Сакам да прашам дали е во ред да се има една година помлад дечко? Сите што ги познавам имаат или поголем или на иста возраст.Не сум баш сигурна,а инаку го сакам многу..........
Да. Сум била со врсник, со помлад, постар, моментално сум со помлад и тоа не една година. Немаат врска годините ако со некој добро ви оди.
Јас имам 15 години и има еден што мајка му ми го местеше, 26 години има... Го блокирав уште тогаш, мајка му ми кажува дека сум го блокирала и не можел да ми пише, јас ѝ реков дека не го блокирав за да не се навреди бидејќи се пријателки со мајка ми... Жената ми вели Инстаграм да му дадам тогаш, Вибер да му дадам... Пријатели сакала жената да бидеме... Дали се нормални луѓево???? Што има јас на него да му бидам пријателка??????
Јас со 15 години поголема сум одел, па никому ништо. Никој не ја гледаше чудно или оговараше. Навикнете се. Дојде времето обратно да биде.
Подобро кажи и на мајка ти каква е ситуацијата. 11 год не се мала разлика а и ти имаш само 15 год. Не ти треба тој девојче паметно што си блокирала и не давај ни вибер ни инста ни ништо
Сакав да ѝ кажам на мајка ми, но страв ми е да не си го расипат пријателството, повеќе од 20 години се пријателки и ако ѝ го кажам ова да не избие скандал... Сепак ништо нема да се реши макар и да ѝ кажам. Со тој човекот секако дека нема пријателство да прифатам, не пак врска. Ако имаат 2 грама мозок нема што да ми додеваат мене, што ќе ми е дечко мене сега... Нека му мести некоја близу негова возраст. Тој може чичко да ми биде Тој сака да се жени, јас што, ќе му се жалам за двојката по математика ли Немам двојка, онака за пример земав
Те разбирам потполно, очигледно е некој СМОТЛЕ штом мајка му му мести девојка . Иначе низ шала смеа дај и до знаење дека не сакаш дечко сега нека бара др девојка
Требала да си кажеш на мајка му дека е лудача во лице и дека син и не го бива за к*р ако она си бара снашка за себе, а не он за неа.
Јас никогаш не сум била во врска со помали од мене мислам нема ни да бидам, едноставно не сум тој тип.
Значи слободно кажи и на жената дека син и е стар и дека ти се дружиш со луѓе кои се твое годиште. И нема да те замара веќе.
Кажи и на мајка ти. Не е нормално ниту мама да му бара девојка, ниту разликата е нормална. За да не те замара, а и да биде запознаена со ситуацијата, кажи и на мајка ти, па она нека поразговара со жената.
Кажи на мајка ти. Работата е, ако некоја е моја пријателка, нема да помисли на мојата 15 годишна ќерка да мести некој кој е толку постар од неа. Макар то било нејзин син. Ти си средно. Тој на 26 не само шо не е средно, туку има и факултет завршено и работа најдено. То се скроз различни животни фази. На твои години ти си имаш едни потреби, на 26 тој има други потреби. И ако возрасна жена не можи то да го сфати, кажи на мајка ти и заштити се. И да го преќинат пријателството, не си ти виновна за то. Никогаш нема да бидиш. Туку ќе биди одлука која мајка ти ќе ја донеси за да те заштити. ♥