми на конкретнава убаво и јасно е дефинирана каква е.
But honey, то ми е ставот по темата. Се дур нема жртви, насилство и присила, стварно, стварно не ме интересира кој шо прај. И ова ми е став на многу теми. Значи не е „дЕлОт Шо Не Ти Е гАјЛе“ ко да одбивам да го зборам. Ставот ми е дека не ми е гајле. Некој е со 20 години постар оти е богат, друг оти го пали, трет оти го сака. И се дур другата страна е согласна и океј со то - нема да ми е гајле. Зато и коментирам за аспектот шо сметам дека е важен и друго не коментирам. Ти вратив само оти ме цитира, зато и претходни мислења во тој контекст ми се и то е прво кај шо кажвам дека ова не ме интересира. Оти директно бев цитирана. Уз пат искористив шанса да кажам дека ако некој се мажи за богат само оти е богат, извини - не ми е гајле. Дали можам да зборам зошто независност е добра за брак? Зошто се важни да се исполнат некои параметри пред брак? Можам. Само не мислам дека им е место тука. Ако ти мислиш дека му е. Коментирај. Оти да не. Да беше тема имотен вс неимотен можи ќе пишев нешто друго. Оти имотниот не мора да е 307344307 години постар. Па веројатно ќе филозофирав обидувајќи се да стигнам до некој објективен морал кај шо нема жртви. Иако суштината е ... стварно не ме засега некој рандом пар согласен на то шо прај. Sad.
But honey, no money no honey типот на понашање многу не засега сите како жени, зошто утре секој гледајќи како некои се 'продаваат' ќе сметаат така е исправно (и мажи ќе мислат така е ок, а и жени). Ама ете јас што знам, нели да научам да не ми е гајле, аме еве не ми оди тоа. Темава до бескрај може да се тегне. чисто да си ги измериме, муабетите Мразам да се повторувам за груминг имаш многу други теми, и да и тоа како и моево погоре напишано е поврзано и со оваа тема, ама конкретно за груминг имаш баш соодветни и наменски теми само за тоа. И тебе колку сакаш може да ти е гајле или не за другиот дел во моето мислење кој првично и не го пишував ти да се тригираш туку и одговорив на членката со тој дел дека многу од родителите влијаат кога поддржуваат вакви појави со големи разлики во години или пак поддржуваат да им зависат од нив младите за пари, како а моево за 200 евра не работи јас му давам за кафе 100к. Па после така гледани од дома младиве летаат во рацете на кхм постари де, не дека тие се многу поимашно од нив воглавно Па имаш и присилни бракови, врагови, со стројници, чуда што ли не, ај да не ја тегнам тука. А за твојот коментар независност honey и те како ти фали, да си го дополниш. Ете и јас си го кажав. Имај убав и пријатен ден