Нема ништо дрско туку е реално, ти велам треба да дополниш дека и независноста е многу важен фактор. Нели ми пиша да коментирам за независност оти да не, сега не чини, дрско е.
Дрско е ко ќе имплицираш некој да смени нешто свое кога не е основано. Пошто и натаму сметам дека за секс не треба независност ( за то е оргинално мислење, втор пат објаснувам). И пак нагласвам дека е за секс оти то некако го занемарваш. И стојам зад то дека можиш да си коментираш за кој сакаш аспект на темата, исто ко и јас колку и да го оспорваш со секое наредно мислење.
Се согласувам дека има еден куп шо од дома им викаат да се мажат. Било која и да е причината (најчесто материјална) не е во ред. Јас во главно пишав за нормални околности зошто знаеме дека во лудите години се ни паѓало на памет. Родителите, блиските се тие кои најчесто не враќаат на правиот пат. За жал има и исклучоци и тоа е длабока тема.
Исто дрско е и на коментар кој првично на ниеден начин не е поврзан со твое мислење да му ја минимизираш значајноста, ќе го дискредитираме како не ми е гајле, а основата зошто огромен број врски еве и за секс само да пишеме кога имаат голема возрасна разлика се обавуваат баш од финансиски и други побуди, главно базирани од интерес. Студентка-професор, колешка-шеф, исто студент-професорка, колега-директорка, значи не пишам на памет низ студирање и на работа и јас и барем секој втора од нас биле сведоци на нешто вакво со нивни познаници. На една колешка само и пререков зошто се матка со професорот за една мо*ана 6ка, занеш што ми рече епа што ти љубоморна да не си ми што му го привлекувам вниманието И да нели нема присила, само чист интерес е тоа се' и нема потреба да ни е гајле, ама кога ќе не удри од глава и по нас, тогаш критикуваме, гласно осудувама, како е можно тоа? Епа еве како кога се случувало не не засегало зошто немало повредени страни нели, ама со молчењето го прифаќаме како ете некоја можна да постои појава. За грумингот сме гласни и треба да е така, ама за ова, ех ај ќе прогледуваме низ прсти,, возрасни се де, нема повредени, а тоа што се поттикнувани на такво однесување или општо прифатено е дека така се оди по полесниот пат што дека. Толку од мене на овие теми, секој може да си го пише и каже своето и да е оквалификуван и како најдрзок и најнедрзок во изразување, пишење, оспорување whatever како што си пишала така да that's all folks.
@Idedemja значи велиш дека е исто некоја да се венча со некој за пари или поимотен, и некоја да оди за оценка шо е вид на „корупција“? Не знам колку спаѓа под то ама неслучајно и законски се различни. Ни на еден момент не ти реков дека не смејш да пишиш нешто, дур ти ми бараше други теми каде ЈАС да пишам. Ц е л о време. И не е дрско да кажам дека мојот став за нешто е дека не ми е гајле. Не е минимизирање. Мојот став е да се тргнам настрана. Не ти додавам зборови в уста, како ти мене. Не ти менувам мислење, како ти мене. Само кажав мој став кој не беше еднаков на твојот. Ама ако сакаш да ги збораме овие ситуации, ајде ќе ги збораме. Професор- ученик, шеф- вработен и слично, се ситуации каде се искориства моќ на работна позиција за да се добие во случајот врска, секс, а другата страна добива нефер предност пред другите колеги. Многу поразлично од рандом пар. Ако богатиот чичко шо ќе го венча некоја му носи нефер предност, не придобивки, пред други колеги е проблематично зошто се работи за непотизам и корупција. Ако не му носи, богатиот чичко е свесен зошто младата секси женска е со него. Не му смета. Ако не е свесен и мисли дека го сака? Не е фер зошто ќе излези повреден од ситуацијата, односно влегвање со башка очекувања. Кога има проблем во ситуацијава, мислам врска богат чичко и млада женска? Кога младава женска нема кај да пребега ако богатиов чичко е насилен. На пример де. Пошто не е независна. И го напишав ова иако го игнорираш, за брак независност е многу важна зошто при насилство - не можиш да се одделиш. Немаш слобода на финансии. И општо во брак постои „моќ“. И како таа моќ се балансира меѓу партнери. Ако има дисбаланс, то лошо влијае на партнерот шо е во т.н. „down“ позиција. И знам дека со ова ќе се согласиш пошто збораш за важност на независност, и ти реков, се согласувам кога се работи за брак, ама моето мислење не е за брак. Зошто цело то мислење беше раскажвање „шо сакал авторот да кажи“ т.е. кажвав шо сакав јас да кажам со претходното. За врска не можиш да си целосно независен. Пример имаш врски на врсници кои почнале на 15. Sure as hell не биле независни децата, ама еве 7 години покасно уште се заедно и се независни и имат амбиција за работа и живот заедно и зато во теми за љубовни проблеми кога се работи за врска на млад пар не гледаме колку се независни сега, туку колку имаат амбиција да бидат независни за да знајме дали да советуваме да трошат време или не. И сега се враќаме најдолу на листава. Секс. Малолетници влегуваат во сексуални односи. Имаат нагон благодарение на виулица од хормони. И малолетници не се независни ( види примерот за 15 годишни врсници погоре, п.с. преблиски пријатели мои). Нив не им треба независност за да стапат во врска или сексуален однос. Врсници се. Согласни се. Не се независни. Искуствата му се со врсници, не со постари чичковци и тетки. Кога ова ситуација ќе беше проблематична? Ако искуствата не му беа со врсници, и од таму, зошто пишиме на темава. Поентата на ова мислење ми е, ми спомнуваш ситуации кои јас не сметам дека треба да ги коментирам тука ради аспектот од кој ги гледам, и еве, параграфот погоре е како ги гледам. Исто така не можам да гледам црно- бело на некои работи, како „независност“ пошто многу зависи од контекст за овој случај. Пак ќе ти речам, ако ти мислиш дека треба, коментирај си. Али излезе нешто позитивно и од ова. Пишејќи горен параграф ми текна неколку теми шо сакав да ги отворам и природно, заборајв. Време е за нив.
Градење на врска, емоционална, со доверба со крајна цел да искористиш, манипулираш и оформиш некој по твој терк. Можи да биди и со возрасни, али во контекст на темава се користи за врски на возрасни со малолетници.
@WildMk поќе ја имам читано со закони нека пиши ако знај, ама не. До одредена возраст било лошо (14-6) после било „океј“.
Според законот наш кој е и малце за нигде, според мене иако не сум правник само обичен смртник. Пишува дека ако имаш секс со малолетник под 16 години (а негде пишува и 14) , законот ќе те секса после то. Јас личност до кај 19 години се учев лева-десна да редам со топка на улица иако гледав некои плејбој списанија... малце чудно ми е ова, ама остај сеа други времиња се.
И јас вака знам, ама неќам да кажам со сигурност оти не ми е проверена информација сега скоро. Како и дае, 16 е дете шо е 2 година средно at best.
Ова е ужас, 14 години се ништо бе, позелен не можеш да си. Ама, каков и да е законот, реалноста е дека многу случаи има на врски со малолетници, што значи сѐ е во рацете на родителите (би требало и на школото, ама како тргнало…), ова е во секој случај трагично.
Ај да пишам и јас, бидејќи гледам има многу предрасуди хаха. Јас сум во врска со помлад од мене, разлика сме 6 години, и сметам дека тој е позрел од мене во некои аспекти. Таков си беше уште кога се запознавме, така и си остана. На почетокот си мислев дека нема да најдеме заеднички теми за зборување на подолги стази, но до сега не сум била толку опуштена со никој. Единствено нешто за што не му се разговара е политика, ама затоа јас тука си се изпукувам . Не гледајте кој колку години е постар, сите сме различни. Барајте си некој спрема вас, можеби вие не сте толку зрели колку што мислите Едит: Не требаше многу време. Машки не ми пишувајте, во сериозна врска сум - си го губите времето.
Обично во пракса скоро секогаш е обратно во врска со зрелоста во ваква ситуација, но тоа не значи дека е невозможно.